заљубување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Dec 2023 12:59:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заљубување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Постојат три фази на заљубување: Вака започнува https://arhiva.vistina.com.mk/postojat-tri-fazi-na-zalubuvane-vaka-zapochnuva/ Fri, 15 Dec 2023 12:59:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331324

Заљубувањето влијае паралелно и на мозокот и на телото. Нашата симпатија нѐ привлекува и ако работите продолжат по тој пат, може да почувствуваме еуфорија, копнеж, страст и возбуда. Мислиме дека сме ја нашле таа посебна и вистинска личност во нашиот живот. Нашата сродна душа. Неколку години подоцна таа возбуда ќе се намали и ќе се замени со топлина, удобност и нежност. Ќе се чувствуваме физички, психички и духовно поврзани со нашиот партнер. Ќе ги делиме соништата и целите и ќе се обидуваме заеднички да ги оствариме. Според професорот по антропологија, Хелен Фишер, постојат 3 фази на заљубување: Страст, привлечност и поврзување. Секоја фаза може да се објасни со нашата мозочна хемија – невротрансмитерите кои нѐ инспирираат и нè поттикнуваат, како и хормоните кои го пренесуваат чувството низ нашето тело.  
  1. Страст
Кога сме во фазата на страста, ние сме физички привлечени кон субјектот на нашите симпатии. Сакаме да ги заведеме или сакаме да нѐ заведат. Постои еден елемент на мистерија и интензивност која ги прави работите возбудливи. Страста е поттикната од тестостеронот кај мажите и естрогенот кај жените и таа е поразлична од љубовта. И двата хормони можат да нѐ натераат повеќе да го посакуваме потенцијалниот партнер, но не и да се заљубиме во него на потраен начин.  
  1. Привлекување
Во втората фаза започнуваме да копнееме по присуството на нашиот партнер. Нашите срцеви отчукувања се зголемуваат и не сакаме ниту да јадеме ниту да спиеме. Чувствуваме дополнителна енергија и возбуда како што фантазираме за различни заеднички сценарија. Сите чувства се предизвикани од допаминот, норадреналинот и серотонинот.   Допамин: Се поврзува со мотивацијата, наградувањето и однесувањето кое го покажуваме кога сакаме да стигнеме или исполниме некоја цел, што го објаснува и поттикот да се обидеме да ги освоиме нашите симпатии или да фантазираме за нив.   Норадреналин: Одговорен е за дополнителниот прилив на енергија и забрзаниот пулс, како и за губењето на апетитот и желбата за спиење.   Серотонин: Предизвикува опсесивно размислување. Во едно италијанско истражување спроведено врз 60 испитаници се заклучило дека оние кои неодамна биле заљубени и оние кои пателе од опсесивно компулсивни нарушувања имале помалку серотонин во нивната крв отколку оние испитаници кои не биле заљубени.  
  1. Поврзување
Поврзувањето ја претставува желбата да направиме потрајна врска со нашите љубени. Ова е периодот во кој љубовните парови можат да се вселат заедно, да стапат во брак и/или да имаат деца. По некое време, допаминот се намалува и се заменува со хормоните окситоцин и вазопресин, кои ја создаваат желбата да се поврземе и да го негуваме нашиот партнер.   Окситоцин: Хормон кој се ослободува за време на сексуалниот однос, раѓањето на децата и доењето. Се претпоставува дека окситоцинот е причината поради која интимните односи ги зближуваат паровите. Но, тој има и темна страна бидејќи се поврзува и со љубомората, потребата од внимание и зависноста од партнерот.   Вазопресин: Научниците откриле дека вазопресинот игра голема улога во поврзувањето со тоа што го проучувале еден вид глодари, познати по латинското име „Microtus ochrogaster“. Станува збор за мало животинче кое наликува на глушец и формира моногамни врски како луѓето. Кога на машкиот род им била администрирана дрога која го запира вазопресинот, тие започнале да ги занемаруваат своите женски партнери и престанале да ги бранат од другите потенцијални машки партнери.   Разбирањето на науката за страста, атракцијата и поврзувањето може да ни помогне да развиеме пореалистични очекувања од нашите врски. Во продолжение следуваат неколку совети како поуспешно да поминете низ сите фази на заљубувањето:  
  1. Не ги изедначувајте страста и љубовта – дајте ѝ време врската да се развие пред да започнете да сонувате за заедничка иднина.
 
