закон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Mar 2023 08:57:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png закон – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Тајзи со песна повикува на канабис легализација, само едно заборава: Дека со тоа, токму тие што до ова дереџе не доведоа, најмногу „ќе процветаат“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tajzi-so-pesna-povikuva-na-kanabis-legalizatsija-samo-edno-zaborava-deka-so-toa-tokmu-tie-shto-do-ova-deredhe-ne-dovedoa-najmnogu-ke-protsvetaat-foto/ Wed, 01 Mar 2023 08:57:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291057

Легализацијата на канабисот или таканаречената марихуана со години е тема на полемики не само кај нас во Македонија, туку и низ многу европски земји. Отсекогаш постоеле две спротиставени струи: Едните - ЗА, другите - ПРОТИВ! Едните со став дека е тоа лек, другите дека е дрога. За едни обична релаксација за други здравствена контаминицаја, според едните сосема безопасна при рекреативна употреба, според другите „тивок убиец“ на умот, разумот и свеста. Како и да е, во Македонија за време на владеењето на Зоран Заев како премиер и неговата свита министри составена од СДСМ, ДУИ и останатите коалициони партнери, се донесоа измени во закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, односно легализација на марихуаната, ама само за медицински цели. Односно народски кажано, можеш да добиеш дозвола да  имаш фирма која одгледува коноп, но исклучиво за научни и медицински цели. А први што едвај ги дочекаа законските измени и отворија такви фирми, беа токму оние кои тие измени и ги донесоа... Тогашниот премиер и фамилијата му! „Бонбона бизнис“ претвотрен во канабис масло. Или што би рекле, на легализацијата и се израдуваа само оние што ја донесоа... За себе и својот џеб! Онаа другата легализација на „билката“, за релаксација и рекреација и понатаму е под забрана. Токму затоа оние што се поборници за истата не престануваат да ја бараат и гласно да се залагаат за нејзина легализација. Дури и низ песната, каква што е оваа, најновата на кумановскиот (т)рапер Тајзи, чија песна „Legalize“ (Легализирај) осамна деновиве во етерот и на Јутјуб. Пејачот низ стихови полни горчина, но и полни вистина ја опишува денешната реалност во Македонија, очајот и убиствената безнадежност, економската и духовната беда, социјалната сиромаштија,  општата апатија... и сите можни и неможни аномалии во општеството до кои политиката не доведе. Кога е веќе така, кога сме го допреле дното, Тајзи им се придружува и ги поддржува оноие кои бараат на народот да му дозволат свевиден „издувен вентил“ преку легализација на канабисот, сето тоа пакувајќи го во песната „Легализирај“. „Песнава е ироничен приказ за се она што легитимно и легално ни го сервираат и секојдневно не трујат, а парадоксално ни забрануваат нешто што природата ни го дала... Зошто оваа билка од која се прави масло кое лечи многу болести е нелегална? Зошто е бизнис само за големите тајкуни, а во меѓувреме се апсат деца за една цигара? Кога веќе уништивте се што вредеше во ова земја. Кога веќе ги избркавте децата од својот дом. Кога веќе ги донесовте луѓето до работ на егзистенцијата. Кога веќе јавно слушаме за вашите криминали,корупција, непотизам и реваншизам. Кога веќе јасно гледаме дека сте истото зло кое се менува на неколку години. Легализирајте канабис барем малку народов да олабаи... А башка економијава што ви „цвета“ можеби малку ќе живне. Што би кажал еден мудар човек: Во Македонија трезен не се живеее! П.С Ја не дувам за другарче прашувам!“ Ова го споделил Тајзи во најават на песната на својот Инстаграм профил, но се чини едно нешто заборавил.  Дека со легализацијата, токму тие што до ова дереџе во кое се најдовме не доведоа, најмногу „ќе процветаат“!  Народот од очај „напушен“, животот на тајкуните и нивните деца уште побогат и пораскошен. Ние „лажно релаксирани“, нивните милијарди мултиплицирани! Па сега ти види и бирај: „Билката“ да остане под забрана или... „Легализирај“? (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Северина повеќе не ги почитува законите: Казната што и следи е огромна (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/severina-povekje-ne-gi-pochituva-zakonite-kaznata-shto-ja-sledi-e-ogromna-foto/ Thu, 15 Sep 2022 09:58:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267095

