замина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 10 Jan 2024 08:46:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png замина – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Анастасија Ражнатовиќ се огласи по повредата на Гудељ: Сама и без шминка веднаш ги спакува куферите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/anastasija-razhnatovik-se-oglasi-po-povredata-na-gudel-sama-i-bez-shminka-vednash-gi-spakuva-kuferite-foto/ Wed, 10 Jan 2024 08:46:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334315

Ќерката на Цеца се огласи преку Инстаграм само неколку часа откако како бомба одекна веста дека Немања Гудељ ќе се оперира. Српскиот фудбалски репрезентативец Немања Гудељ е тешко повреден и треба да биде опериран во наредните денови. Оваа вест привлече огромно внимание и ги загрижи фудбалските фанови, а многумина се запрашаа што прави неговата сопруга Анастасија Ражнатовиќ. Ќерката на Цеца сега се огласи на Инстаграм и откри каде се наоѓа во моментот. Таа преку „story“ објави видео од железничката станица, и куферите и покажа дека заминува. После тоа сподели и фотографија од книгата која деновиве ја чита. Сепак, сега засега не се знае каде отшла. Фото: Принтскрин/Instagram/raznatovicanastasija]]>

Една водителка од своето „Ами Џи шоу“ ќари, а другата му замина од емисијата: Огњен Амиџиќ се најде во ситуација „фати – пушти“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/edna-voditelka-od-svoeto-ami-dhi-shou-kari-a-drugata-mu-zamina-od-emisijata-ognen-amidhik-se-najde-vo-situatsija-fati-pushti-foto/ Tue, 11 Apr 2023 10:50:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297719

Тијана Стоисављевиќ, водителка на „Ами  Џи шоу“, им најави на Огњен Амиџиќ и на останатите членови на екипата дека наскоро ќе го напушти шоуто. Иако на почетокот сите беа изненадени од нејзината одлука, кога ја слушнаа вистинската причина се израдуваа. Имено, Тијана е бремена во петтиот месец, а таа и нејзиниот сопруг, поранешниот фудбалер Михајло Милутиновиќ чекаат принова. Тијана вешто ја криеше бременоста и цело време работеше напорно. Сепак, сега е време малку да се одмори и да го дочека породувањето кое е планирано за август. „Вистината е дека сум во блажена состојба. Се оди според планот, без никакви проблеми. Потполно сум смирена и опуштена, па работев сите овие месеци без никаков напор“ – изјави водителката. Инаку, Тијана носи мало девојче, што посебно го израдувало нејзиниот сопруг Михајло.   Да потсетиме, неодамна како бомба одекна веста дека водителот Огњен Амиџиќ повторно е вљубен. Овој пат во својата колешка Мина Наумовиќ, атрактивна речиси 20 години помлада од него бринета, која се појавува во  „Ami G ​​Show“ како дел од сегментот: „Внимавај, Мина“. Фото: Инстаграм принтскрин/ognjenamidzic/tijana.stoisavljevic/callmenaumi]]>

Шакира ги спакува куферите и заедно со синовите замина од Шпанија (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shakira-gi-spakuva-kuferite-i-zaedno-so-sinovite-zamina-od-shpanija-foto/ Mon, 03 Apr 2023 11:32:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296378

Шакира и нејзините два сина Саша и Милан вчера ја напуштија Шпанија. Пејачката синоќа беше видена на аеродромот во Барселона со своите деца, а потоа се огласи на Инстаграм каде им се заблагодари на Шпанците за поддршката во изминатите години.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Shakira (@shakira)

„Се населив во Барселона за да им дадам стабилност на моите деца, истата онаа што сега ја бараме во некој друг агол на светот покрај семејството, пријателите и морето. Денес започнуваме ново поглавје во потрагата по нивната среќа. Ви благодариме на сите што сурфаа на толку многу бранови со мене во Барселона, градот во кој научив дека пријателството е недвосмислено подолго од љубовта. Им благодарам на сите што ме охрабруваа, ми ги бришеа солзите, ме инспирираа и ме охрабрија да пораснам“, тој вели. „Благодарам на мојата шпанска публика која секогаш ме покриваше со својата љубов и лојалност. Се гледаме повторно и како што татко ми толку пати рече, се гледаме на кривините“, напиша Шакира. Фото: Принтскрин/Профимедиа/Инстаграм]]>

Ведрана Ѓорѓевиќ повеќе не е дел од „Голден карпет“: Водителката си замина, Миро Кацаров најавува нов концепт – манекенки, пејачки, спортистки, инфлуенсерки… во улога на водителки (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vedrana-gorgevik-poveke-ne-e-del-od-golden-karpet-voditelkata-si-zamina-miro-katsarov-najavuva-nov-kontsept-manekenki-pejachki-sportistki-influenserki-vo-uloga-na-voditelki-foto/ Tue, 31 Jan 2023 08:33:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286532