  1. Продолжете го дејството на допаминот во една подолготрајна врска со тоа што ќе имате средби, ќе одите на заеднички часови, патувања и ќе правите нови и возбудливи работи заедно со вашиот партнер.
 
  1. Продолжете го дејството на окситоцинот со тоа што ќе практикувате поголема интимност. Прегрнувајте се и бакнувајте се, мислете на вашиот партнер кога не е покрај вас, делете ги вашите надежи и соништа и поддржете ги своите најсакани.
 
    4. Ако сте љубоморни и сакате да ги контролирате луѓето околу себе, започнете да развивате разни активности и пријателства кои ќе направат да се чувствувате важни и сакани.
    Извор: Попара
]]>

Зошто се заљубуваме во колегите? Еве што е вклучено во флертот и кога треба да престанете – на работа важат „други“ правила https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-se-zalubuvame-vo-kolegite-eve-shto-e-vklucheno-vo-flertot-i-koga-treba-da-prestanete-na-rabota-vazhat-drugi-pravila/ Fri, 23 Jun 2023 13:30:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307519

Ако работното време ви е од 9 до 17 часот или кој било друг термин од осум часа, големи се шансите дека со колегите поминувате повеќе време отколку со пријателите, цимерите, семејството односно партнерот. Некои истражувања покажуваат дека потребно е со некоја личност да поминеме 200 часа за да ја сметаме за пријател, па нема да биде изненадување ако со некои од колегите формираме и поблиски односи.   Околу 17% од луѓето имаат и „партнер на работа“ односно личност со која се многу блиски, со која се допишуваат, зборуваат за работа, но и за други секојдневни работи и за личниот живот.   Некои од тие односи може да станат и поинтимни, па според едно истражување од 2014 година спроведено во соседна Србија, речиси 50% од испитаниците пријавиле дека имале врска со колега или колешка.   Една возрасна личност во просек поминува најмалку 1.680 часа годишно на работното место, што значи дека со колегите оминувате повеќе време отколку со кој било друг. Со некој од нив може да развиете симпатии поголеми од заедничките интереси и пријатното друѓтво.   Секојдневното поминување време заедно ни дава и можност да ги видиме овие луѓе во различно издание, но и да ги запознаеме подобро.   Тоа значи дека имате можност да ги видите како реагираат на стресни ситуации, кога се соочени со проблем, кога се под притисок, како се однесуваат кон другите…   Тоа што поминуваме многу време со колегите може да ни помогне „да го спуштиме гардот“ и да дозволиме и другиот да нѐ запознае нас, а тоа е поволно за развивање на романтична блискост.   Во некои компании е строго и јасно кажано од управата дека романтичните врски меѓу колеги во фирмата се забранети. Но, и да нема ваква официјална забрана, луѓето сепак ретко се одлучуваат да почнат врска со некој од работа, а и кога се случува тоа, не кажуваат.   Стравувајќи од осуда и поинаков третман од останатите на работното место, 76% од луѓето кои имале врска со колега или колешка го криеле тоа, а 10% од овие случаи завршиле со брак.   Има уште причини зошто луѓето не се решаваат да почнат врска на работното место или одлучуваат да ја скријат: се плашат да не си ја нарушат репутацијата, ако врската заврши ќе биде непријатно да се работи со поранешниот партнер, ќе бде потешко да се преболи и слично. Извор: Попара.мк]]>

Зборови заради кои веднаш ќе се заљубат во вас: Овие фрази често се забораваат, а го подобруваат секој однос https://arhiva.vistina.com.mk/zborovi-zaradi-koi-vednash-ke-se-zalubat-vo-vas-ovie-frazi-chesto-se-zaboravaat-a-go-podobruvaat-sekoj-odnos/ Wed, 21 Jun 2023 13:35:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307175

