заљубени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 18 Jan 2024 13:03:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заљубени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што ни се случува во мозокот кога сме заљубени? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-ni-se-sluchuva-vo-mozokot-koga-sme-zalubeni/ Thu, 18 Jan 2024 13:30:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335429

Заљубувањето „до уши“ може да наведе многу луѓе да прават работи кои веројатно не би ги направиле доколку навистина не им се допаѓа таа личност, а научниците открија што се случува во нашите тела за време на заљубувањето. Низ историјата, научниците не се фокусирале премногу на влијанието на заљубувањето врз човековото однесување, но студијата спроведена на 1.500 млади луѓе, кои се идентификувале како заљубени, покажала дека мозокот работи сосема поинаку кога сте заљубени. Студијата беше спроведена од докторантот на Австралискиот национален универзитет Адам Боуд и д-р Фил Кавано од Универзитетот во Канбера и Универзитетот во Јужна Австралија. Тие го погледнаа системот за активирање на однесувањето (BAS) внатре во телото во однос на реакциите и одговорите на заљубената личност.
Системот за активирање на однесувањето во телото може да активира одредени однесувања кои се поттикнуваат со награда и позитивни повратни информации. Во една студија објавена во списанието Behavioral Sciences, тие заклучиле дека мозокот се менува кога сте заљубени. Кога луѓето се особено сакани, нивните мисли стануваат повеќе насочени кон личноста во која се заљубени. Д-р Кавано рече дека хормонот окситоцин може да биде клучен фактор во промените кои се гледаат како „бранови“ на хормони кои циркулираат во нашиот нервен систем и крвотокот при интеракција со саканите. Тој заклучил дека љубовта ги активира „патеките во мозокот поврзани со позитивни чувства“. „Начинот на кој саканите добиваат посебно значење се должи на комбинацијата на окситоцин со допамин, хемикалија што нашиот мозок ја ослободува за време на романтична љубов“, објасни тој. Тие ќе продолжат со истражувањето, а во следната фаза ќе анализираат како мажите и жените пристапуваат на љубовта, а ќе истражуваат и различни типови на романтични партнери. Фото: Freepik Извор: Кајгана]]>

Какви љубовници се мажите кога се заљубени? https://arhiva.vistina.com.mk/kakvi-lubovnitsi-se-mazhite-koga-se-zalubeni/ Thu, 13 Jul 2023 14:00:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310177

Сексот на почетокот на врската обично е возбудлив и поинаков од оној во другите врски, но кога тој ќе почне да се заљубува, сексот почнува да станува сосема поинаков. Ова се дел од знаците по кои може да се заклучи дека врската не му е само за забава, туку дека е лудо заљубен. Ве бакнува почесто и подолго Бакнежите се многу интимен чин. Поради тоа, начинот на кој ве бакнува е еден од знаците дека интензивно размислува за длабока врска и гледа иднина со вас. Ако ве бакнува почесто и подолго од претходно, по целото тело, сака да ви стави до знаење дека му се допаѓате и дека се грижи за вас. Посветен е во сексот Мажот кој сака само да ужива во сексот, а не и во врската, нема да се труди многу околу предиграта и времето што ѝ е потребно на жената навистина да се возбуди. Кога е заљубен ќе се потруди да бидете задоволни во сексот до најмал детаљ и да почувствувате дека тоа му е важно. Опуштен е и свој Кога мажот е опуштен, релаксиран и не брза да си замине по интимните моменти, тоа е добар знак дека е заљубен или почнува да се заљубува. Од истите причини, нема да се труди да ве импресионира постојано и да ви докажува дека е совршен во сѐ, туку ќе ја покаже неговата ранлива страна и ќе ви се доверува за најинтимните работи, вклучувајќи што сака во сексот и во врската. Извор: Кајгана]]>

Базен во апартманот и поглед од соништата: Анастасија Ражнатовиќ го „запали“ интернетот со фотографии од одморот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/bazen-vo-apartmanot-i-pogled-od-sonishtata-anastasija-razhnatovik-go-zapali-internetot-so-fotografii-od-odmorot-foto/ Mon, 10 Jul 2023 07:53:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=309528