Она што беше најавено, се случи... Атрактивната Ведрана Ѓорѓевиќ повеќе не е водителка на естрадниот магазин „Голден Карпет“ кој се емитува на Канал 5 телевизија. Водителката си заминала од емисијата поради оправдани причини, е офицалното соопштение на организаторите организаторите. Неофицијално, висината на нејзиниот хонорар почнала да станува проблем, откако во оваа држава спонзорите кои и онака се доволно „исцицани“ од политиката, се помалку се заинтересирани за инвестирање во забавата! Од друга страна информациите говорат дека иако заминува, Ведрана Ѓорѓевиќ брзо ќе се врати на ТВ екраните. Или барем во медиумскиот бизнис, зашто како што наголемо се зборува во естрадно-медиумските кулоари, еден голем мобилен оператор од соседството кој веќе е влезен во Македонија и нуди телекомуникациски и интернет услуги, а наскоро отвора и своја телевизија, па Ведрана ќе биде едно од првите ТВ лица во тој нов голем  проект!? Во меѓувреме, таа во една своја изјава вака го искоментира своето заминување од „златнот тепих“: “Дел бев од “G-Carpet” додека траеше договорот на моите спонзори, а тоа е крајот на јануари. Ако имате такви сознанија од неофицијални извори, верувам дека ви било кажано зошто нема да соработуваме повеќе. Не станува збор за некакво недоразбирање со Миро, не знам од каде сето тоа, тоа се само шпекулации. Што се однесува за стартување на нов тв проект, секако тоа не е исклучено, но за сето тоа ќе Ве известам кога ќе дојде време за тоа. Сега главниот фокус ми е снимање на реклами, имам и сопствена продукција и постпродукција va_dventure е нашиот официјален профил на Инстаграм кога можете посетете го истиот и видете со што се занимавам“ – ќе потврди убавата водителка. Во меѓувреме посилната половина од водителското дуо и авторот на проектот, Миро Кацаров не седеше со скрстени раце, но не се ни обиде да и најде постојана замена на Ведрана, туку пристапи кон еден друг концепт. Имено, манекенки, пејачки, спортистки, инфлуенсерки.... во иднина ќе бидат  во улога на водителки н „Голден Карпет“! Со нов концепт кој гледачите за прв пат ќе имаат можност да го видат и искусат во Македонија во февруари стартува еден поинаков „Голден Карпет” на Канал 5 телевизија. Концепт кој како што вели организаторот, гарантира забава со најпознатите јавни личности од регионот. По разделбата со Ведрана која го напушта магазиниот, „Голден Карпет“ продолжува со нов уникатен концепт на овие простори - во секоја емисија со нова водителка. „Секоја недела ќе ги замениме улогите со една јавна личност од понежниот пол која ќе ја добие можноста да биде од другата страна на микрофонот и да се испроба во водителскиот свет. Токму затоа секоја недела на Канал 5 телевизија во „Голден Карпет“ заедно со Миро прашањата ќе ги поставува позната личност од македонскиот шоу- бизнис и модниот свет“ - порачуваат од тимот на Кацаров. Оттука се наметнува сомнежот дека сепак гласините за „секнувањето на чешмата“ кога е приливот на спонзорите во прашање е можеби главната причина за заминувањето на водителката? Зашто новиот концепт во себе содржи „гратис водење за една употреба“, што секако мошне ја олеснува финансиската состојба и не го загрозува опстанокот на „Златниот тепих“, кому во поинаква консталација на односите, можеби и му се закануваше негово „завиткување и пакување“... во заборав! Вака, по „Златниот тепих“ и понатаму ќе чекорат познатите, популарни и селебрити фаци... Отсега, само во друштво на Миро Кацаров! Инаку, „Џи - Карпет” започна со емитување во 2020 година, во екот на корона пандемијата, и за овие 3 години стана препознатлив и еден од најгледаните ТВ Магазини со солиден рејтинг во македонскиот етер. Нудеше забава, смеење, ексклузивни приказни, познати фаци за гости и несекојдневни содржини, кои овој пат ќе бидат спакувани во новиот концепт на „Голден Карпет”  кој и понатаму ќе се емитува секоја недела во 19:30 часот на Канал 5 телевизија. Фото: Инстаграм принтскрин/vedrana_edrana/miroslavkacarov]]>

