зајакнува имунитет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 24 Jun 2021 11:30:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зајакнува имунитет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Полна со витамин Ц, железо и јод: Рецепт за чорба која го зајакнува имунитетот https://arhiva.vistina.com.mk/polna-so-vitamin-c-zelezo-i-jod-recept-za-chorba-koja-go-zajaknuva-imunitetot/ Thu, 24 Jun 2021 12:00:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208285

Цвеклото содржи речиси се од минерали, но најзастапени се калиумот, железото, манганот, бакарот, јодот и сулфурот. Од витамини најприсутни се витамините Б1, Б2, фолна киселина како и витаминот Ц. За разлика од останатиот зеленчук, цвеклото содржи и одредена количина на кобалт кој им се препорачува на вегетаријанците, односно веганите кои не консумираат млеко, месо, сирење и јајца, а кобалтот е неопходен во синтеза на витаминот Б12. Од друга страна, морковот е богат со витамините А, Ц, К и Б8, како и со фолати, калиум, железо, бакар и манган. Меѓутоа, повеќето благотворни својства на морковот потекнуваат од бета каротенот и растителните влакна. Потребни состојки: - 3 лажички маслиново масло - 500 гр. морков - 500 гр. цвекло - 1 црвен кромид - 1,7 литри вода - 1 кисело јаболко (или компир, целер, пашканат) - 1 лажичка сол - мелен црн бибер - 3 цм. корен од ѓумбир или 1/2 лажичка ѓумбир во прав - сок од половина лимон Начин на подготовка: На маслиново масло пропржете го ситно исечканиот кромид. За тоа време излупете ги морковите и исечкајте ги на коцки, а потоа истото направете го и со цвеклото. Пропржете го зеленчукот заедно со кромидот со повремено мешање. Потоа додајте 1,7 литри топла вода и ставете го исечканото јаболко или компир и ѓумбирот, ако користите свеж. Варете 30-тина минути, па тргнете го тенџерето од оган. Изладете го малку зеленчукот пред да го ставите во блендер. Изблендирајте и вратете ја смесата во тенџерето, а потоа зачинете со сол, бибер и лимонов сок (и додајте ѓумбир во прав). извор: точка.мк]]>