загрижена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 05 May 2023 09:16:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png загрижена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Викторија Лоба ги загрижи нејзините пријатели на Инстаграм: „Болничка е“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/viktorija-loba-gi-zagrizhi-nejzinite-prijateli-na-instagram-bolnichka-e-foto/ Fri, 05 May 2023 08:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300726

Македонската пејачка со руско потекло, Викторија Лоба,  често споделува фотографии од нејзините настапи, од  нејзиниот стил на облекување  но често покажува и докажува  дека е  и голем љубител на животните, бидејќи три години ужива во друштвото на нејзините миленичиња, кучeнцата од расата Померанец. Таа честопати од нив споделува симпатични фотографии на кои тие слатко позираат. Лоба неодамна со нив славеше и први Мај и ги прошета низ градот Охрид.
Но овој пат со нејзините следбеници и пријатели сподели дека нејзиното милениче сега е болно. Имено, Лоба објави загрижувачко видео со кое покажа и на кое лесно се забележува дека Дунче не е како што треба. Но и таа самата напиша: „Болничка е Дунче“ - стоеше на објавата на социјалната мрежа Инстаграм заедно со многу тажен и загрижувачки емотикон, со кој потврдува како се чувствува таа во овие моменти. Инаку, оваа раса на кучиња, померанец, е доста популарна периодов и нивната цена на пазарот за миленици се движи околу илјада евра. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Викторија Лоба]]>

Лепа Брена е истовремено загрижена и лута: „Тој кога нешто ќе одлучи …! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-e-istovremeno-zagrizhena-i-luta-toj-koga-neshto-ke-odluchi-foto/ Mon, 06 Feb 2023 11:43:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=287511

Слободан Боба Живојиновиќ со години носи вишок килограми. Некогаш најпосакуваниот спортист по повлекувањето од тениските терени целосно го промени физичкиот изглед. Имено, сопругот на регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена никогаш не крие колку е гурман и колку ужива во сите гастрономски специјалитети, што го навело до фактот дека не може да се справи со вишокот масни наслаги. Медиумите често шпекулираат за тоа што се случува во домот на Живојиновиќ на Бежанијска коса, па често можеме да прочитаме дека здравјето на легендарниот тенисер е сериозно загрозено. Но, тој лично откри дека здравјето на Боба Живојиновиќ не било нарушено. - Пишуваат за тоа, но јас не обрнувам внимание. Знаете како, јас работам по дваесет часа, сега за сега фала богу добро сум, резултатите покажуваат добри параметри. Дека имам вишок килограми, тоа е точно, но некако ги носам – низ насмевка изјавил Боба за „Story“, додека Брена додала: - Здравствената состојба на Боба е толку интимна тема што не сакам да ја споделувам со јавноста. Кога ќе одлучи нешто, ќе го направи тоа. Истото важи и за сите луѓе кои се борат со килограмите - не можеме да ги присилиме, но треба да им помогнеме сами да го решат проблемот. Затоа верувам дека кога Боба сака да го реши тоа ќе го направи, бидејќи досега во животот постигнал се што наумил. Се надевам дека и ова ќе биде. Фото: Принтскрин/Иван Вучичевиќ/Свет.ср]]>

Душица Јаковљевиќ испрати јасна порака до сите жени, го спомна и нејзиниот здравствен проблем https://arhiva.vistina.com.mk/dushica-jakovljevikj-isprati-jasna-poraka-do-site-zeni-go-spomna-i-nejziniot-zdravstven-problem/ Fri, 28 Oct 2022 11:32:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273328

