заминуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Jul 2020 08:03:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заминуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ако Тамара Михајловска во изборниот спот им ја плесна суровата реалност в лице, па збеснаа, Слаткар вистината им ја плесна во песна: Во „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ako-tamara-mihajlovska-vo-izborniot-spot-im-ja-plesna-surovata-realnost-v-lice-pa-zbesnaa-slatkar-vistinata-im-ja-plesna-vo-pesna-vo-raspukala-shar-planina-go-opea-egzodusot-na-makedonskata-mladina-vi/ Thu, 02 Jul 2020 07:53:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156688

Фамозниот видеоспот од изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во кој е содржана суровата вистина за заминувањето на младите од Македонија во еден правец,  социјал-демократите ги соочи со поразителната вистина од нивното владеење, па цунамито безмилосни напади, невкусни коментари, сурови лични навреди, дрски омаловажувања, тргна… Кави не зборови од богатиот арсенал на приземниот вокабулар на политичките неистомисленици ќе се урне врз плеќите на протагонистите во изборниот рекламен видеоспот, во кој најголемиот број од „отровните пикантерии“ беа фокусирани на главниот лик – младата девојка која разочарана од „безнадежноста и животот во земја на дното“, сака да ја напушта својата татковина… засекогаш! https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-mihajlovska-devojkata-od-izbornata-reklama-za-koja-se-krena-golema-galama-spotot-gi-pogodi-a-reakciite-se-nivna-nemokj-da-se-odbranat-od-svojot-neuspeh-za-seto-toa-shto-vetile-za-mladite-a-nish/ Откако Тамара Михајловска им ја плесна суровата вистина в лице, политичките неистомисленици преку нивните платени мегафони во „невладините режимски“ медиуми и послушните полтрони - дежурни лајачи на социјалните мрежи се обидоа да ја распнат. И опозиционата партија и нивната документарно-уметничка реторика во инкриминираното изборно видео, но најмногу младата девојка која така сликовито и реално си ја одигра својата улога, што соочувајќи ги со дното на кое го доведоа младиот човек во земјава, власта и оние околу неа ги фрли во очај. Лавина злоба, сексизам и национализам и реки омраза потекоа на социјалните мрежи, обидувајќи се да ги извртат тезите за да ја минимизираат сопствената мизерија во која ја доведоа токму онаа најработноспособната, најкреативната, најинвентивната, најпрогресивната... категорија на граѓани во Македонија - младите. Откако се потрошија расфрлајќи се со гнасотии и „легнаа на брашното“, следува нова шлаканица на истата тема. Овој пат од човек кој не е политичар, не е член на партија, не е кандидат на ниту една листа освен на онаа која ја составува народот, а на неа гласаат неговите обожаватели и конзументи на неговите песни - музичката Топ листа. И тој и тие се токму од онаа истата категорија која  власта ја испрати да си купи билет за пат во еден правец... За излез од Македонија. Токму тој, Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика, во својата најнова песна „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина! Низ стихови што параат душа, им ја стави пред нос македонската слика и прилика за злосторот што им го направија на младите ќерки и синови на оваа земја. Уплашени, понижени, изгубени во бесперпективност, со можност за само еден избор - правец било каде, само не овде... НЕ дома, каде што се најпотребни, НЕ на родното огниште каде што се најсакани, Не на своето каде што најмногу припаѓаат... Туку, некаде надвор по белиот свет, каде пристојно ќе живеат, но својата родна грутка никогаш нема да ја прежалат! И ако младата политичка активистка Тамара Михајловска во изборниот спот им ја плесна суровата реалност в лице, па збеснаа, Слаткар вистината им ја плесна во песна. Користејќи го мотивот од старата македонска народна песна „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина. Присилена да мигрира од политичко-економски мотиви, од нефункционирањето на системот, обезличеноста, изопаченоста, полтронството, неправдата, корупцијата, криминалот, неморалот, урнатите вредности... и останатите гадости во кои Македонија се дави! И бидејќи власта и оние што ја преферираат и поддржуваат, вистината ги погаѓа и толку многу ги боли, што од неа дури и кожата им се ежи,  дали сега и Слаткар како и Тамара ќе се обидат да го распнат на социјалните мрежи? https://www.youtube.com/watch?v=UMQ9wjbF2wg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2CSQn9oFLb5A3tDnjxBcEe68zDbGcmSgo68S8OJ4Ui1_WewZNzgOs-RIM&app=desktop        ]]>

Луѓето што навреме си заминуваат од работа се посреќни и поздрави https://arhiva.vistina.com.mk/lugjeto-shto-navreme-si-zaminuvaat-od-rabota-se-posrekjni-i-pozdravi/ Thu, 13 Feb 2020 13:32:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134100

