закон за сообраќај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 Jun 2020 08:14:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png закон за сообраќај – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Слоба Радановиќ и неговата девојка имале сообраќајна несреќа во Белград https://arhiva.vistina.com.mk/sloba-radanovikj-i-negovata-devojka-imale-soobrakjajna-nesrekja-vo-belgrad/ Tue, 23 Jun 2020 08:14:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155069

Слоба Радановиќ доживеал сообраќајна несреќа сношти во 22 и 45 часот во Белград, пишуваат српските медиуми. Несреќата се случила во Земун, а Слоба биле неговата девојка Јелена и уште еден пријател. Тројцата се чувствуваат добро и поминале без сериозни последици. Потсетуваме, само еден пред тоа Слоба го прослави својот 30ти роденден.]]>

Како законот за безбедност на сообраќајот на патиштата го регулира проблемот со прскање пешаци https://arhiva.vistina.com.mk/kako-zakonot-za-bezbednost-na-soobrakjajot-na-patishtata-go-regulira-problemot-so-prskanje-peshaci/ Fri, 17 Nov 2017 12:24:44 +0000 http://vistina.mk/?p=5291

РСБСП направи кратка анализа за тоа како овој проблем е регулиран во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и какви резултати дава неговото спроведување во пракса. Како законот го регулира ова прашање? Во членот 124 став 2 и 3 од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ (Сл.весник на Р.М. бр.169/15), е предвидено: (член 124, став 2) Возач кој се движи со возило по коловоз на која има вода, е должен да го приспособи возењето така да не ги прска пешаците, возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли. Колку е казната за непочитување на законот? (член 124, став 3) Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставот (2) на овој член. Сторителот на овој прекршок, на кој му е издаден мандатен платен налог, може да ја плати глобата во рок од осум дена или во рок од 30 дена од истекот на рокот за плаќање на глобата да регистрира негативни бодови според местото на живеење. Ако сторителот доброволно не ја плати глобата  или не регистрира негативни бодови, мандатниот платен налог има сила на извршна исправа и се доставува до надлежниот орган за присилно извршување. Утврдување на прекршокот: Согласно Законот за прекршоците (Сл.весник на Р.М. бр.124/15), доколку прекршокот е утврден од страна на полициски службеник -лично или со помош на соодветни технички средства, полицискиот службеник составува записник и на сторителот му издава Мандатен платен налог за уплата на предвидената глоба. Во случај кога прекршокот не е констатиран од страна на полициски службеник или со помош на соодветни технички средства, пешакот може да поднесе пријава во Полициска станица за што се составува записник за прием на пријава, после која доколку се обезбедат потребните докази, на сторителот на прекршокот ќе му биде издаден Мандатен платен налог согласно наведената процедура. Колку прекршоци се регистирани во 2017 година? Според евиденциите со кои располага Одделот за криминалистичко разузнавачка анализа и извештаи во Министерство за внатрешни работи, во текот на 2017 година  не се регистрирани прекршоци по член 124 став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. РСБСП со апел до возачите да бидат внимателни и толерантни кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот.  Сите ние сме пешаци, а златното правило во животот и во сообраќајот гласи „ Не им го прави на другите тоа што не сакаш другите да ти го направат на тебе“.
]]>