загадување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Nov 2019 11:35:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png загадување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Десет совети за да се заштитите од загадениот воздух https://arhiva.vistina.com.mk/deset-soveti-za-da-se-zashtitite-od-zagadeniot-vozduh/ Thu, 07 Nov 2019 13:15:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117184

  • Светската здравствена организација ги охрабрува сите да се вклучат во борбата за почист и поздрав воздух. Еве неколку едноставни совети за заштита од опасностите кои произлегуваат од загадениот воздух:
  • Секојдневно проверувајте ги информациите кои се однесуваат на загаденоста на воздухот во вашиот град што се преземаат од мерните станици. Апликацијата „Мој воздух“ може да ви даде корисни информации.
  • Избегнувајте да вежбате надвор кога нивото на загаденост е високо. Наместо тоа, вежбајте дома и не излегувајте без потреба. Внимавајте и на тоа колку време вашето дете си игра надвор, ако воздухот е загаден.
  • Избегнувајте да вежбате близу сообраќајници. Дури и кога квалитетот на воздухот е означен со зелена боја, возилата на преполните коловози може да предизвикаат загадување во опсег од над 500 метри.
  • Користете помалку електрична енергија во вашиот дом. Употребата на електричната и другите видови енергија го зголемуваат нивото на загаденост. Со намалување на користењето на електрична енергија ќе го подобрите квалитетот на воздухот и ќе го намалите нивото на стакленичките гасови, а со тоа ќе ја зголемите вашата енергетска независност и ќе заштедите пари.
  • Користете ја енергијата од сончевите колектори. Нивното набавување неколкукратно ќе ви ги намали трошоците за струја. Бројот на сончеви денови кај нас е многу голем.
  • Користете го јавниот превоз, возете велосипед или електричен тротинет.
  • Немојте да палите шуми или отпадно ѓубре. Ваквата практика неколкукратно го зголемува нивото на загаденост и предизвикува огромни штети кои ќе се рефлектираат во иднина.
  • За греење користете печки на пелети. Ваквите уреди се дури и субвенционирани од државата.
  • Немојте да пушите дома и поддржете ја забраната за пушење на јавни места.
  • Немојте да фрлате ѓубре каде ќе ви текне. Грижете се за животната средина и барајте од локалните власти да обезбедат повеќе контејнери за селекција на отпад.
извор:кафепзауа.мк]]>

На Тамара Тодевска и „пукна филмот“: „Сега ќе ве пријавам, каде ќе ви оди душата“! https://arhiva.vistina.com.mk/na-tamara-todevska-i-pukna-filmot-sega-kje-ve-prijavam-kade-kje-vi-odi-dushata/ Mon, 12 Nov 2018 08:09:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57345

Уште од стартот на есента и почетокот на студениот период, сите се соочуваме со загадувањето кое за жал воопшто не е некое изненадување. Дали е виновен овој или оној, јасно е дека сите треба да бидеме загржиени на ваквата алармантна состојба и заеднички да се потрудиме околу проблемот. Отворена е телефонска линија на која граѓаните може да пријават загадување, а една од оние кои го направија тоа е пејачката Тамара Тодевска. Имено, како и минатата година кога најзагадените денови ги мина во родниот град на сопругот, Гевгелија, Тамара и сега го направи истото.
Но кога- тогаш мора да се врати во Скопје, а уште на пат кон дома и „пукна филмот“ од огромните облаци од чад кои ги сними на влезот од градот и го пријави загадувањето на службите.
-Се јавив на 193! Човекот беше изненадно пријатен и фин...Рекоа дека веднаш ќе пратат инспекции. На влезот на Скопје имаше минимум 5,6 места со црн чад. Јас не знам тие луѓе што палат и каде ќе им оди душата!!! – напиша Тамара.
фото:инстаграм]]>