Комуникацијата е важна основа за квалитетна врска, особено кога станува збор за љубовните врски. Односот меѓу партнерите е направен од силни нишки кога и двајцата се искрени, отворени, се почитуваат и се разбираат. Доколку сакате да ја продлабочите врската со личноста која ви се допаѓа, да развиете посебен однос, тогаш важно е да покажете интерес. Понекогаш во врската зборуваме за тоа што ни е важно, што ни се случило, дали нешто не мачи, што се радуваме, заборавајќи да ја прашаме другата страна какви „филмови“ се играат во неговата/нејзината глава. Затоа е важно да се запамети дека треба да разговараме со отворен ум и срце, а еве неколку фрази кои можат да ја продлабочат практично секоја врска: – Кажи ми повеќе за твојот ден. – Кога го видов ова, помислив на тебе. – Она што најмногу ми се допаѓа кај тебе е тоа што си…(посочете го квалитетот што најмногу ви се допаѓа кај оваа личност) – Ме интересира твоето мислење. – Како се чувствуваш? – Како си на училиште/на работа? – Кој е твојот најголем предизвик во моментов и како се соочуваш со него? Дури и ако личноста не е зборлива по природа, добро е да им поставите некои потпрашања и да ги поттикнете да разговараат. Ако сè уште дава кратки одговори и звучи незаинтересирано, ајде да ја прашаме дали воопшто сака да разговараме во овој момент. Ако нејзиниот одговор е „не“, треба да го почитуваме тоа и да се обидеме да разговараме подоцна. Зборовите ни овозможуваат уште повеќе да се поврземе со другите и да создадеме поавтентични врски. Со помош на искрени разговори, си овозможуваме себеси и другите да се поврзат и да откриеме со кои очи нашето срце ги гледа нив, светот, животот во целина. Извор: Попара.мк]]>

Како да го натерате да се заљуби во вас? Шест начини како да го заведете https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-naterate-da-se-zalubi-vo-vas-shest-nachini-kako-da-go-zavedete/ Tue, 02 May 2023 12:20:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300273

Голем број на истражувања кои се спроведени, покажале дека всушност може да ја контролирате љубовта. Всушност, се работи за психолошка емоција, па со неколку психолошки трикови може да научите како да направите некој да се заљуби во вас. Секако, не значи дека ќе направите магија и посакуваната личност веднаш ќе се вљуби, туку едноставно постојат начини на кои може да направите да ве посакува и да ја привлечете. Не нарачувајте сладолед на првиот состанок Некои истражувања покажале врска помеѓу температурата на телото и психолошката состојба на човекот. Кога физички сме топли, сме пољубезни и пријателски настроени кон луѓето, што е многу важно за првиот впечаток. Па затоа, за следниот состанок, бирајте топли места, пијалаци и храна. Предностите на продолжениот контакт со очи Во истражување е откриено дека паровите кои се многу заљубени се гледаат во очи во 75% од времето и погледот трае подолго, додека останатите се гледаат во очи 30-60% од времето. Но, освен што контактот со очи е последица на заљубеност, со тоа исто така му правите трик на соговорникот и го потсетувате како љубовта изгледа, посебно ако го правите тоа често, па почнува да гледа на вас во романтична смисла. Кажете нешто чудно за себеси Очигледно е дека отворена и комуникативна личност има поголеми шанси да биде допадлива и привлечна, па затоа наместо да се правите безгрешни и совршени, уште на првиот состанок може да го скршите мразот и да раскажете некоја чудна ситуација во која сте се нашле. Тоа функционира исто како тајните – кога ќе кажете некому тајна, се создава посебна врска помеѓу вас и личноста, базирана на доверба и разбирање. Најдете заеднички таен јазик само за вас двајца Секако, не треба да измислувате нови зборови, но користете посебни зборови кои ќе се однесуваат само на вас двајца, или гестикулации со кои ќе се поврзете, па дури и емотикони кои постојано ќе ги употребувате и ќе ве зближуваат во различни ситуации. Бидете често со нив, но направете и да им недостасувате Важно е да поминувате повеќе време заедно за да се зближувате, но мора да држите и дистанца од време навреме. Психолозите советуваат да направите недостаток на вашето присуство, за да постигнете неколку важни работи: Нема да си здосадите после краток период Другата личност ќе има можност да сфати колку врската станала важна Можете да ги контролирате емоциите и да размислувате трезвено. извор:попара.мк]]>

Колку време ни е потребно за да се заљубиме? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-vreme-ni-e-potrebno-za-da-se-zalubime/ Fri, 27 Jan 2023 13:24:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286247