Анастасија топлите денови ги поминува на Ибица со својот партнер, фудбалерот Немања Гудеља, каде ужива во сонцето. Taa со своето момче се препуштија на шармот на Шпанија, а колку уживаат секојдневно покажуваат на Инстаграм. Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил редовно споделува детали од своето секојдневие со обожавателите, а одново и одново покажа дека ужива на егзотичната дестинација. Имено, таа објави фотографии од приватниот базен сместен во апартман на луксузен хотел и позира во шарен костим за капење. Додека пак,  фудбалерот на Севиља објави емотивни фотографии со својата девојка, а нивните изрази на лицето покажуваат колку се сакаат и дека нивната љубов е силна. Анастасија седи зад него и го прегрнува, додека тој не ја трга насмевката од неговото лице. Овие фотографии открија и какви тетоважи има Гудељ на своето тело, а под нив имаше доста коментари. - Љубов која ќе трае вечно. Бидете среќни сто години! Колку убав пар. најхармоничен пар! Засекогаш заедно во добро и во лошо. Нека трае, Тасо, вечно. И двајцата сте убави, совршен пар - ова се само дел од коментарите. Инаку, двајцата веќе некое време се на море, а со нив е и возачот на фудбалерот Рашид. Пред тоа сите заедно го посетиле Требиње. Секој ден го поминуваат на еден од најубавите шпански острови, а ги посетуваат и најпознатите клубови од каде објавуваат слики на Инстаграм. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ]]>

Погледнете ја интимната забава на Рајковиќ: Ана сподели романтични моменти со Предраг, по повод нејзиниот роденден (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poglednete-ja-intimnata-zabava-na-rajkovik-ana-spodeli-romantichni-momenti-so-predrag-po-povod-nejziniot-rodenden-foto/ Wed, 01 Mar 2023 11:59:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291203

Сопругата на фудбалерот Предраг Рајковиќ, Ана Рајковиќ го прослави својот 27 роденден, а дел од атмосферата од прославата сподели на мрежите. Ана на својата инстаграм приказна ги воодушеви сите со фотографија на која се бакнува и гушка со сопругот, а тука се и нивните два сина. - Кога тато ја бакнува мама - напишала Ана со емотикон на смајли што плаче од смеа. - Ви благодарам за убавите желби - додала Ана.
Инаку, Предраг и приреди изненадување, купи торта со црвен дизајн и многу срциња, а фотографијата ја сподели на мрежите, па може да се каже дека нивната љубов цвета и дека се заљубени исто како на првиот ден.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Predrag Rajkovic (@rajkovicpredrag)

- Среќен роденден на најдобрата мама и сопруга на светот. Те сакам најмногу на светот – напиша тој. Ана Рајковиќ, да потсетиме, се најде во центарот на скандал кога, како што и самата раскажа, нејзините пријатели и наместиле афера во Катар додека се уште траело Светското првенство. Тогаш Ана беше доведена во врска со друг спортист од репрезентацијата. Таа жестоко ги демантираше озборувањата, а подоцна откри дека нејзините пријатели ја измислиле приказната за, наводно, да и се одмаздат што отпуштила еден од нив од нејзината продавница, како и дека застанала на патот на лагите со помош на полицијата. - Карма е кога другите ви ги рушат ѕидовите, а подоцна истите паѓаат врз нив - напиша неодамна Рајковиќ, а потоа објави и семејни фотографии со сопругот и синовите. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ најде утеха во бринета: Девојката на Дарио воопшто не личи на популарната актерка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/poraneshniot-soprug-na-angjelka-prpikj-najde-uteha-vo-brineta-devojkata-na-dario-voopshto-ne-lichi-na-popularnata-akterka-foto/ Thu, 29 Dec 2022 10:04:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282127

Набргу по разводот, поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ најде утеха во бринета, а набрзо и ја открија својата врска во јавноста. Во медиумите стана вирална веста дека актерката Анѓелка Прпиќ е бремена со најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг, Дариј Прпиќ. Анѓелка се разведе од Дариј Прпиќ во 2020 година, со кој го има синот Јакша. Како што тогаш пишуваа тамошните медиуми, нејзината жешка сцена во машината за перење со колегата Драган Миќановиќ во серијата „Жени од Дедиња“ им ја нарушила врската. Наводно, Дарио и направил проблем на Анѓелка по емитувањето на епизодата на телевизија, бидејќи тој тврдел дека таа ги надминала границите на глумата и дека премногу се внела. Набргу по разводот, Дарио најде утеха во занесна бринета, а набрзо и ја открија својата врска во јавноста. Познато е дека извесна Ана, со која е во врска, има и син од првиот брак, исто како Дарио со Анѓелка. Тие двајца не кријат колку се заљубени, а на јавноста редовно и покажуваат колку уживаат во својата љубов. Фото:Принтскрин/Дамир Дервишаѓиќ/Инстаграм]]>

Какви се мажите во сексот кога се заљубени? https://arhiva.vistina.com.mk/kakvi-se-mazite-vo-seksot-koga-se-zaljubeni/ Wed, 28 Sep 2022 13:30:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269028

