загинати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Jul 2022 21:27:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png загинати – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најстраотните сообраќајни несреќи на ѕвездите од македонската и регионалната естрада: Само неколкумина добија втора шанса! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/najstravichnite-soobrakjajni-nesrekji-na-dzvezdite-od-makedonskata-i-regionalnata-estrada-samo-nekolkumina-dobija-vtora-shansa-foto/ Sat, 02 Jul 2022 08:00:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=69435

Сообраќајните несреќи за жал, оставија трага во животот на многу познати лица од естрадата. Се разбира кај оние кои за среќа ги преживеаја тие страшни моменти, а неизмерна тага, длабока болка и вечна жалост кај семејствата, обожавателите, јавноста... по оние кои прерано ги загубија своите животи во тие страшни трагедии.
Тоше Проески е еден од оние по кои тагуваше не само Македонија, туку и целиот регион, Балканот, па и светот, откако го загуби својот живот во сообраќајната незгода. Почина на 16 октомври 2007 година во сударот во близина на Нова Градишка, а во моментот на несреќата патуваше кон  Загреб. Во сообраќајна незгода, возачот на автомобилот беше полесно повреден, како и менаџерката на Тоше, Љиљана Петровиќ.
„Триангл“ ќе останат како запаметени по тоа што се првата македонска рок група која во својата авторска музика вметнува етно елементи и македонски фолклорни мотиви. За жал, брилијантните гитарски импровизации на тогашниот музички гуру на групата, гитаристот Борче, ќе згаснат заедно со неговиот живот. Тој во почетокот на 80-ите, само неколку години од основањето на бендот  ќе загине во тешка сообраќајна несреќа на денешната улица „Васил Ѓоргов“ во скопската населба Козле, во која ќе бидат тешко повредени и некои од останатите членови на групата, меѓу кои и денес се' уште активниот музичар и лидер на реоформените „Триангл“, басистот Кокан Пандиловски.
Од оние познати македонски естрадни ѕвезди што на ваков несреќен и насилен начин прерано го загубија животот, секако уште најмногу се памети страшната сообраќајна несреќа во која на 31 август 1983 година, на патот  Куманово-Свети Николе загинаа популарната македонска пејачка на забавни песни Сашка Петковска - Липша, како и трите главни члена на првата македонска балетска група „Авона“ - Вељко Павичевиќ (26), Петранка (27) и Евдокија (23).
Во истата несреќа загинаа 9 лица, меѓу кои и естрадни уметници, нивни пријатели, колеги, како и припадници на тогашната ЈНА.  Автобусот во кој патувале требало да оддржи концерт за припадниците на  ЈНА кои се наоѓале на извршување на редовните обврски кај Свети Николе.
Покрај овие три, Македонија уште ќе ја памети и големата трагедија што се случи во 1995 година на патот Охрид - Скопје, кога во страшна сообраќајна несреќа животот го загуби познатиот македонски композитор, текстописец и пејач, Владимир Нејашмиќ - Бато, во чиј паркиран автомобил крај патот удри друго возило. Во трагичната несреќе животот покрај него го загубија и неговата сопруга и малотната ќеркичка. Бато беше познат како автор на музиката на многу  поп, фолк, детски песни и композиции и стихови за нив, меѓу кои и текстот на легендарната „Свирете ја зајди, зајди“ со која Олгица Христовска победи на „Макфест“ 1992. година.  Од регионот,  најсвежо ни е сеќавањето кога една од најголемите југословенски ѕвезди на народна музика Шабан Шаулиќ им подлегна на повредите со кои се здоби во тешка сообраќајна несреќа во Германија. Шеесет и седумгодишниот Шаулиќ настрада рано утротоо на 17 февруари 2019 год. на пат за Дортмунд, во близина на Билефелд, на враќање од концертот што претходната вечер го одржал во овој град. Тој по несреќата итно бил префрлен во болница, каде што починал. Сообраќајката ја предизвикал пијан и дрогиран возач, Германец со турско потекло.
Кон крајот на 2018 година српскиот фолк пејач Дарко Лазиќ беше примен во КБЦ Земун по ужасната сообраќајна несреќа на патот Суботиште-Брестац. Едва преживеа, а денес тој сè уште се справува со последиците.
Во 2013 година, пејачката Вања Мијатовиќ доживеала сообраќајна несреќа на враќање по концертот од Нови Сад кон Белград. Возилото го возел нејзиниот колега, Стефан Петрушиќ, а со нив била и сега екс сопругата на Дарко Лазиќ, Ана Севиќ. Сите тројца, за среќа, поминале без сериозни повреди.
Дарко Радовановиќ и неговиот менаџер, Александар Милошевиќ, починаа во јуни 2011 година во сериозна сообраќајна несреќа што се случи на обиколницата на Оструњски мост до Сурчин. Пејачот остави зад себе сопруга и ќерка.
Љубиша Стојановиќ - Луис го загуби животот на возраст од 59 години, кога со својот автомобил во јули 2011 година преминал на другата коловозна лента и преизвикал директен судир со друго возило, управувано од унгарски државјанин.
Кон крајот на летото во 1986 година, во сообраќајна несреќа на тлото на Херцеговина, прерано згаснаа животите на две млади сараевски рок ѕвезди:  Дражен Ричл - Зијо – тогашниот гитарист и пејач на групата „Црвена јабука“ и Аљоша Буха, басистот на бендот. Несреќата се случила додека патувале накај Мостар, каде требало да одржат концерт. Дражен изгубил контрола над воланот по лизгавиот асфалт и починал набргу по сообраќајката. Буха, со тешки телесни повреди бил префрлен во Белград на лекување, но починал две недели подоцна на дваесет и четиригодишна возраст. Дражен Ричл со групата „Црвена јабука“ сними само еден - нивниот прв албум, по што местото на главен вокал го презема тогаш нивниот клавијатурист, Дражен Жериќ - Жера.
Фолк иконата на 70-ите, пејачката Силвана Арменулиќ, почина во ужасна несреќа што се случи пред 42 години. Нејзината трагична смрт тогаш предизвика големо внимание во јавноста, особено поради бројните мистериозни околности што ги следеше несреќата. Небојша Савељиќ, член на групата „Монтенегрос“, почина на 28 годишна возраст во 1999 година,  во сообраќајна несреќа на патот Подгорица-Цетиње, кога со автомобилот удри во карпа. Со него настрадаа и неговата девојка Тања и неговиот пријател Аца. Ипче, помладиот брат на фолкерот Јашар Ахмедовски  имал само 28 години, кога загинал во сообраќајна несреќа во јули 1994 година на Ибарската магистрала, во близина на селото Шопиќи кај Лазаревац. Во Загреб низ една од градските улици на хрватската престолнина  во далечната 1993 година, со автомобилот загина и познатиот кантавтор Томислав Ивчиќ, кого екс-југословенската публика го памети по големиот далматински хит “Вечерас је наша фешта”…]]>