Љубовта може да биде возбудлива, но не е лесно да се дојде до неа. Истражувањето на 2.000 луѓе од „Siemens Festival Nights“ покажало дека просечниот човек се заљубува само двапати во својот живот. И додека љубовта можеби е нешто што повеќето луѓе сакаат да го искусат, таа не се случува толку често и не можеме да ја контролираме. Според психолозите, заљубувањето бара исполнување на најмалку 10 различни услови, вклучувајќи сличност меѓу партнерите, реципроцитет и подготвеност за врска. Друг фактор е времето. Но, колку време навистина е потребно за да се заљубите? Не постои „нормална“ временска рамка за заљубување, пишува „Healthline“. Заљубувањето може различно да се толкува од различни луѓе. Сепак, истражувањето откри колку време е потребно некој да почувствува романтична привлечност, како и колку време е потребно за да ги признае своите чувства. „BBC Science“ известува дека потребни се само 90 секунди за да се одлучи дали некој ви е привлечен, врз основа на говорот на телото. Студија од 2010 година објавена во „Еволуционерна психологија“ ги истакнува родовите разлики, при што мажите имаат поголема веројатност брзо да се заљубат. Сепак, студијата сугерира дека ова може да се должи на различните дефиниции за љубовта меѓу мажите и жените. Слично на тоа, мажите би можеле побрзо да ја признаат љубовта во споредба со жените. извор:popara.mk]]>

Знаци кои покажуваат дека се заљубувате во личноста со која повремено се гледате https://arhiva.vistina.com.mk/znaci-koi-pokazuvaat-deka-se-zaljubuvate-vo-lichnosta-so-koja-povremeno-se-gledate/ Thu, 05 Jan 2023 13:34:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283031

Зимата полека си заминува, а пролетта ни чука на порти. Пролет, време за промени. Од некоја непозната причина, ова е период од годината кога нашите тела како да се програмирани да се заљубат. Кога сите пупки цутат и природата околу нас се раззеленува, изгледа и нашето срце почнува побрзо да чука. Понекогаш самата помисла на доаѓањето на пролета и напуштањето на досадната зимска рутина, буди нови љубовни чувства кај нас. Почестите излегувања, прошетки се причини за почести дружби и нови познанства. Некое од новите познанства, може ќе бидат причина за разлетување на пеперутките во вашиот стомак, заљубување и среќно започнување нова љубовна врска. Ако почнаа да ве наросуваат романтични чувства, ова се 10-те симптоми по кои ќе познаете дали сте заљубени. Прескокнување на оброците Ммм прекрасен начин за слабеење. Заборавањето на редовното внесување храна, не значи само дека сме расеани, туку и дека личноста на која не можеме да престанеме да мислиме, ја сакаме повеќе од храната. Може дополнителна причина за овој тип „гладување“, се пеперутките кои ни летаат низ утробата кога ќе помислиме на љубениот/а, па се чувствуваме како храната воопшто да не ни е ни потребна. Се фаќате себеси како се смешкате без особена причина Краткотрајното чувство на заљубеност може да предизвика значајни промени во вашиот организам. Љубовта, особено во првите денови, прави да се чувствуваме среќни, задоволни со сами себе, замечтаени во мислите и ни мами насмевка на лицето. Не можете да го/ја гледате во лице Одненадеж не можете таа личноста да ја гледате во очи додека разговарате, бидејќи се плашите дека ако ве погледне, ќе ги открие вашите чувства. Додека зборувате, пробајте да го/ја гледате во челото или околу носот. Побезбедно е. Мислите на него/неа додека наутро се облекувате Додека се спремате за излегување, во главата ви се вртат многу мисли: дали би му/ѝ се допаднале во оваа кошула, дали бојата добро ви стои на тенот, дали да вложите повеќе напор од вообичаеното во средувањето на косата, дали да се нашминкате како секој ден или пак да ставите малку повеќе шминка… Тоа е уште еден од показателите на заљубеност. Дотерајте се, во ниеден случај тоа не е погрешно постапување. Ви недостига кога не е во ваша близина Навикнати сте личноста која ви се допаѓа да ја гледате на одредено место на пример на работа, на предавања, во кафуле и доколку во одреден момент не е таму, почнувате да се чувствувате по малку разочарано и сте постојано во исчекување во секој момент да се појави од некаде. Станувате љубоморни за некои чудни работи Одредени моменти и ситуации кои до пред извесно време не ги ни забележувавте, почнаа полека да ви пречат. Се фативте себеси како станавте љубоморни при помислата: „Каде е, со кого е, зошто не се појавува, зошто не се јави…? Ја замислувате сликата на вашето дете Упс! Во одреден момент се фативте себеси како размислувате за тоа какво би било вашето заедничко дете. Тоа значи дека вашите чувства се искрени и почнуваат полека, но сигурно да стануваат сѐ посериозни. Луѓето ве забележуваат дека блескате Помислата на љубената личност ви измамува насмевка на лицето и задоволство. Необјаснивата среќа која блеска од вас, е доволно моќна да го привлече вниманието на луѓето околу вас кои забележуваат дека сјаете, изгледате физички подобро и посреќно. Потешко се концентрирате на работата Потребно ви е повеќе време од вообичаено, за да се концентрирате на задачата која треба да ја завршите. Поминувате половина час во психичка подготовка пред да почнете со работа, но и откако ќе почнете, вашите мечти и понатаму се насочени кон љубениот/а и тогаш сфаќате дека сте мноооогу заљубени. Одненадеж вашиот карактер се подобрува Без разлика дали сте машко или женско, заљубеноста буди некои подзаспани интересни карактеристики кај вас. Одеднаш почнувате да вложувате во подобрување на вашите кулинарски способности, ја преуредувате вашата соба, им нудите колачиња на сите колеги на работа, правите и некои измени во својот изглед. Станувате попримерни и поуредни. извор:попара.мк]]>