Сексот на почетокот на врската обично е возбудлив и поинаков од оној во другите врски, но кога тој ќе почне да се заљубува, сексот почнува да станува сосема поинаков. Ова се дел од знаците по кои може да се заклучи дека врската не му е само за забава, туку дека е лудо заљубен. Ве бакнува почесто и подолго
Бакнежите се многу интимен чин. Поради тоа, начинот на кој ве бакнува е еден од знаците дека интензивно размислува за длабока врска и гледа иднина со вас. Ако ве бакнува почесто и подолго од претходно, по целото тело, сака да ви стави до знаење дека му се допаѓате и дека се грижи за вас. Посветен е во сексот Мажот кој сака само да ужива во сексот, а не и во врската, нема да се труди многу околу предиграта и времето што ѝ е потребно на жената навистина да се возбуди. Кога е заљубен ќе се потруди да бидете задоволни во сексот до најмал детаљ и да почувствувате дека тоа му е важно. Опуштен е и свој Кога мажот е опуштен, релаксиран и не брза да си замине по интимните моменти, тоа е добар знак дека е заљубен или почнува да се заљубува. Од истите причини, нема да се труди да ве импресионира постојано и да ви докажува дека е совршен во сѐ, туку ќе ја покаже неговата ранлива страна и ќе ви се доверува за најинтимните работи, вклучувајќи што сака во сексот и во врската.
]]>

Антонија Шола позираше со десет години помладото момче: „Ова е вистинска љубов, баш сте слатки …“ https://arhiva.vistina.com.mk/antonija-shola-pozirashe-so-deset-godini-pomladoto-momche-ova-e-vistinska-ljubov-bash-ste-slatki/ Mon, 27 Jun 2022 08:56:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256042

Хрватската пејачка Антонија Шола (43) и музичарот Марио Регеља (32) од бендот „Љубавници“ минатата година ја потврдија врската, а сега на социјалните мрежи споделуваат и  фотографии на кои се многу заљубени. Имено, пејачката на Инстаграм сподели неколку фотографии на кои позира со десет години помладиот дечко. „Секогаш со мене“, напиша Шола под објавата. И Марио на својот Инстаграм профил ги објавил  фотографиите на кои Антонија му седи во скут и со рака го гали по лицето, а ниту еден од нив не ја симнал среќната насмевка од лицето. „Моја“, кратко напишал Марио во описот на фотографиите. Бројните фанови не ја пропуштија приликата и им напишаа безброј комплименти. „Најубаво кога ве гледаме заедно и насмеани“,„Чувај ја како зеницата во твоето око “,„Ова е вистинска љубов, баш сте слатки“, „Да се сакате до крајот на животот. Ви посакувам здравје и среќа“ - им на пишале следбениците. Фото:Принтскрин/Инстаграм/antonija_sola

Не им го дозволувајте ова на потенцијалните партнери: Задржете ја самопочитта дури и ако сте заљубени https://arhiva.vistina.com.mk/ne-im-go-dozvoluvajte-ova-na-potencijalnite-partneri-zadrzete-ja-samopochitta-duri-i-ako-ste-zaljubeni/ Tue, 05 Oct 2021 12:15:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221817

Многу луѓе се препуштаат на шармот на заведување на потенцијалните партнери, толку заслепени и заљубени, честопати се занемаруваат во желбата што е можно поскоро да влезат во емотивна врска со личноста што им се допаѓа. Иако самодовербата се гради со текот на годините и потребно е да се работи на тоа со едукативни видеа и разговори со психолози, како и со разговори со себе, така што е можно да се применат некои работи од животното искуство и на во исто време корист за вашата личност .. Има работи што треба да ги прекинете, кажете НЕ на вашиот потенцијален партнер, за да не ја поткопате вашата самодоверба:
  • Не „трчајте“ по вашата симпатија по секоја цена, вие му дозволувате да го води вашиот живот без да сте свесни за тоа. Вљубувањето понекогаш ве заслепува, затоа борете се мудро за себе
  • Ако сте признале на потенцијален партнер дека ви се допаѓа и сакате да започнете врска, и тој не прави ништо и „ве влече за нос“, поставете граница, немојте повторно да се молите за љубов
  • Ако вашата симпатија се навредува од вашите одлуки и постојано ги наметнува нивните, не кимајте со главата за се, заземете го својот став, а понекогаш, дури и ако не се чувствувате така, кажете НЕ, личноста од другата страна ќе ве цени повеќе.
  • Не купувајте го вниманието на другото лице со почитување на неговите идеи, ако нешто или одлука би ве мачела надвор од таа ситуација, кажете го тоа. Ценете се себеси!
извор: Попара.мк]]>