Влатко Лозаноски замина од Македонија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-lozanoski-zamina-od-makedonija-video/ Fri, 02 Sep 2022 06:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265200

По се изгледа, Влатко Лозаноски не знае за доста. После успешните настапи кои ги имаше низ цела Македонија ова лето, тој реши да ги спакува куферите и да замине од татковината. Причината и е веќе добро позната на јавноста, а тоа е неговата најавена турнеја по Америка  која долго време беше откажувана, уште од 2020-тата година заради корона пандемијата. Сега кога конечно се создадоа услови и да се патува и да се настапува, Лозано тргна да ги израдува нашинците во дијаспората, преку океанот во Америка. Екипата на ТВ магазинот од зад сцената - „Бекстејџ“ беше да го испрати нашиот Влатче на скопскиот аеродром, а што кажа Лозано пред да полета преку големата бара, погледнете во видеото продолжение: ]]>

Синот на Есма си замина од Македонија: Симеон Атанасов разочаран од односот на власта се исели од државата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-esma-si-zamina-od-makedonija-simeon-atanasov-razocharan-od-odnosot-na-vlasta-se-iseli-od-drzavata-foto/ Wed, 27 Jul 2022 07:31:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260373

Музичарот Симеон Атанасов, едно од могуте посвоени деца кои легендарната Есма Реџепова - Теодосиевска ги одгледа, беше тој  кој до крајот на животот на кралицата на ромската песна остана покрај неа. По нејзината смрт и целата негрижа на власта и државата за нејзината културна оставштина која Есма и ја остави на Македонија, Симеон по долга борба со неправдата реши заедно со сопругата, синот и ќерката да се исели од Македонија и да замине да живее и работи во Виена, Австрија. Разочаран по сите шокови и стресови, по целот грабеж  на имотот и опустошувањето на куќата - музеј која остана  ограбена, искршена, уништена… уште пред да се отвори и сега стои руинирана, оставена во распаѓање, препуштен на забот на времето, уморен од правната битка која стои заглавена во ќорсокак, синот на кралицата Есма не можел веќе да го поднесе сиот тој товар врз себе. Особено незадоволен од власта и целата инертност и негрижа на државата кон сопствените вредности кои се дел од културниот и националниот идентитет на една земја, музичарот донел тешка, но решителна одлука заедно со семејството да се исели од државата. „Оваа држава нема никаков интерес за да го заврши тој музеј и да си го земе под своја заштита, затоа што по тестаментите на Стево и на Есма тој и припаѓа на Македонија. И додека се влечеме по судови зградата пропаѓа, таканаречените Реџепови однесоа се’ што бесе вредно, фрлија цела историја во вода, се’ што е градено со години, веќе не постои. Па би ги замолил надлежните доколку некој случајно го види овој мој пост да си ги земе работите во свои раце. Греота е и срамота пред целиот свет сто дозволуваат ова да се случува. На крај само можам да го кажам следново – Мајко не ви се исполнети желбите. Почивај во мир“ – напиша синот на Есма во своето  јавно обраќање до државата Македонија во 2019-та година, на тригодишнината од нејзината смрт. Оттогаш до денес работите очигледно не само што не се поместени од мртва точка, туку и дополнително се правно искомплицирани, откако внуците од браќата и сестрите на Есма ги оспорија тестаментите, па со години се чека на судска разврска на случајот, а државата и понатаму „мува не ја лази“ за нејзиното културно наследство. „Ако сегашната власт нема ништо направено за Никола Бадев, Кирил Манчевски, Васка Илиева, Вања Лазарева, итн… што би можеле ние да очекуваме од власт која што не го прифаќа единствениот музички храм кој го оставија Есма и Стево Теодосиевски, кои што имаа желба тој дом да биде музеј, музичко школо, секој доајен на македонската музика да добие своја соба, амфитеатар и уште многу дејности кои што би ја чувале македонската уметност“ – вели Атанасов во изјава за „Фокус“.  Симеон своето заминување од Македонија и јавно го најави и обзнани на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук, по што ја доби поддршката од голем дел од своите колеги, музичките автори, како и од естрадните новинари.   Во Виена музичарот вели дека ќе се занимавам со менаџмент во „К1 music production“  како што се вика продукција на неговиот син Стево Атанасов која е во преговори со сите балкански продуценти со кои планираат да потпишат договор за копродуцирање на голем број балкански ѕвезди. Сепак, надежда дека сонот на неговите „родители“ и музички учители Стево и Есма Теодосивски еден ден ќе се оствари не стивнува.Можеби семејството сепак ќе се вразуми и најде начин да се договори, а спомен-куќата на Стево и Есма можеби сепак државата ќе се сети да ја возобнови и музејот да го отвори. Фото: Фејсбук принтскрин/Simeon Atanasov  ]]>