На Северина Вучковиќ, која долги години се бори за старателството над синот Александар со поранешниот сопруг Милан Поповиќ, ѝ беше забрането да објавува фотографии со него на социјалните мрежи. Имено, во 2019 година, Општинскиот граѓански суд во Загреб донесе одлука Северина да ги избрише сите фотографии со синот од социјалните мрежи, како и да не ги објавува повеќе, а до сега таа се  придржувала до тоа. Сепак, пејачката на Инстаграм сподели две слики со синот Александар со кој била на кино. - Уживање во 90 минути чиста, неизвалкана емоција. Филмот „Летото кога научив да летам“ нè потсетува на детските грижи со слатката Софија, која беше на летен одмор со баба и. Драги родители, однесете ги вашите деца во кино. Затоа што децата можат се! За нас двајца киното е задолжително читање, но на екран. Децата се мали луѓе кои треба да ги слушаме и молчиме . Искрено и спонтано. Тоа никогаш не смееме да го заборавиме – напиша пејачката во описот на фотографиите со синот, кој со широка насмевка на лицето позира покрај мајка си. Да потсетиме, Северина го доби Александар од врската со српскиот претприемач Милан Поповиќ, а неодамна пејачката се најде во фокусот на јавноста поради расправија со нејзината сестра Маријана, со која се скарала во домот на нивната мајка Ана. Фото:Принтскрин/Инстаграм/Северина]]>

И јас „врескам“ Ламбе: „Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност“!  https://arhiva.vistina.com.mk/i-jas-vreskam-lambe-koga-nepravdata-stanuva-zakon-otporot-stanuva-dolznost/ Wed, 08 Jun 2022 08:25:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253405

Веста дека е пронајден и уапсен сторителот кој ја запали влезната врата на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, вчера, вторник, 7. јуни 2022 год. молњевито се прошири низ медиумите и социјалните мрежи. Се разбира шокот беше заради неговото име и презиме, откако се дозна дека починителот е познатиот македонски пејач Ламбе Алабакоски? Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја обзнани веста со таква гордост на својот Фејсбук, небаре  уапсил терорист од светски ранг, ала Осама Бин Ладен или наркобос од калибарот на Пабло Ескобар! Превирањата започнаа, Ламбе разбирливо беше тема на денот во сите медиуми, а социјалните мрежи веднаш по веста зовреа. Колку да се очекуваше мислењата во ваков случај да бидат поделени, зашто логично би било никој да не оправдува решевање на проблемите по пат на починува кривични дела, сепак јавноста спротивно на тоа, застана на страна на правдината и правдата. Или поточно (не)правдата, но не онаа судската, законската, туку онаа човечката, што нам Македонците како судбина ни се провлекува и повторува откога е света и века.   Поддршката за Ламбе Алабакоски не како починител и како причина, туку како последица од бројните неправди што сиве овие години ни се нанесени, прерасна во еден вид „социјален отпор“, а самиот Ламбе во негов, своевиден симбол. Власта затечена од за неа, неочекуваната рекцијата на народот, логично почна „да тера правдина по законска основа“, арно ама по се' изгледа дека никој повеќе во „нивната правдина“ не верува, зашто на сите им е јасно дека е крајно неправедна, непринципиелна и селективна! Гореа живи луѓе во болница, греа во автобус, гореше канцеларијата на Претседателот на државата, гореа Македонски пошти, тепаа луѓе на улица,  газеа живи луѓе на пешачки премин, удираа полицајки од пајакот... и тогаш одговорност немаше. Ама затоа драконски казни за настаните од 27 април - имаше. Да можеа, сите на доживотна робија ќе ги испратеа! И не само тоа, туку преќутното аминување на востановувањето „сомнително фашистичко дувло“ среде акутен проблем од кој ти зависи опстанокот на државата е „самоубиствен“ чин сам по себе, а перчењето на големи ѕвона со експресното расчистување на последиците од сопствената глупост, е глупост на квадрат! Но, сопственото членство можеш да го лажеш, иако и тоа потајно веќе не ти верува, ама сите останати не можеш... Зашто не само што не ти веруваат туку отворено ти (по)кажуваат дека топорењето во сопствената мизерија, е само ново ставање на политичката јамка на сопствениот врат. Зашто следното ќе биде, некој да ти го шутне столчето! Затоа Ламбе и ја добива поддршката во толкава мера... Затоа народот „вреска“: И јас сум Ламбе!  Не заради чинот на палење, кој никој не го оправдува, туку заради чинот на пркос и достоинство, храброст, одважност да се спротистави на неправдата... Впрочем, и самите од власта пред да дојдат на власт, се возеа на главниот слоган: „Нема правда, нема мир“? Или сега „баш ги заболе“, па го заборавиле?  Кога така им чинеше и самите го пресликаа истиот од славниот мексикански револуционер Емилиано Запата: „Ако нема правда за народот, нека нема мир и за владата“ Конечно, ова што им се случува (и допрва ќе им се случува), е само последица на нивното безумно владеење. Зашто... „Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност“!  Е затоа... „И јас врескам“ Ламбе!    ]]>