Колку пати се заљубуваме во текот на животот? https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-pati-se-zaljubuvame-vo-tekot-na-zivotot-2/ Mon, 09 May 2022 13:30:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=249460

Дали некогаш сте размислувале колку пати досега сте се заљубиле? Кога сте вљубени во некого мислата дека тоа нема да трае вечно, станува неподнослива. Но, сигурно досега сте почувствувале љубовно разочарување, или пак, вие сте биле причината за нечие скршено срце. Сепак, колку и да се чини бесмислен нашиот живот по раскинувањето, ние продолжуваме понатаму и одново се заљубуваме. Некои порано ја наоѓаат својата сродна душа, некои подоцна, но пред да се сретнеме со вистинската личност најверојатно ќе треба да поминеме низ неколку разочарувања. На крајот на краиштата, колку пати можеме да се заљубиме во текот на животот? Иако сечиј живот е приказна за себе, сепак, ако погледнеме внимателно ќе сфатиме дека сите се заљубуваме во 3 луѓе во текот на нашиот живот.

Првиот пат кога се заљубуваме: Љубовта која се чини правилна

Првиот пат кога се заљубуваме е кога сме средношколци, а понекогаш дури и помали. Станува збор за идеалистичка љубов која се сведува на она што сме го прочитале за љубовта воопшто како деца. Кога за прв пат ќе нè погоди стрелата на Купидон, сметаме дека не може да постои друга ваква љубов како нашата, дека таа е единствена. Имаме тенденција да веруваме дека тоа е најправилното нешто што сме го направиле и дека ќе трае вечно, а истовремено се обидуваме да се избориме со притисокот од нашите врсници и семејството. Во оваа фаза од животот, подготвени сме сè да жртвуваме за нашата љубов да функционира бидејќи веруваме во нејзиниот кредибилитет. Не сфаќаме дека нашата прва љубов нè прави наивни и безнадежно оптимисти.

Вториот пат кога се заљубуваме: Љубовта која нè учи за животот

Овој тип на љубов, најчесто преку болка ни помага да сфатиме кои сме и што сакаме од животот. Токму оваа љубов ги руши претходно создадените илузии. Сепак, иако сметаме дека сме веќе сме научиле многу за животот, ние одново се навраќаме на истиот тип на врска и го правиме истиот погрешен избор. Погрешниот избор пак, нè води до погрешните луѓе и така се вртиме во круг. Свесни сме за менталната, физичката и емоционалната злоупотреба, но не сакаме да ставиме крај на нездравата врска. Со сите сили се обидуваме да направиме да трае колку што е можно подолго и посакуваме оваа љубов да беше вистинската, иако сме свесни дека не е.