Според многу истражувања, апсолутно нема никаква корист од прекувремената работа бидејќи таа штети не само на работата што ја работите туку и на вашиот друштвен живот, менталната состојба и воопшто здравјето. Можеби не ви се чини така, но верувајте, луѓето што навреме си одат од работа се посреќни и поздрави. Прекувремените работни часови не се продуктивни Истражувањата покажаа дека по одреден период, работењето повеќе часови на работа има исти резултати – секој дополнителен час поминат во канцеларијата е помалку продуктивен од претходниот и дури предизвикува назадување. Затоа многу компании ја мерат продуктивноста според резултатите наместо часовите и не се грижат ако работите помалку часа сè додека си ја завршувате работата. Ќе бидете поздрави Прекувремените работни часови резултираат со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, замор, ниско ниво на енергија и лошо здравје. Истражување спроведено на 3 континенти откри дека луѓето што работат над 55 часа неделно имаат 33 отсто поголем ризик од мозочен удар во споредба со луѓето што работат под 40 часа неделно. Исто така, во истражувањето се вели дека вработените што работат премногу имаат 13 отсто поголем ризик од срцеви заболувања. Повеќе работи ќе завршите во текот на денот Ако се навикнете на идејата дека треба да ги завршите сите задачи до 17 часот, тогаш ќе сфатите дека немате многу време и тоа е одлично. Избегнувајте долги паузи за кафе или непотребни разговори со колегите, па така подобро ќе управувате со времето. Луѓето што го практикуваат овој распоред на работа споделуваат дека од работа си заминуваат чувствувајќи се добро за тоа колку им бил продуктивен денот. Поставете граници Поставувањето граници и давање до знаење на колегите дека си заминувате навреме, дури и ако колегите сакаат да останат подоцна, поставува правилна атмосфера во канцеларијата. Често луѓето не си одат навреме бидејќи не сакаат да бидат „црната овца“ и не сакаат да изгледа дека не се доволно посветени. Важно е да разберете дека онаму каде што работата завршува, почнува вашиот живот. Ќе уживате во дополнителното слободно време Можеби никогаш нема да почувствувате напор кога сте на работното место ако си ја сакате работата, но кога ќе си дадете дозвола навреме да си заминете, ќе се чувствувате добро знаејќи дека имате дополнително време за себе. Можете да го поминете со семејството и пријателите, играјќи спорт, шетајќи го кучето и посветувајќи време на вашето хоби. Овие активности ги надополнуваат вашите резерви на енергија. Извор: Brightside.me Фото: Pixabay ]]>

Најголеми кукавици се луѓето кои си заминуваат без збор https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemi-kukavici-se-lugjeto-koi-si-zaminuvaat-bez-zbor/ Tue, 23 Apr 2019 13:35:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=84620

„Здраво“ и „Чао“ се меѓу првите зборови кои ги учиме и луѓето секогаш запомнуваат да ти кажат „Здраво“ кога влегуваат во твојот живот, но некако сѐ почесто забораваат да кажат „Чао“. Дали знаете што се случува кога некој ќе си замине од твојот живот без да се поздрави? Ако некогаш ви се случило ова, сигурно го знаете чувството. Кога некој едноставно ќе исчезне од вашиот живот, тоа дефинитивно те крши. Заминувањето и не е толку болно колку сознанието дека некој не сака да биде со тебе и дека воопшто не се грижи ни да ти каже во што е проблемот. И потоа те остава само така за ти да си ја лупаш главата и да се преиспитуваш околу тоа што си згрешила. Кога ќе влезат во твојот живот, луѓето се многу фини и имаш чувство дека засекогаш ќе останат во твојот живот. И тогаш, одеднаш, си заминуваат без збор. Исчезнуваат. Како најголеми кукавици. Луѓето кои исчезнуваат без збор се најголемите кукавици на светот. Кога ќе се случи ова, не може, а да не се запрашаш каде си згрешила? И не само тоа, кога некој ќе исчезне, дури и кога си свесна дека нема да се појави, сепак некако се надеваш дека ќе добиеш некаков вид објаснување, дека некако ќе ги расчистите и разјасните работите за да можеш мирно да ставиш точка. Тоа речиси никогаш не се случува, а ти остануваш со милион прашалници над главата, без да имаш можност да добиеш одговори. Најчесто таа надеж прави да си велиме: „А што ако се врати?“ И, што ако се врати? Оваа приказна завршила одамна, без оглед на тоа дали си добила збогум или не. За него тоа е завршена приказна, но ти самата си ја развлекуваш болката и не си даваш шанса да продолжиш понатаму. Да, тоа што се случило е грдо и боли и те оставило полна со несигурности и дефинитивно не си заслужила таков крај, но не можеш да го промениш тоа. Ако имал храброст да ти каже „Здраво“, требало да има храброст да ти каже и „Чао“. Храброста не е да скокнеш од карпа, храброст е кога ќе ја погледнеш личноста која некогаш си ја сакал и отворено ќе ги соопштиш твоите чувства. Храброст е да кажеш дека си заминуваш и да објасниш зошто е тоа така. Не праќаш мешани сигнали, нема оставање пораки кои поттикнуваат „Што ако“ муабети и дополнителна лажна надеж. Собираш храброст, се збогуваш и ставаш пристојна точка на приказната. Сѐ друго е кукавичлук. Кога некој е кукавица, кога си заминува без збор, бидете поголема личност. Наместо да се плашите да продолжите понатаму и вие да се нервирате, самите ставете ја точката. Наместо да чекате, прифатете дека е готово. Бидете храбри и немојте повеќе да ги чекате. Тоа е најдобрата одмазда и најдобрата работа која можете да ја направите за самите себе. извор: Курир.мк]]>