загинал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Jun 2023 11:58:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png загинал – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Осумдесет години од смртта на Рацин https://arhiva.vistina.com.mk/osumdeset-godini-od-smrtta-na-ratsin/ Tue, 13 Jun 2023 11:58:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306118

На денешен ден, 13 јуни 1943 година на Лопушник, кичевско, загинал Кочо Рацин еден од основоположниците на македонската современа книжевност. Koчо Рацин или Коста Солев (Велес, 22 декември 1908 – Лопушник, 13 јуни 1943) е македонски книжевник и социјалистички деец. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска книжевност, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ (Загреб, 1939) претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза. Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова – Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зеде од неговата втора љубов – Невенка Вуиќ. Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен. Творештвото на Кочо Рацин опфаќа неколку области: поезија, проза, историски списи, филозофски списи, литературна критика и есеи. Својот најголем придонес го дава во областа на поезијата, особено со својата стихозбирка „Бели мугри“, објавена во Загреб, во 1939 година. Стихозбирката е испечатена во 4.000 примероци и се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех. Треба да се споменат и двете стихозбирки „Македонски народноослободителни песни“ чиј уредник е Рацин. Првата излегува од печат на денот на неговата смрт, 13 јуни 1943 година, додека втората е објавена набрзо потоа. Секоја година, во недела, околу датумот на неговото загинување, 13 јуни, на планината Лопушник, се одржува планинарски марш во негова чест. Фото: Принтскрин/Библиотека Гоце Дечев  ]]>

Украина во солзи: Загина познатиот актер и ТВ водител кој и се приклучил на војската во одбрана на земјата (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ukraina-vo-solzi-zagina-poznatiot-akter-i-tv-voditel-koj-i-se-prikluchil-na-vojskata-vo-odbrana-na-zemjata-foto/ Tue, 08 Mar 2022 11:50:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=242197

Украинскиот актер и ТВ водител Паша Ли, кој ја напушти работата за да се приклучи на војската во одбрана на својата земја од руската инвазија, беше убиен при гранатирањето. Ли (33) штотуку им се приклучи на украинските територијални одбранбени сили минатата недела. Тој е убиен во бомбардирањето на Ирпин, северозападно од Киев, пренесува британски „Сан“. Во трагичната последна објава на „Инстаграм“ во саботата, Ли ја сподели својата слика во воена униформа. Во последните 48 часа имавме можност да седнеме и да фотографираме додека не бомбардираат, а се смееме затоа што ќе се снајдеме и се ќе биде за УКРАИНА. НИЕ РАБОТИМЕ!” Паша Ли го даде својот глас за синхронизација на холивудските филмови како „Хобит“ и „Кралот лав“. Неговата смрт ја потврди и Сергеј Томиленко, претседател на Украинската национална асоцијација на новинари. „Сан“ наведува дека уште четворица цивили, меѓу кои и тричлено семејство, биле убиени во Ирпин додека се обидувале да побегнат од бомбардирањето. Фото: Инстаграм принтскрин/pashaleeofficial]]>

Синот на пејачката Сузи Анѓелковиќ загинал во сообраќајна несреќа: Осамна стравично видео од фаталниот моментот на несреќата (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-pejachkata-suzi-angjelkovikj-zaginal-vo-soobrakjajna-nesrekja-osamna-stravichno-video-od-fatalniot-momentot-na-nesrekjata-video/ Tue, 22 Feb 2022 09:35:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240078

Веста за смртта на синот на фолк пејачката Сузи Анѓелковиќ, Робертино Илиевски го потресе регионот, најмногу Македонија и југот на Србија од каде е родум и каде пејачката често настапуваше. Младиот Робертино Илиевски (24), кој е роден во Македонија удрил со автомобилот  во дрво покрај улицата во Власотинце, а починал во Клиничкиот центар во Ниш. „Донесен е интубиран со едвај мерливи витални параметри и со многу тешки повреди, едноставно не можеше да се спаси“ - изјавил соговорникот од клиничкиот центар и додал: „Младото момче се здобило со тешки повреди на главата и градниот кош, но имал и други повреди. Тој бил реанимиран 45 минути, но, за жал, и покрај сите напори на лекарите, починал околу 23.45 часот. Очевидци на оваа страшна несреќа велат дека ударот бил страшен. „Слушнавме силен тресок и кога излеговме од куќата, го видовме автомобилот скршен на половина и забиен во дрвото однапред. Веднаш повикавме брза помош и полиција. Глетката била ужасна, крв насекаде на автомобилот и на патот“ - велат очевидците, а на социјалните мрежи осамна и видео од фаталниот момент.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by 192.RS (@192_rs)

