заладување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 20 Jan 2018 10:41:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заладување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Денес облачно со повремени врнежи, утре нагло заладување https://arhiva.vistina.com.mk/denes-oblachno-so-povremeni-vrnezi-utre-naglo-zaladuvanje/ Sat, 20 Jan 2018 10:41:58 +0000 http://vistina.mk/?p=10275

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Во ноќните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Температурата ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне девет степени. Утре ќе преовладува облачно и постудено време, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините со снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а во вечерните часови врнежите ќе се поместат на исток. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.
]]>