загреете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 27 Dec 2023 12:20:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png загреете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Имате проблем со ладни стапала? Постојат природни начини да ги загреете! https://arhiva.vistina.com.mk/imate-problem-so-ladni-stapala-postojat-prirodni-nachini-da-gi-zagreete/ Wed, 27 Dec 2023 12:20:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332692

Многумина имаат проблеми со студени стапала. Овој несакан ефект можете да го решите со подебели чорапи, масажи и одредени намирници. Дали ви се ладни стапалата? Прстите ви се грчат затоа што и онака ви е лоша циркулацијата. Проблемот е што нема доволно мускули кои можат да ви ги загреат нозете, па може брзо да замрзнат. Храна која ја забрзува циркулацијата За малку да ги олесните „зимските нозе“, внесувајте храна која ја забрзува циркулацијата, како рибино масло или ѓумбир. Намалете ја количината на кофеин и зголемете ја дозата на цитрус. Магнезиумот е секогаш добро решение, па можете да го внесете преку свежа храна, како банани и блитва или преку додатоци во исхраната. Масажа на стапала Покрај тоа, секоја вечер пред спиење масирајте ги стапалата со масло од рузмарин, а секоја втора вечер мијте ги во леген. Истурете топла вода во едната и ладна вода во другата, па наизменично ставете ги стапалата во првата, па во втората. Важно е да бидете сигурни дека постапката секогаш ја започнувате и завршувате со топла вода. Секој дел од тој едноставен домашен третман треба да трае околу триесет секунди. Извор: Попара]]>

Нов изум на Швеѓаните – смислија како бесплатно да ја загреете цела куќа https://arhiva.vistina.com.mk/nov-izum-na-shvegjanite-smislija-kako-besplatno-da-ja-zagreete-cela-kukja/ Mon, 04 Nov 2019 14:40:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116417

Некои се греат на дрва, некои на плин, а некои на компјутери. Различни се начините на кои се грееме за време на студените месеци, но сепак, Шведска е дефинитивно пред времето. Познато е дека Швеѓаните се еколошки и технички напредна нација. Но, нивниот најнов технолошки проект ги изненади сите и е сигурно голем новитет во еколошките технологии. Имено, во еден дел на Стокхолм, во населбата Скарпнак, се гради голема база на податоци. Сите кои поседуваат компјутери знаат колку тие се загреваат, но сигурно на никого не му паднало на памет дека таа енергија може да се искористи за греење на домаќинствата. Швеѓаните се сетиле на тоа и со топлотната енергија на компјутерите ќе се загреваат околу 30 илјади домаќинства. Целиот проект го води компанијата „Фортум“, а според нивните предвидувања, компјутерите во иднина би можеле да греат повеќе од 10 проценти од куќите и зградите. Од таа причина и од градските власти одлучиле дека во Стокхолм се потребни повеќе компјутерски центри. Главниот град на земјата чиј слоган е „во чекор со времето“, со ова ќе стане уште повеќе еколошки напреден.Тие веќе некое време дел од топлината го добиваа и од отпад. извор: курир.мк]]>