Водителката Душица Јаковљевиќ присуствувала на хуманитарна изложба на фотографии посветена на жените кои боледуваат од рак на дојка. Имено, водителката на самиот почеток на разговорот истакнала дека секогаш во животот наоѓала време да оди на ботокс, но не и на лекар, а сега решила да го промени тоа. - Жените кои се борат со ракот се хероини. Им се восхитувам! Секогаш наоѓав време за ботокс, тетовирање, кафе со пријателите, но не и за редовни контроли. Имам 42 години и никогаш не сум направила мамограф! Се вразумив и ги закажав сите прегледи на кои ќе ја однесам и мојата 15-годишна ќерка. Научете да го цените животот пред да биде доцна - вели водителката и додава дека нејзини блиски луѓе се бореле со ракот: - Мојата поранешна свекрва имаше сериозен здравствен проблем, како и некои мои пријатели. Ме боли кога ќе помислам на тоа! Душица избегнувала редовни контроли бидејќи се плашела да оди на лекар. - Имав постојана главоболка два дена. Мојата пријателка Даница Максимовиќ беше загрижена поради тоа и ме замоли да одам на преглед. На крајот отидов на лекар и фала богу не беше ништо сериозно, туку инфекција на синусите. Имав повеќе среќа отколку памет. Фото:Принтскрин/Часлав Вукојичиќ]]>

Вереникот на Меган Фокс скрши чаша од глава и крвав го продолжи концертот, а еве ја нејзината реакција (фото +видео) https://arhiva.vistina.com.mk/verenikot-na-megan-foks-skrshi-chasha-od-glava-i-krvav-go-prodolzi-koncertot-a-eve-ja-nejzinata-reakcija-foto-video/ Fri, 01 Jul 2022 11:19:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=256699

Раперот Машин Ган Кели ги почестил своите пријатели со „крвав настап“  откако скршил чаша шампањ на главата за време на забавата што се одржала по неговиот концерт и со крвава глава го напуштил местото, заедно со неговата свршеница, познатата актерка, Меган Фокс, пишува Дејли Мејл. Работата да биде уште полоша, сето тоа го објави на својот  Инстаграм профил.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by the Blonde Don (@machinegunkelly)

32-годишниот музичар брзо ја почнал следната песна додека толпата му подавала марамчиња за да го запре крварењето. По забавата, Машин Ган Кели го напуштил местото облеан во крв и држејќи се за рака со својата партнерка Меган. Неговата розова мрежеста маица исто така била извалкана со крв, како и вратот и рацете. На социјалните мрежи почна да кружи реакцијата на актерката за однесувањето на нејзиниот вереник:
@thetcup #mgk #meganfox #fyp #healthadepopit ♬ original sound - TheTcup
Како што можете да видите на видеото, таа прво е изненадена, а потоа загрижена за партнерот. Фото:Принтскрин/Инстаграм/machinegunkelly/Профимедиа]]>

Не сака да ги плаши Вељко и Цеца: Богдана Ражнатовиќ загрижена за своето здравјe https://arhiva.vistina.com.mk/ne-saka-da-gi-plashi-veljko-i-ceca-bogdana-raznatovikj-zagrizena-za-svoeto-zdravje/ Mon, 10 Feb 2020 11:08:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133440

Вељко и Богдана Ражнатовиќ уживаат во својот брак и едвај го чекаат раѓањето на нивниот наследник. Меѓутоа, бидејќи Богдана не сака да биде во центарот на вниманието, идната мајка крие дека не се чувствува најдобро. Едноставно, не сака да ги плаши сопругот и Цеца. „Богдана е способна и силно девојче, а откако е бремена никој не ја слушна да се жали. Не е напорна трудница. Одлично и напредува бремноста, редовно оди на контроли, но во последно време често мора да го мери крвниот притисок кој во бремност и се зголемува. Тоа е нормално, но таа се вознимирува и се плаши дека нешто ќе се случи на бебето“ вели изворот и додава: „Докторите велат дека тоа е нормално, но дека притисокот ќе се регулира по породувањето, но мора да го следи. Затоа Богдана дома има апарат за мерење на притисок, но кога и зголемен притисокот не сака да каже на Вељко и Цеца. Знае дека Вељко ќе се вознимири, а не сака да го плаши пред неговите борби, ниту пак сака да ги пореметува професионалните и приватни планови на свекрвата. Доста и беше што во текот на бременоста се откажа од работата, а беше многу активна“ вели изворот. Вељко и Богдана на почетоктот на оваа година ќе се реализираат во улога на родители, а како што истакнаа нивниот син кој ќе се вика Жељко.]]>