Замина на денешен ден: Четири години без Влатко Илиевски (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-na-deneshen-den-chetiri-godini-bez-vlatko-ilievski-foto/ Wed, 06 Jul 2022 06:28:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257232

Денеска се одбележуваат четири години од смртта на македонскиот поп-рок пејач, водител и актер Влатко Илиевски (33). Илиевски на 6 јуни во 2018 година во вечерните часови беше пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“. Својата кариера ја започна во почетокот на 2000-те и се стекнa со голема популарност ширум македонската публика. Изведуваше музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“. Беше првиот македонски поп-рок артист кој успеа да ја наполни А1 арената -„Борис Трајковски“ во Скопје. Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“. Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две нагрди. Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понудил на Влатко Илиевски да се приклучи на бендот. Во 2001 година тие ги снимиле своите први песни, а во 2003 година го завршиле својот албум „Кога патувам“. Албумот бил составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Дип Парпл“ (Deep Purple) во Скопје. Влатко Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година во Скопје. По неговата смрт, компилацијата со најголемите хитови на Влатко Илиевски „За љубов се пее до крај“, беше објавена во 2020 година, на иницијатива на неговото семејството. На 2-ри јули годинава (2022) на денот на неговиот роденден беше промовиран уште еден негов албум. „Последно танго“, кој е составен од неговите досега необјавени песни. Станува збор за колекција од 14 песни, кои авторски ги потпишуваат Кристијан Габроски, Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев, Дарко Тасев, Весна Малинова…, како и легендарниот лидер на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача. Албумот го отвора извонредната „Дајте му ја“, исполнета на „Охрид-фест“ 2017-та, по која следат „Не постојам без тебе“, „Кој ли е ден“, „Со тебе најдов среќа“, „Сè ќе покрие прашина“, „Вило вилена“, „Македонка“ (од фестивалот „Златен костен“ во Петрич, Бугарија 2016-та), „Комшивке убава“, „Љубов“ (дует со Јулија Димчевска), „Последно танго“ („Макфест“, најслушана песна меѓу два фестивала), веќе споменатата „Не желиш крај“, како и „Сети се“ и „Божикна песна“, снимени со хорот „Златно Славејче“. На албумот  се најде и првата песна на Влатко Илиевски (која ја снимил во студиото на Ангел Ќосев, неговиот професор по музичко, уште како осмооделенец) – „Together Again“, инаку авторско дело на самиот пејач, за која тој ја снимил и соло делницата на гитара.
]]>

Почина Сашо Пижевски – Пиже, менаџер, угостител и основач на „Хавана Бенд“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-sasho-pizevski-pize-menadzer-ugostitel-i-osnovach-na-havana-bend/ Wed, 18 May 2022 06:42:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250874

На 57 годишна возраст, почина Сашо Пижевски – Пиже — скопска урбана легенда, пејач, кафе-клуб менаџер и угостител, еден од креаторите на ноќниот живот во 90-ите во Скопје. Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, за потоа да се преселил во Влае, каде што и до денеска живееше. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-тите па со мали паузи сè до денес. Заедно со Горан Атанасов – Зеко и Игор Џамбазов е основач и член на култната група „Хавана Бенд“, која беше своевидна атракција на македонската естрада во раните 90-ти, позната по хитовите: „Шток ми бејби“, „Нема спас“, „Дај ми, жити се“... По нејзиното распаѓање, се посвети на својот бизнис – угостителството и само повремено, како гостин, учествувал во неколку музички проекти. На музиката и се врати со повторното обединување на „Хавана Бенд“ со Драган Спасов-Дац, на местотот на Џамбазов  во  и нивниот хит „Балада за мајка ти и татко ти“, плод на соработката со Александар Митевски. Во тоа време Пиже беше и сопственик на привлечниот кафе-бар „Мајка ти и татко ти“ во скопксо Дебар Маало. Тажната вест за ненадејното и прерано заминување на урбаната скопска легенда бргу се прошири на социјалните мрежи, а еден од неговите најдобри другари, Игор Џамбазов, меѓу првите ја обзанани простувајќи се од него. „Каде бе Пиже? Каде бе брате? Само пред пет дена пиевме кафе кај мене у маало. Ми збореше за Скијатос, а во очите ти светкаа тинејџерски искри на радост. Имаше повеќе живот во тебе од сите гости во бавчата. Ми рече: “Џамбаз, уште не и ме се дааме на копиљациве, така? Па шо бе, боље изглеаме од нив”. Довидување, другар мој. И сликни едно селфи од горе. Ја ќе го објавам, ти шерни го. Тага. Збогум брате…“, напиша Џамбазов во својата проштална порака на Инстаграм.
Од креаторот на ноќниот живот во Скопје во 90-ите години, кога во македонската метропола доаѓаа дури од Белград да се забавуваат, се простуваат многу јавни и познати личности, но и обични луѓе, кои ја живееја својата младост со кафулињата и забавите што ги менаџираа и правеа Пиже и Зеко. Замина човек кој со својата тивкост и добрина беше пријател со сите урбани лица во градот. Замина ненадејно, тивко, без најава... Онака како што последниве години живееше. Нека му е светол патот кон вечноста, која Пиже, скопската урбана легенда, оддамна ја заслужи.]]>