Карлеуша соопшти дека во страшната сообраќајка го загуби својот најголем фан во Македонија: „Бобане ти благодарам… Засекогаш ќе бидеш во моето срце“ https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-soopshti-deka-vo-strashnata-soobrakjajka-go-zagubi-svojot-najgolem-fan-vo-makedonija-bobane-ti-blagodaram-zasekogash-kje-bidesh-vo-moeto-srce/ Fri, 15 Feb 2019 09:32:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=72933

Кога треба да се жнее популарност, претворена во илјадници евра хонорар, регионалните ѕвезди се први да и се умилкуваат на македонската публика. Се до моментот додека не си ја завршат работата. „Држи воду, док мајстори оду“ - како што вели токму една нивна поговорка. Кешот в џеп, и штом го поминат Табановце, следува зборав... на неодреденои време! До следната тезга во Македонија! Чуден е светот во кој љубезноста, љубовта  и емпатијата се искажуваат само кога е сопствениот интерес во прашање. Така е и овој пат, по страшната сообраќајна несреќа во Македонија, кога животот го загубија голем број млади луѓе, а уште повеќе патници се повредени. По неа, за разлика од домашните, на прсти можат да се избројат ѕвездите од регионот кои искажаа жалење, изразија сочувство или на било кој друг начин јавно се огласија. Жељко Самарџиќ, Сека Алексиќ и... таа... Јелена Карлеуша!
Српската фолк дива  ја потресе веста за страшната сообраќајка во која 14 луѓе, воглавном малди, ги загубија животите. особено што меѓу нив,беше еден од нејзините најголеми фанови и обожаватели, младиот студент на ФОН, Бобан Аврамовски. На неговото и на семејствата на сите останати жртви таа преку социјалните мрежи веднаш им упати  сочувство.
„Во страшната сообраќајна несреќа во Македонија, животот го загубија  14 лица, а еден од нив е Бобан ... Бобан беше мој голем обожавател и ми даде многу љубов и поддршка. Бобан ... Ти благодарам. Засекогаш во моето срце. Сочувство на семејството. Сочувство до сите кои ги загубија своите најблиски ", - напишала Јелена на својот Инстаграм профил, објавувајќи ја фотографијата на младиот студент, па ја споделила пораката во своите Инстаграм приказни. Потег за почит и „капата долу“ на фолк дивата... и покрај сите нејзини лични хирови и приватни војни во животот!]]>