Најголемата лага за загадувањето во Скопје! https://arhiva.vistina.com.mk/najgolemata-laga-za-zagaduvanjeto-vo-skopje/ Mon, 09 Jul 2018 07:16:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36865

Проблемот со загадувањето на Скопје вообичаено во лето се заборава, но тоа не значи дека тој ќе исчезне. Напротив, ќе стане топ-тема уште во првите есенски денови. Во минатата есен и зима Скопје речиси постојано беше меѓу топ 5 најзагадени градови во светот, а неколкупати се искачуваше и на самиот врв на оваа неславна листа. Граѓаните се жалеа дека буквално дишат отров и се задушуваат. Загадувачите на воздухот може да бидат различни, но главниот проблем во Скопје е од цврстите честички во воздухот – ПМ10 и ПМ2,5. Додека дозволеното ниво на ПМ10 честичките е 50 мг/м3, во Скопје во изминатата грејна сезона достигнуваше и повеќе од 1.000. Барајќи го виновникот за загадувањето во Скопје, прстот се насочува кон греењето на домаќинствата, кон автомобилите, фабриките и кон – Дрисла, која беше дури и казнета од градските власти (државниот инспекторат за животна средина). Сега, додека страстите се смирени, а загадување нема, иако, на пример, Дрисла и во летниот период работи на ист начин, решивме да ја посетиме скопската депонија и на самото место да се увериме во начинот на кој таму се справуваат со отпадот. Се изненадивме бидејќи воопшто не наидовме на проблеми, напротив – од Дрисла ни рекоа дека слободно може да дојдеме и дека тие ќе ни објаснат сè што нè интересира. Во Дрисла се обработува и се отстранува комуналниот отпад – се одлага, се набива и се покрива со неразградлив материјал и со хумус, за да не е во допир со воздухот. - Во нашата земја реално не постори друг објект за депонирање цврст отпад, кој притоа работи по современи технолошки стандарди. Овде отпадот не се пали, за разлика од дивите депонии во земјава, и ниеден од процесите што се применуваат не создава ПМ-честички. Всушност, единствен отпад што се согорува тука е медицинскиот, и тоа се прави по прецизно пропишани процедури и единствено кај нас – велат од Дрисла и потсетуваат дека пред неколку месеци на печката е поставен и филтер за намалување на штетните гасови. https://www.youtube.com/watch?v=W0qdMHwbUeY Она што е најинтересно е што Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Дрисла има поставено мерна станица за загадување, кое се следи постојано. Во текот на изминатата есен и зима, регистрираните вредности на ПМ10-честичките се движеа околу 40 мг на м3, вредности далеку од екстремните регистрирани во Лисиче или во Карпош каде беа и над 700 мг на м3. Во интерес на сите е да се утврдат вистинските загадувачи на Скопје и да се дејствува за да се неутрализираат. Но да се тврди дека тоа е Дрисла, очигледно е барање жртвено јагне. Според фактите, тоа е најголемата лага за загадувањето, која не му користи никому! Освен на вистинските загадувачи веројатно.    ]]>

Само една земја во светот не ја загадува планетата, а садат 50 илјади дрва за еден час! https://arhiva.vistina.com.mk/samo-edna-zemja-vo-svetot-ne-ja-zagaduva-planetata-a-sadat-50-iljadi-drva-za-eden-chas/ Thu, 03 May 2018 11:21:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24808

Речиси сите држави во светот емитуваат повеќе јаглен диоксид отколку што шумите може тоа да го апсорбираат. Меѓутоа една држава е поинаква. Бутан е единствената земја која најмалку го загадува воздухот и влијае на климатските промени.Оваа независна држава има околу 800.000 жители, a нејзината посветеност во одржувањето на здравата животна средина стана дел од националниот идентитет. За „National Geographic“, премиерот на Бутан пред две години изјави дека владата и нејзините монаси успешно работат на балансирање на економскиот раст и зачувување на животната средина. ]]>

