Жаклина Стевковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Feb 2023 12:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Жаклина Стевковска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Акустичарски концерт во „Јавна соба“: „Љубов и вино за прегратка“ https://arhiva.vistina.com.mk/akusticharski-kontsert-vo-javna-soba-lubov-i-vino-za-pregratka/ Wed, 01 Feb 2023 12:23:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286939

На 14. февруари, вторник од 20 ч. ве покануваме заедно да ги прославиме Денот на вљубените и Св.Трифун на концертот насловен: "Љубов и вино за прегратка"!
Настапуваат доајените на некогаш многу силната македонска акустичарска сцена, која денес веќе и ја нема: Јаков Дренковски, Аљоша Симјановски, Џина Папас- Џокси, Жаклина Стевковска и Александар Стефановски – Јаблан.
Билетите се по цена од 400 ден. и истите може да ги набавите во барот на „Јавна соба“ или на самиот влез пред почетокот на концертот.
Повелете заедно да уживаме во безвременските стихови и настапот на овие петмина фантастични музичари!
]]>

Лазар Аврамовски и македонските акери Владо Јовановски, Сенко Велинов и Жаклина Стевковска, во џезирано-оркестрирана верзијата на познатата народна песна – „Излегол невен Пејо по Шар Планина” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lazar-avramovski-i-makedonskite-akeri-vlado-jovanovski-senko-velinov-i-zhaklina-stevkovska-vo-dhezirano-orkestrirana-verzijata-na-poznatata-narodna-pesna-izlegol-neven-pejo-po-shar-planina-video/ Wed, 18 Jan 2023 06:33:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284731

Познатата македонска народна песна „Излегол невен Пејо по Шар Планина” доби уште една преработка... И тоа овој пат мошне необична, зашто овој пат песната ја изведуваат неколкумина познати македонски актери: Владо Јовановски, Сенко Велинов и Жаклина Стевковска, кои што му даваат на аранжманот соодветна епска лирика која со себе ја носи самата песна. „Идејата се роди по сеќавање на еден другар на радио емисијата од 80-тите години „Поздрави и честитки на наши слушатели. Емисијата ја имаа скоро сите радио станици во бившата Југославија. Најбарана песна беше Излегол невен Пејо и се одлучив да дадам свој печат на едно време и на една песна која паѓа во заборав, аранжманите, оркестрациите и партитурите за хорот ги работев краток период“, ќе изјави композиторот Лазар Аврамовски. Во песната учествува и џез триото: Гоце Стевковски, Горан Гешовски и самиот композитор Аврамовски, како и гудачки оркестар и академскиот хор Мирче Ацев под диригентска палка на Јасмина Ѓорѓеска. Како звучи музичката изведбата на македонските актери и останатите изведувачи и музичари во новата верзија на композиторот Лазар Аврамовски на „Излегол невен Пејо по Шар Планина”, проследете од видеото во продолжене (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Жаклина Стевковска ќе ве потсети дека животот нема реприза и секој ден е – „Посебен ден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/zaklina-stevkovska-kje-ve-potseti-deka-zivotot-nema-repriza-i-sekoj-den-e-poseben-den-video/ Fri, 08 Jul 2022 10:52:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257780

Македонската кантавторка и актерка, Жаклина Стевковска која повеќе од четири децении е активна на македонската музичка сцена, по пауза од една година се враќа со нова песна. Последното од неа го слушнавме во 2001-ва година на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2001“ каде настапи со песната „Мојот град“. Сега таа се враќа со драматичната балада „Посебен ден“, на која таа самата е автор на музиката и текстот, додека аранжманот го направил Кокан Димушевски - клавијатуристот на легендарните „Леб и сол“, а песната е снимена во студиото „До-Ре-Ми“. Музички исклучително зрела, аражмански беапрекорно спакувана, со моќни стихови кои длабоко емотивно допираат до душата, преиспитувајќи го сопственото его, стравовите и смислата на сопственото постоење и опстојување во двојка,  во секој ден кој е важен и посебен.  „Посебен ден“ е своеиевидна урбана беседа за љубовта која толку многу ја посакуваме, а толку себично или ја чуваме за себе или безсмислено ја расфрламе. По нејзината легендарна „Писма неотворени“, се чини дека ова е една од најсилните теми на Стевковска со која акустичарската кантавторка се преставува себе си и своето музичко творештво. Темата е визуелизирана со едноставно, но доволно добро видео кое ја пренесива силната порака вткаена во песната и нејзините стухови: „Чувајте се себеси, своите сакани и блиски секој ден, зашто животот нема реприза и... секој ден е посебен!“ Проследете ја  во продолжение „Посебен ден“ на Жаклина Стевковска:  ]]>

„Театар Комедија“ овој петок со онлајн настап на пет актери на сцената во дворот на театарот https://arhiva.vistina.com.mk/teatar-komedija-ovoj-petok-so-onlajn-nastap-na-pet-akteri-na-scenata-vo-dvorot-na-teatarot/ Thu, 21 May 2020 13:13:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150904

НУ Театар Комедија и оваа седмица продолжува со своите предвидени активности од вонредната сцена.
Oвој пат на сцената ќе застанат петмина актери, кои, распоредени на соодветната дозволена дистанца, ќе се обидат со својот настап барем за миг да ја разведрат публиката. Вклучувањето во живо е закажано за в петок, со почеток во 20:30 часот од сцената во дворот на театарот. Актерите, техниката и управата се подготвуваат интезивно оваа седмица, информираат од Театар Комедија.
Публиката ќе може да ужива во настапите на актерите: Жарко Димоски, Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Ева Скендеровска и Дритон Вејсели.