Третиот пат кога се заљубуваме: Љубовта која трае

Овој тип на љубов ги руши сите наши замисли за љубовта. Во овој тип на љубов, ние само ја запознаваме личноста и ни се чини дека сè си доаѓа на свое место, дури и не можеме да си ја објасниме врската што нè поврзува со другата личност. Тоа е така бидејќи во овој вид на врска, ние сме прифатени онакви какви што сме и нема потреба да се преправаме. Тука не важи ниту едно од правилата за кои сметавме порано дека ќе ни бидат од помош. Нема потреба да правиме компромиси во поглед на нас самите, бидејќи партнерот го прифаќа нашето автентично „јас“. На крајот ни се чини дека оваа љубов е најдобриот избор што сме го направиле досега. Извор: themindsjournal.com/Кафе Пауза]]>

Пет начини на кои мажите го доживуваат заљубувањето: „Не ги забележувам нејзините маани“ https://arhiva.vistina.com.mk/pet-nachini-na-koi-mazite-go-dozivuvaat-zaljubuvanjeto-ne-gi-zabelezuvam-nejzinite-maani/ Mon, 13 Dec 2021 14:15:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230970

За романтичарите, заљубувањето е покажување внимание преку подароци и гестови, додека други го изразуваат преку активно слушање на партнерот. Заљубувањето е веројатно едно од најубавите чувства на светот, „пеперутки“ во стомакот, трнење низ телото, „главата во облаци“, се придружните реакции на кои никој не останува рамнодушен. И покрај сличните реакции, луѓето го доживуваат ова чувство на различни начини. Ако ги прашате мажите што значи тоа за нив и како тие покажуваат дека се заљубени, веројатно ќе добиете сосема различни одговори. За романтичарите, заљубувањето е покажување внимание преку подароци и гестови, додека други го изразуваат преку активно слушање на партнерот. А еве некои од најчестите одговори за тоа како се чувствуваат мажите кога се заљубени: Не ги забележувате нејзините маани – Не секогаш постапувате логично, не ги забележувате нејзините маани. Лесно ги решавате несогласувањата и не поминувате време заедно само кога сте интимни, се е многу повеќе од тоа. Со текот на времето, таа станува вашата омилена личност. Имате заеднички активности, се усреќувате еден со друг, се чувствувате сигурно кога сте заедно – изјавил еден маж на социјалната мрежа Редит. Сакате таа да се чувствува среќна како и вие – Посреќни сте и посигурни од било кога. Освен тоа, имате голема потреба таа да се чувствува така покрај вас. Имате голема наклонетост кон таа личност, чувствата ви се многу подлабоки отколку кон другите, поврзани сте на сите нивоа – вели друго момче. Се чувствувате како да припаѓате таму Трет маж изјавил дека се чувствува удобно кога е заљубен. – Кога сте заедно, знаете дека ова е местото на кое припаѓате, дека ова е личноста со која сакате да бидете таму, присутни во моментот. Вистинската љубов е пријатна, се чувствувате „дома“. Треба да ја слушате и да го апсорбирате секој нејзин збор. Чувствувате чиста радост – Можеби многумина не се согласуваат со мене, но не верувам дека љубовта е единственото чувство на кое се држите. Љубовта е врска која може да има многу различни чувства, главно добри, понекогаш лоши, а понекогаш и без чувства. Важно е простувањето и почитта да владеат со вашата врска и таа да биде взаемна. Треба да се чувствувате потребни и посакувани, и вие и другата страна – еден тип го сподели своето мислење за заљубувањето. Заљубеноста е благодарност – Љубовта е сигурно, топло, безбедно засолниште. Благодарни сте што вашиот партнер е таму и покрај неговиот хаос во светот и вселената. Љубов е кога сте си цел свет еден на друг…кога чекаш некого и не сакаш да раскинеш. Тоа е мирен глас, силна прегратка. Заљубеноста е љубов, а љубовта е благодарност – еден млад човек објасни како се чувствува кога е заљубен. Извор: Курир.мк]]>

5 причини зошто се заљубуваме во луѓе кои не ни ја возвраќаат љубовта https://arhiva.vistina.com.mk/5-prichini-zoshto-se-zaljubuvame-vo-lugje-koi-ne-ni-ja-vozvrakjaat-ljubovta/ Tue, 16 Nov 2021 14:15:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227551

Многу долго чекавте да го доживеете тоа чувство на блаженство што е типично за вљубените луѓе, но што се случува кога другата личност нема да ви ја возврати љубовта? Секогаш кога ќе си помислите: „Ова го чекав! Ова е личноста за која сонував!“, за веднаш потоа да се соочите со скршено срце и разочараност. Можеби не го сфаќате тоа, но имате тенденција да се заљубите во некој кој не може да ви возврати со истите чувства. Во продолжение прочитајте зошто се вљубувате во погрешните луѓе.