Не губете го времето: 4 знаци дека сте заљубени во погрешна личност https://arhiva.vistina.com.mk/ne-gubete-go-vremeto-4-znaci-deka-ste-zaljubeni-vo-pogreshna-lichnost/ Wed, 22 Sep 2021 12:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220197

Љубовта е слепа, а кога сме заљубени не ги гледаме погрешните нешта кои нѝ се наоѓаат пред носот. Најлошото се случува дури кога ќе дознаеме дека партнерот бил неверен или кога многу ќе нè повреди и тогаш сфаќаме дека сме заљубени во погрешна личност. Она што често го игнорираме во една врска се малите знаци кои укажуваат дека нешто не е во ред, а во продолжение дознајте кои се тие:

Постојано барате време со партнерот

„Ќе ти се јавам подоцна“, „Денеска бев зафатен/а, ќе разговараме утре“, „Премногу сум уморен/уморна за зборување“ - ако сето ова ви звучи познато, запрашајте се дали сте со вистинската личност. Секако мора да земете предвид дека личноста која ја сакате не е секогаш слободна, но постои тенка линија која ја прави разликата. Ако вие сте тие кои постојано бараат нечие време, но без успех, сетете се дека и вие сте драгоцени, токму како и вашето време.

Недостаток на комуникација

Иако недостатокот на комуникација сам по себе е јасен знак, некои работи сепак укажуваат дека врската е на прагот на пропаст, а тоа започнува така што партнерот започнува да ве избегнува. Ако тој нема за што да зборува со вас, не се труди да комуницира, ниту го интересира каде сте и како сте, време е да сфатите дека можеби врската не се одвива онака како што сте замислувале.

Врската зависи од нивното расположение

Ако разговарате само кога тој/таа е расположен/а, голема е веројатноста дека вашата врска нема долго да трае. Работите на тој начин не можат долго да функционираат, дури ни тогаш кога сакате. Размислете двапати пред да ѝ се препуштите во целост на таквата личност.

Нивните постапки не одговараат на нивните зборови

Вашата поубава половина може да ве опсипува со најубавите зборови за тоа колку ве сака, но ако следниот ден вие ги преиспитувате тие зборови дали се вистинити, ја имате погрешната личност покрај вас. Ако забележите дека партнерот е добар само на зборови и сè што зборува не го покажува преку дела, би било добро навремено да ја преиспитате ситуацијата. извор: точка.мк ]]>

Познатиот музичар „одлепи“ по русокосата „ураганка“: „Има да му направам незаборавен дочек и провод во Србија… да не му се враќа дома“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-muzichar-odlepi-po-rusokosata-uraganka-ima-da-mu-napravam-nezaboraven-dochek-i-provod-vo-srbija-da-ne-mu-se-vrakja-doma-foto/ Thu, 27 May 2021 09:05:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204397

Атрактивните девојки од групата „Ураган“ привлекоа големо внимание како во регионот, така и во Европа, настапувајќи на како претставнички на Србија на годинешната Евровизија. Така, русокосата Ивана Николиќ му го привлече вниманието и на славниот рапер Flo Rida. На нејзиниот Инстаграм се појави нивна заедничка слика, но и неколку лајкови на американскиот рапер на другите објави на сексаспилната пејачка. Сега таа откри дека останале во контакт, но и оти тој и е напишал „дека се вљубил во неа“. „ Признавам дека останавме во контакт, тој веднаш ме засследи на Инстаграм, а јас закачив фотографија со него. Го пофалив и него и неговата работа, на што тој ми возврати дека е заљубен во мене. Фло беше воодушевен од нашата песна и ја научи напамет“ - тврди Ивана. Русокосата додаде дека и таа „одлепила по него“. „Му реков отворено: „И јас се заљубив во тебе“. Се шегувам малку, но момчето е навистина убаво, симпатичен е и привлечен. Тој е тотално нормално момче. Јас навистина би сакала да дојде овде кај нас во Србија и да го печекам како што треба. Би го однела на нашите сплавови, во српските кафеани. Ќе му дадам да проба ракија. Доаѓањето во Србија би било незаборавно за него, ќе му приредам дочек и провод да не му се враќа дома. Како и на сите светски лица кои сакаат да се вратат повторно назад,  откако еднаш ќе дојдат во Србија“ - додаде Ивана. Фото: Инстаграм принтскрин/ivana_boom_nikolic/official_flo