заљубите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Oct 2021 12:18:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заљубите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали знаете некој што неодамна се заљубил? 5 работи кои ќе ви помогнат да стапите во врска за време на пандемија https://arhiva.vistina.com.mk/dali-znaete-nekoj-shto-neodamna-se-zaljubil-5-raboti-koi-kje-vi-pomognat-da-stapite-vo-vrska-za-vreme-na-pandemija/ Tue, 05 Oct 2021 13:30:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221838

Корона вирусот и ковид влијаат на секој аспект од нашиот секојдневен живот: работа, образование, воспитување деца, патувања, дружење … и романтичната страна на нашите животи, за жал, не е имуна на маките што ги носи пандемијата. Како да се заљубите за време на епидемија на смртоносен вирус?

1. Не го игнорирајте очигледното

Дури и кога се отворени кафулињата, клубовите и рестораните, се одржуваат разни настани, има гужви околу вас, не се залажувајте – се чини дека сѐ е нормално! Вирусот сѐ уште циркулира и сѐ уште може да се случи личноста со која разговарате да е асимптоматски вектор. Затоа три работи се клучни: заштитна маска, вакцина и отворен разговор. Дури и во вашето лудило, не размислувајте да излезете со личност што ви се допаѓа ако имате барем еден сомнителен симптом или контакт, и задолжително прашајте ја другата страна дали е веројатно заразена. Да, секој пат!

2. Искористете ја можноста

Иако епидемијата што го зафати Светот е една од најтешките работи што нашите генерации ќе ги паметат, во запознавањето нови луѓе, на некој начин може да ви помогне да откриете како другата страна се справува со кризни ситуации. Исто така, моменталната ситуација ќе ви покаже како некој со кого може да имате иднина размислува за големи теми што се важни кога започнувате семејство со некого: за вакцинација, за тоа колку се одговорни и сочувствителни итн.

3. Не бегајте од технологијата

Иако со години се жалиме дека технологијата, телефоните и компјутерите всушност нѐ отуѓуваат, за време на пандемијата тие се покажаа како многу корисни поради можноста за видео повици и брза комуникација, затоа не пропуштајте ја можноста да имате виртуелен состанок доколку сте спречени за излегување.

4. Размислете за работи за кои не сте зборувале порано

Пред само две години, никој не излегувал на кафе со некој што му се допаѓа, мислејќи „Што ако има ризичен контакт“, „Што ако член на семејството се бори против вирусот“, „Што ако има смртен случај“ итн. Сега, таквите мисли се секојдневни и потребно е да се размислува за нив бидејќи нивото на стрес и вознемиреност е повисоко од порано, па можеби ниту вие, ниту личноста со која се гледате поради грижи ќе се покажат во вистинско светло. Бидете сочувствителни, имајте разбирање и отворено зборувајте за себе и за вашите стравови и искуства.

5. Бидете позитивни

Опкружени сме со тажни вести, големи грижи и стравови, и токму затоа оптимистичките и насмеани луѓе ни се попривлечни. Се разбира, ќе зборувате за моменталната ситуација и нема да го игнорирате „слонот во собата“, но тоа не смее да биде единствената тема, ниту ќе постигнете успех ако се препуштите на стресот и приказната за ковид. извор: попара.мк ]]>

Работи кои се случуваат во вашето тело кога сте вљубени https://arhiva.vistina.com.mk/raboti-koi-se-sluchuvaat-vo-vasheto-telo-koga-ste-vljubeni/ Thu, 18 Feb 2021 13:17:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190387

Човечкото тело совршено добро знае кога сме вљубени. Погледнете на кој начин реагира вашето тело кога сте вљубени. Вљубувањето влијае на количината на многу хормони во телото. Последица – доаѓа до намалување на крвниот притисок и успорување на работата на срцето. Помалку грчеви и болови Истражувањето спроведено на „University School of Medicine“ во Стенфорд покажа дека љубовта ги активира нервните рецептори во мозокот кои дејствуваат како лекови за ублажување на болки. Грчевите и болките се ублажуваат или исчезнуваат кога сте вљубени. Потешко се концентрирате Истражувањето објавено во списанието „Motivation and Emotion“, покажа дека ако постојано размислуваме за нашиот партнер или партнерка, вљубеноста може да ја намали нашата способност за концентрација. Затоа ви е тешко да се сконцентрирате на работните обврски. Среќни сте Ендорфинот е како природен морфиум во нашето тело, а кога сме вљубени тој се лачи многу повеќе од претходно. Дејството е исто како да користите опиум – предизвикува постојано чувство на среќа и еуфорија. Сè има посладок вкус Во едно истражување, испитаниците имале за задача да пишуваат за нивната љубов и да пробуваат различна храна. Без оглед на тоа каков вкус имала храната, испитаниците дошле до ист заклучок дека сè има посладок вкус за разлика од порано. Заборавате Кога сте „вљубени до уши“ вашиот мозок лачи повеќе окситоцин, т.н хормон на љубовта. Со помош на овој хормон се зајакнува чувството на поврзаност, но тоа од друга страна може да биде причина да ги заборавате секојдневните обврски. Љубомора Кога сте вљубени и кога ќе го видите вашиот партнер да разговара со друга жена или маж, љубомората ќе исплива на површина. Ова е добро додека е во нормални граници. Со текот на времето ќе сфатите дека треба да му верувате на партнерот и дека љубомората може само да ви предизвика проблеми. Љубовта ги зајакнува коските Љубовта има и сосема неочекувани ефекти. Научниците откриле дека паровите кои се во среќна врска или брак имаат здрави и цврсти коски. извор: кајгана]]>