1. Не се почитувате и сакате себеси

Како што вели старата поговорка, никој не може да те сака ако не се сакаш себеси па така наместо самите да се лекувате себеси и сопствените рани, барате други да го направат тоа за вас. Ако не се сакате и прифатите целосно такви какви што сте, никој нема да може да ви ја пружи љубовта по која трагате цел живот.

2. Сакате да се вљубите, но не сакате да ѝ се посветите на врската

За вас заљубувањето е како опојна дрога од која не можете да се заситите, нели? Сакате да се вљубите, но не сакате да се ограничите така што ќе се посветите на врската. Жедни сте за возбуда, но не ја сакате зрелоста што е дел од една сериозна и здрава врска. За вас возбудата почнува да бледнее кога нештата стануваат посериозни и не сте сигурни дека би можеле да бидете со една личност до крајот на животот.

3. Не сакате да се збогувате со минатото

Се плашите од љубовта затоа што сте имале лошо искуство во минатото и сè уште ги немате пребродено болката и траумата. Таквото искуство засекогаш ви го сменил начинот на кој гледате на љубовта и иако се убедувате себеси дека сте продолжиле понатаму, вистината е дека воопшто не е така. Секогаш кога чувствувате дека не заслужувате љубов, тоа е затоа што вашето минато ве прогонува. Болните работи што сте ги доживеале ве спречуваат да се заљубите во некого и да бидете во здрава врска.

4. Се плашите од интимност и ранливост

Се вљубувате во луѓе кои никогаш нема да ве сакаат затоа што се плашите да бидете ранливи и емоционално интимни со другите. Мислите дека сте подготвени да бидете во сериозна, посветена врска, но во моментот кога ќе станат сериозни работите вие почнувате да се повлекувате, без да бидете свесни за тоа. Сакате да го отворите своето срце и да љубите бескрајно, но стравот дека ќе бидете повредени ве спречува во тоа.

5. Можеби и не е љубов тоа што го чувствувате

Кога мислите дека се заљубувате во некого, можеби сето тоа е само во вашата глава, а всушност не е љубов. Можеби ви се допаѓа како личност или ви се допаѓа што сè таа прави за вие да се чувствувате среќно. Но, откако ќе се анализирате себеси најверојатно ќе сфатите и дека не ја сакате таа личност со оглед на тоа дека не се гледате себеси како го поминувате животот со неа. Ви се допаѓа чувството кога некој е секогаш тука за вас и ве разбира, но ви е тешко да го направите истото. Треба да сфатите дека вистинската љубов не е минлива и кога сакате некого го прифаќате онаков каков што е, вклучувајќи ги сите мани и недостатоци. извор: Кафепауза.мк ]]>

Овие хороскопски знаци е најлесно да ги засакате! https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-horoskopski-znaci-e-najlesno-da-gi-zasakate/ Thu, 26 Aug 2021 06:59:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216811

Најлесно е да се заљубите во луѓето родени во овие хороскопски знаци Бик Верни, не играат игри и отворено ги покажуваат своите емоции. Најважно за нив е да најдат совршен партнер. Ако сте во врска со Бик, сметајте се за личност која има среќа во љубовта. Рак Подготвени да ги игнорираат нивните желби и потреби само за да го задоволат својот партнер. Секоја ваша желба е нивна заповед и тие се тука за вас и во добро и во зло. Ракот е едноставно да се засака поради својата пожртвуваност, се додека не ви здодее таа голема посветеност. Вага На вагите најважна им е хармонијата во врската. Лесно е да ги сакате бидејќи секогаш се трудат околу својот партнер, што им ласка на сите. Вагата е подготвена да направи секаква жртва за да ја зачува врската. Риби Тие се искрени, верни и посветени на својот партнер, а нивната најголема доблест е сочувството. Полни се со разбирање и многу често своите интереси ќе ги остават настрана поради своите партнери. Луѓето родени во овој знак покажуваат каква всушност треба да биде љубовта.]]>