зајакнуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Mar 2022 12:32:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зајакнуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 3 витамини кои му се најпотребни на нашиот организам напролет: Го зајакнуваат имунитетот и штитат од разни болести https://arhiva.vistina.com.mk/3-vitamini-koi-mu-se-najpotrebni-na-nashiot-organizam-naprolet-go-zajaknuvaat-imunitetot-i-shtitat-od-razni-bolesti/ Wed, 09 Mar 2022 13:00:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242425

Иако температурата овие денови стигнува и до нулата, факт е дека пролетта нѝ „тропа на врата“, а по долгата зима и обилните оброци, на нашето тело му се потребни нутриенти кои ќе го нахранат организмот и ќе му обезбедат правилно функционирање. А тука се поставува прашањето: кои витамини е најважно да ги земаме напролет и во кои намирници се наоѓаат истите?

Витамин Ц

Витаминот Ц е неопходен за имунитетот, крвните садови како и за одржување на младешкиот изглед и еластичноста на кожата. Во текот на зимата и почетокот на пролетта обично го нема доволно во исхраната бидејќи сè уште нема сезонско свежо овошје и зеленчук. А во цитрусите го нема во доволна количина бидејќи увезеното овошје се бере кога сè уште не е доволно зрело, па содржи мала количина на аскорбинска киселина. Освен тоа, во текот на складирањето и транспортот губат значајно количество од витаминот. Затоа најдобар избор на овој витамин се киселата зелка и смрзнатите бобинки. За да ја задоволите дневната потреба за витамин Ц, доволно е секој ден да јадете 150-200 грама кисела зелка. Оваа намирница исто така содржи пребиотички компоненти како диететски влакна и млечна киселина кои помагаат во оптимално функционирање на цревата и помагаат во зајакнување на имунитетот. Одличен избор на витамин Ц се и смрзнатите бобинки, како на пример црвените и црните рибизли.

Витамин А

По зимата, на телото му се навистина потребни витамини растворливи во масти, особено витамин А. Помага во одржување на состојбата на кожата и имунитетот. Прекурзорот (соединение кое учествува во хемиска реакција со која се произведува некое друго соединение) на витамин А - каротеноидот, го има во изобилство во морковот, тиквите и пиперките. Но, не е доволно само да внесувате овошје и зеленчук. Витамин А има во голема количина и во црниот дроб од бакалар - во 100 гр. има 4 пати повеќе од препорачаната дневна доза. Оптималниот дневен внес изнесува 25 грама дневно.

Витамин Б

Витамините од групата Б помагаат во смирување на нервите, обновување на кожата и поттикнување на менталните активности. Повеќето витамини од групата Б се наоѓаат во говедскиот џигер. Оваа намирница е всушност витаминска „бомба“ бидејќи содржината на некои витамини од оваа група достигнуваат 100 отсто од препорачаната дневна доза. извор: точка.мк]]>