Инаку Робертино живеел во Власотинце, а неговите пријатели откако дознале за несреќата и згаснувањето на неговиот млад живот,  се неутешни и се збогуваат со него на социјалните мрежи. Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/192-рс/Robertino Ilievski]]>

Нови детали за животот на судијата заради кој беше исфрлен Ноле: Лора пие од тага, откако синот и загинал во сообраќајна несреќа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/novi-detali-za-zivotot-na-sudijata-zaradi-koj-beshe-isfrlen-nole-lora-pie-od-taga-sinot-i-zaginal-vo-soobrakjajka-na-25-godini-foto/ Fri, 11 Sep 2020 08:56:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=166616

Нови моменти излегуваат на виделина за животот линискиот судија на УС опен, дамата поради која беше дисквалификуван Новак Ѓоковиќ. Српските медиуми веднаш открија дека Лора Кларк е љубител на добрата чашка и дека на многу фотографии може да се најде како се дружи со „неговото величество“ - алкохолот. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/lora-klark-liniskata-sudijka-zaradi-koja-novak-gjokovikj-beshe-diskvalifikuvan-prizna-deka-na-eden-turnir-pred-pred-6-godini-teniskoto-topche-ja-pogodilo-vo-usta-so-130-km-na-chas-no-sepak-nikoj-ne-be/ Сепак, најновите информации откриваат дека за тоа судиката имала и добра причина, откако Лора имала животна трагедија. Имено, во 2008 година нејзиниот 25 годишен син загинал во сообраќајна несреќа. По оваа  страотна несреќа, таа тешко се опоравила и тенисот и бил голема утеха... А веројатно и алкохолот.  ]]>

Загина Жељко Бебек е веста која го шокираше регионот… За среќа, информацијата е лажна! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zagina-zeljko-bebek-e-vesta-koja-go-shokirashe-regionot-za-srekja-informacijata-e-lazna-foto/ Thu, 02 Nov 2017 14:12:27 +0000 http://vistina.mk/?p=2462

На Фејсбук одненадеж се прошири веста дека легендарниот музичар и некогашен пејач на „Бијело Дугме“, Жељко Бебек, загинал во сообраќајна несреќа на автопатот во близина на Хамбург. За среќа, набргу се покажа дека ова е само уште една лажна вест, која по кој знае кој пат „погреба“  уште еден познат и популарен естраден уметник.
Веста за загинувањето на Бебек  го шокираше регионот, па набргу самиот пејач се појави и ги негираше овие гнасни лаги: „Прочитав и јас дека сум мртов, но за среќа тука сум жив и здрав. Во саботата имав феноменален концерт во близината на Чаковец и не ми фали ниту влакно на главата. Јас и мојот тим се обидуваме да го исконтактираме медиумот кој објави  ова, за да не продолжи да ја дезинформира јавноста. Но сега за сега немаме успех, бидејќи тоа е некој непознат или лажен портал и едноставно не може да се дојде до нив. Јас не знам од каде таа информација, ниту пак на кого воопшто му  одат ваквите вести во полза“ - изјавил Бебек и истакнал дека по ширењето на  лажните гласини стотици луѓе  се јавувале да проверат дали е жив, бидејќи тие  не можешле да веруваат во она  што го прочитале или слушнале.
Инаку на порталот пишувало дека „инцидентот се случил кога пејачот заспал на воланот, по што дошло до верижен судир во кој покрај Бебек, загинал и неговиот менаџер“. Ова не е првпат да се измислат лажни приказни за смртта на познати уметници од естрадата. Пред Жељко Бебек на таа, нималку пријатна листа исто така се најдоа и Аца Лукас, Драган Стојковиќ Босанац, Шабан Шаулиќ...]]>