Овие 36 прашања може да ве натераат да се заљубите, да се зближите и да ги запознаете другите луѓе https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-36-prashanja-moze-da-ve-nateraat-da-se-zaljubite-da-se-zblizite-i-da-gi-zapoznaete-drugite-lugje/ Wed, 25 Nov 2020 13:30:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178041

На сите им е јасно дека има нешто посебно во разговорите што траат долго во ноќта, особено кога тие се случуваат помеѓу луѓе кои само што се запознаваат. Но, дали некогаш сте се запрашале дали има прашања што можат да ги поврзат луѓето на подлабоко ниво и да им помогнат да се вљубат едни во други? Токму тоа е тезата на популарните „36 прашања што водат кон љубов“, односно на експериментот што стана популарен поради виралниот есеј, а кој беше инспириран од вистински психолошки експеримент. Овие прашања станаа толку популарни што луѓето денес ги носат на првиот состанок и им се припишуваат на парови кои одат на психотерапевт поради проблеми во врската. Кои се 36-те прашања за заљубување? Таканаречените 36 прашања што доведуваат до заљубување ги смислиле психолозите Артур Арон и Елејн Арон со помош на уште неколку други научници за да дојдат до одговор на прашањето дали двајца странци можат да развијат чувства еден кон друг поставувајќи интимни прашања. Овие прашања станаа неверојатно популарни откако Менди Лен Катрон ги објави во 2015 година во својата колумна за „Њујорк Тајмс“.

Список на прашања

Прв сет прашања 1. Ако можете да изберете некого, кој би ви бил гостин на вечера? 2. Дали би сакале да бидете познати? На кој начин? 3. Дали пред да остварите телефонски повик, некогаш го вежбате телефонскиот разговор во главата? Зошто? 4. Како изгледа вашиот совршен ден? 5. Кога последен пат сте пееле за себе, а кога пред другите? 6. Ако знаете дека ќе живеете до 90 години и дека можете да изберете да имате тело или ум на 30-годишник во последните 60 години од вашиот живот, што би избрале вие? 7. Дали имате претпоставка како ќе умрете? 8. Изберете три работи во кои вие и партнерот (со кого одговарате на прашањата) сте слични. 9. За што сте најмногу благодарни во животот? 10. Да можевте да промените нешто во врска со вашето воспитување, што би промениле? 11. Раскажете ја вашата животна приказна за 4 минути, колку што е можно подетално. 12. Ако можете да се разбудите утре со кој било квалитет или способност, што би било тоа? Втор сет прашања 13. Ако добиете шанса некој да ја предвиди вашата иднина, да ви каже нешто за вас и за вашиот живот, што би сакале да знаете? 14. Дали постои нешто за кое сонувате долго време, а што не сте се обиделе да го постигнете? Зошто не? 15. Кое е најголемото достигнување во вашиот живот? 16. Што најмногу цените во пријателството? 17. Кое е вашето најценето сеќавање? 18. Кое е вашето најлошо сеќавање? 19. Ако откриете дека ќе умрете за една година, дали би го смениле начинот на живеење? Зошто? 20. Што е пријателство за вас? 21. Кои улоги ја играат љубовта и наклонетоста во вашиот живот? 22. Наизменично (и двајцата испитаници) кажете пет позитивни карактеристики на потенцијалниот партнер. 23. Колку се блиски членовите на вашето семејство едни со други? Дали мислите дека вашето детство беше посреќно од она на повеќето други луѓе? 24. Како се чувствувате за односот што го имате со вашата мајка? Трет сет прашања 25. Наведете три изјави со „ние“. На пример, „и двајцата се чувствуваме… во оваа просторија“. 26. Завршете ја изјавата: „Сакам да имам некој со кој ќе можам да споделам…“ 27. Ако знаете дека ќе станете блиски пријатели со партнерот, кажете нешто важно што треба да го знае таа или тој. 28. Кажете ѝ на личноста со која ги одговарате прашања што навистина ви се допаѓа кај неа и бидете искрени. 29. Споделете засрамувачки момент што сте го доживеале во вашиот живот. 30. Кога последен пат плачевте пред друг, а кога без ничие присуство? 31. Кажете му на вашиот партнер што веќе ви се допаѓа кај него. 32. Која тема е премногу сериозна за шеги за сметка на истата таа тема? 33. Ако умрете одеднаш и немате можност да разговарате со никого, за што најмногу би жалеле за неискажаното? Зошто не го кажавте тоа? 34. Вашиот дом е во пламен, откако ги спасивте вашите најблиски и домашните миленици, имате време да земете само уште една работа. Што е тоа и зошто токму тоа? 35. Од сите луѓе во вашето семејство, чија смрт ќе ве погоди најмногу? 36. Кажете некој ваш проблем гласно. Личноста со која разговарате нека се обиде да најде решение за тоа и да ви го каже своето мислење за тоа како се чувствувате вие во врска со проблемот. Дали овие прашања навистина помагаат? Сопружниците Арон, заедно со тим експерти, работеа на овие прашања и истражувања една деценија и дојдоа до заклучок дека одговарањето на прашањата навистина ги зближува луѓето. Ова, се разбира, зависи од степенот на искреност при одговарањето. Ако не одговорите искрено на прашањата, не можете да очекувате ниту позитивни резултати. Но, и покрај фактот што овие прашања можат да ги зближат дури и оние луѓе кои се гледаат првпат, тоа не значи дека ова зближување ќе доведе до врска. Се прашувате зошто? Бидејќи одговорите на овие прашања може да ви покажат дека вие и личноста со која ги одговарате прашања имате многу различни карактери. Но, во секој случај, одговорите на овие 36 прашања можат да ве откријат многу работи. Можете да ги одговорите со вашиот сегашен партнер, со потенцијален партнер, со најдобрите пријатели и со луѓе за кои не сте сигурни дали сè уште ги сакате во вашиот живот. Извор: кафепауза]]>