Нема милост за никого: Пријовиќ, Мириќ, Ѓани… овие српски ѕвезди го прекршија полицискиот час и карантинот, па добија затворски казни (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nema-milost-za-nikogo-prijovikj-mirikj-gjani-ovie-srpski-dzvezdi-go-prekrshija-policiskiot-chas-i-karantinot-pa-dobija-zatvorski-kazni-foto/ Mon, 06 Apr 2020 08:43:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=143368

Законот важи за сите, па така  Третиот основен суд во Белград осуди неколку лица на 10 месеци затвор, вклучувајќи познати фудбалери и пејачи, кои ја прекршија забраната за собирање повеќе од две лица во затворен простор, откако  полицијата ги фати и приведе во хотелското лоби на еден познат хотел како пијат. Меѓу осудените, кои претходно признале во Третото основно обвинителство дека не го почитувале законот и покрај забраната за собирање повеќе од две лица во затворено, се пејачите на народна музика Радиша Трајковиќ -Ѓани и Митар Мириќ, сопругата на Ѓани - Слаѓана, како и нивниот син Милош, но и познатиот фудбалер и српски репрезентативец, Александар Пријовиќ. Сите дале изјави во обвинителството и го признале кривичното дело: непочитување на здравствени регулативи за време на вонредна состојба и епидемија и склучиле спогодби за признавање на вината со што добиле казна секој од по три месеци куќен притвор. Судот ова го прифатил и истиот ден пресудите станале конечни. Ова за српски Курир го потврдила Ивана Милекиќ, портпарол на Третото основно обвинителство во Белград. Инаку, оваа казна е помала казнета за нарушување на самоизолацијата, за што следува казна од три години затвор. Како што се дознава, само идната снаа на пејачот Ѓани, Нина Јездимировиќ е пуштена од слобода затоа што е бремена. „Точно е за сè што стои во кривичната пријава, јас сум виновен“ - признал Ѓани.. Вина за кршење на прописите на јавно место изречени заради коронавирус признал и фудбалерот Александар Пријовиќ, кој како и останатите уапсени, прифатил да помине три месеци во куќен притвор. Тој рекол дека  жали за сето она што се случило. Пријовиќ и неколку други гости во ресторанот пред да бидат уапсени од полицијата, се обиделе да го избегнат притворот со тоа што отпосле се најавиле како гости на хотелот. Веројатно помислиле дека имаат право да останат на местото како гости, па некои од нив, кои биле фатени скоро два часа по упадот во полицијата, се пријавиле преку телефон или преку страницата Букинг и резервирале хотелски соби, но тоа не им помогнало“ - велат очевидци. И пејачот Митар Мириќ, кој подоцна се изјасни за виновен, на почетокот тврдел дека тој само накратко дошол во хотелското лоби за да си ја земе за дома нарачаната храна, иако не било така.]]>

Полов апартхејд: Родител 1 или 2… а всушност, само голема нула! https://arhiva.vistina.com.mk/polov-aparthejd-roditel-1-ili-2-a-vsushnost-samo-golema-nula/ Tue, 26 Feb 2019 11:23:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75427