Еве каде замина Тања Савиќ откако ја напушти емисијата „Амиџи шоу“ поради Јована Јеремиќ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-kade-zamina-tanja-savikj-otkako-ja-napushti-emisijata-amidzi-shou-poradi-jovana-jeremikj-video/ Thu, 13 Jan 2022 12:02:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234749

Пејачката Тања Савиќ неодамна ја напушти емисијата „Амиџи шоу“ во која гостуваше заедно со водителката Јована Јеремиќ. Екипата на „Папарацо лов“ ја следеше Тања по излегувањето од студиото. Имено, откако ја напуштила емисијата, пејачката заминала во еден кинески ресторан каде што се нашла со своите пријателки. По вечерата, пејачката заедно со нејзиниот брат си заминала во домот во Смедерево. За потсетување, гости во емисијата беа Тања Савиќ, Ивица Дачиќ, Јована Јеремиќ и Бранимир Несторовиќ . Во еден момент додека Јована одговараше на прашање, Тања стана и си замина велејќи дека мора во тоалет, а потоа не се ни врати. -Ма како да ми биде жал, се спасив. Не сакам повеќе да коментирам, изјави Савиќ по повод заминувањето од „Амиџи шоу“. фото: принтскрин/папарацо лов/јутуб]]>

Откако ја изневери во „Задруга 4“, сопругата на Кристијан Голубовиќ експресно го напушти: Додека тој се фаќаше и бакнуваше со Кристина, од дома му „збриша“ неговата понежна половина! https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-ja-izneveri-vo-zadruga-4-soprugata-na-kristijan-golubovikj-ekspresno-go-napushti-dodeka-toj-se-fakjashe-i-baknuvashe-so-kristina-od-doma-mu-zbrisha-negovata-ponezna-polovina/ Fri, 16 Apr 2021 10:37:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199289

Откако Кристијан Голубовиќ се бакнуваше и ја фаќаше пејачката Кристина Спалевиќ во реалното шоу „Задруга“, не ни помислувал дека “излетот“ надвор го чинеше брак. Имено, како што се наведува, сопругата Ивана овојпат нема да помине преку прељубата, како што тоа го стори по скандалот во „Фарма“ кога Кристијан се смува со Јована Балерина и Јасмина Меденица. „Ивана си ги собра работите од нивниот стан во центарот на Краљево и со својата ќерка замина во селото Ратина кај нејзината мајка. Тоа дете сега има пет години и таа е многу свесна што се' се зборува за нејзиниот татко, што многу влијае на Ивана. Откако Кристијан е во познатото ријалити, Ивана едвај се појавувала надвор од станот, а дотогаш ја носеше својата ќерка во блискиот парк - вели соседот на Голубовиќ од Краљево, кој ја познава Ивана уште од дете. „Сите ја изненадивме кога се омажи за него, затоа што беше повлечена, скромна и смирена цел живот. Во последно време се сврте кон Бога, иако и порано беше побожна, но сега оди многу почесто во црква, на богослужби ... Ја носи и ќерката, тоа некако е во нејзиниот свет“. Другите соседи исто така ја потврдуваат приказната дека сопругата на Кристијан е многу повеќе во селото со нејзината мајка отколку во семејниот стан во кој живеела со Кристијан. „Никогаш нема да му ја прости оваа прељуба, зашто и до сега доволно му простила. Таа раснеше дете додека тој беше во затвор, и наместо сега да уживаат како семејство, тој влезе во реалното шоу. Уште тогаш започнаа проблемите, уште кога тој објави дека влегува во Задруга 4, а таа го чекаше да биде заедно со нивната ќерка. Ивана многу ослабе, се гледа дека страда и не знае што да прави. Жената се најде во небрано и никој не ја разбира. Сите зборуваат: што се плеткала со поранешен затвореник!?“ Фото: Јутјуб принтскрин/Дамир Дервишагиќ]]>