Откако „го решија“ името, партнерите 1 и 2...  сосе останатите од владеачката коалиција заедно со граѓанските приврзоци, тргнаа да ги решаваат и другите важни прашања во државата, преку закони. Еден од „најважните“ закони за нив да ти бил законот за заштита од дискриминација. Така уште во средината на март за прв пат ќе сме добиеле закон за заштита од новиот облик на дискриминација, таканаречаната сегрегација. Најдискриминирани во нашава Македонија да ти биле оние од ЛГБТ популацијата. А да ги прашаш што тоа им е забрането: да учат, да студираат, да работат, да спортуваат, културно да се издигнуваат, да веруваат, рекреираат, забавуваат, да водат љубов...? И уште на илјада и едно ШТО? - немаат одговор! Освен еден: дека се по дифолт дискриминирани! Ок, се! Зашто не можат да раѓаат! Ама како да им објасниш дека тој закон е Божји, а не собраниски? А брак? А пред матичар да застанат? И дете да усвојат? Тоа се тезите и барањата за нивната наводна „дискриминација“. А, повторно не сфаќаат или само така им чини, дека она што Бог не го озаконил, ниту еден закон не може да ти го компензира! Затоа веста дека во Србија ќе се избрише „мама и тато“ а ќе се воведе нов закон за Родител 1 и Родител 2, ги вознемири и разбранува духовите и во Македонија. Зашто таков закон, под називот „Закон за спречување и заштита од дискриминација се“, подготвува и кај нас, па под плаштот на наводната дискриминација на мала група... знаете веќе што, ќе треба да прифатиме да бидеме дискриминирани сите ние останати од мнозинството. Чист полов апартхејд! Сексуалната ориентација и родовиот идентитет божем сега се предмет на дискриминација, а со законот за сегрегација скроен по мерка на нивното га*е, демек нема да бидат. Ама затоа дискриминирани ќе бидеме сите ние што сме „стрејт“! И наместо тато и мама ќе бидеме родител 1 и родител 2? А во учебниците ќе озваничиме дека мажот не ги прави, а жената не ги раѓа, туку штркот ги носи децата како „нулти родител“? Или што би рекле „родоносец“! Па сите едвај ќе го чекаме да се врати од југ, а во меѓувреме родителот 1 ќе има секс со родителот 2 само заради обострано задоволство, а врстата ќе ни ја продолжува...? Е кој де? Имаат ли на тоа прашање одговор „дискриминираните законобаратели“ како и „законодавците“ од партнерската 1 и 2 коалиција? И кој тоа ќе биде Родител 1, а кој Родител 2? Мажот или жената? И како тоа практично ќе изгледа и звучи? „Сине оди кај број 2 и кажи му дека број 1 ќе му ја... растури бројката“!? Родител — оној кој родил односно обезбедил потомство. Машките и женските единки се парат и раѓаат  потомство, со што машкиот родител станува татко, а женскиот родител станува мајка. Така пишува во литературата. Така беше до сега. Ако прифатиме да бидеме законски дискриминирани наместо божем дискриминираните, од човечки единки ќе станаме само... бројка! Родител 1 или 2... А, всушност, само една голема нула!]]>

Го прекрши законот: Дејвид Бекам мора на суд следниот месец https://arhiva.vistina.com.mk/go-prekrshi-zakonot-dejvid-bekam-mora-na-sud-sledniot-mesec/ Thu, 30 Aug 2018 09:07:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45287

Невоља во рајот? Очигледно ни тој не е така совршен како што мислиме сите. Нешто порано овој месец почнаа да им се случуваат непријатности. Се почна кога семејството Бекам замина на одмор во Индонезија каде имаше земјотрес. Тие стигнаа само неколку часа пред да се случи катастрофата, а подоцна споделија разни фотографии од летувањето, уверувајќи ги фановите дека се е во ред. Сепак, изгледа дека овој месец поранешниот фудбалер ќе биде полош отколку што почна. Имено, Бекам наводно мора да се појави на суд бидејќи возел со недозволена брзина на автомобилот. Сослушувањето е закажано за 4-ти септември.]]>

Иако им се родители, Кејт и Вилијам не се старатели на своите деца https://arhiva.vistina.com.mk/iako-im-se-roditeli-kejt-i-vilijam-ne-se-starateli-na-svoite-deca/ Thu, 23 Aug 2018 12:10:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=44437

Сигурно се запрашавте како е можно родителите да не бидат старатели на сопствените деца, но во кралското британско семејство тоа е можно. Имено, според закон стар 300 години, малите принцови и принцези се под старателство на монархот на Англија, а тоа е кралицата Елизабета. Па така, кога родителите сакаат да ги однесат децата надвор од земјата, дозвола треба да добијат од старателот.
Законот е воведен од страна на кралот Џорџ Први, кој владеел околу 1700 година. Кога принцот Чарлс ќе стане крал, ќе биде старател на децата на Вилијам и Кејт, како и на идните наследници на Хари и Меган.]]>