Градоначалникот Шилегов побара идеи од граѓаните за аерозагадувањето, прв се јави Иван – Исцелител… и го најде лекот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gradonachalnikot-shilegov-pobara-idei-od-gragjanite-prv-se-javi-ivan-iscelitel-i-go-najde-lekot-foto/ Mon, 18 Dec 2017 11:45:20 +0000 http://vistina.mk/?p=6970

Загадувањето во Скопје достигна енормни размери! Не се диши ни со гас маска! Мерки, вакви, мерки онакви... на крај мерки никакви не се преземаат!  Градоначалникот Шилегов побара идеи од граѓаните како да се реши загаденоста во главниот град.
Прв се јави тој... Иван - Исцелител... Со чаре, како да се реши проблемот! Па, не џабе е исцелител... Не би го викале така, ако нема „лек за секој проблем“!
Еве го неговото „генијално предлог решение“, кое за жал заради презафатеноста не можеше да дојде лично да му го соопшти на скопскиот градоначалник, ама затоа „лекот“ го постираше на Фејсбук:
Останува да ја сочекаме одлуката на Шилегов... Ќе го прифати ли предлогот на македонскиот Исцелител, па при првата реконструкција на владата... еве ти кандидат за нов министер за екологија и животна средина. А, можеби може и веднаш.... за здравство!]]>

Луѓето со оваа крвна група се поотпорни на загадениот воздух https://arhiva.vistina.com.mk/lugjeto-so-ovaa-krvna-grupa-se-pootporni-na-zagadeniot-vozduh/ Thu, 23 Nov 2017 12:51:39 +0000 http://vistina.mk/?p=4619

Новите истражувања покажуваат дека типот на крвта може да го намали или зголеми ризикот од срцев удар како резултат на високи нивоа на загаденост на воздухот. Се работи за варијанта на ABO генот – која може да се најде само во A, B, и AB крвните групи. Кај овие луѓе, ризикот од срцев удар во периодите со значително загадување е повисок отколку кај луѓето со крвна група 0. Тимот на епидемиологот Бенџамин Хорн, од Intermountain Medical Center Heart Institute во Солт Лејк (Јута), ги анализирал податоците од пациентите на институтот заведени во периодот од 1993 до 2007 година. Идентификуван е подсет, т.е. подгрупа од пациенти кои имале акутен коронарен синдром (ACS) поврзан со краткорочна изложеност на високо ниво на PM 2.5 честици. Кога ги споредиле податоците, се покажало дека носителите на ABO варијантата наречена „rs687289 A allele“ имаат повисок ризик од проблеми со срцето при високи PM 2.5 концентрации. Но да не се сфатиме погрешно; кога концентрацијата на PM 2.5 честици ја надминува границата од 25 микрограми во кубен метар, ризикот се покачува кај сите луѓе. Само што, кај тие со нулта крвна група се покачува малку помалку. „Пред две години објавивме наоди што покажуваат дека штом се надмине таа граница (од 25 микрограми), секои дополнителни 10 микрограми загадување доведуваат до значително повисок ризик“, вели Хорн. „На нивоата под 25 микрограми, има мала, ако воопшто и има разлика меѓу степенот на ризик. Но на нивоа повисоки од 25 микрограми PM 2.5 на метар кубен, ризикот се зголемува линеарно“. Поконкретно, со секои 10 дополнителни микрограми PM 2.5 честици на метар кубен, ризикот кај луѓето со не-нулта крвна група се покачува за 25%, додека кај луѓето со нулта крвна група се покачува за само 10%. Нема фајде да се паничи, велат научниците, но добро е да бидете свесни за ова. Патем потсетуваат дека постојат начини вие самите да го намалите ризикот; за жал ништо револуционерно, туку стандардното – да не излегувате, да вежбате во затворени простори и редовно да си ги пиете лековите за срце (ако пиете). Студијата е објавена на конференцијата Scientific Sessions 2017 на Американската асоцијација за срце. PS. Не е прв пат крвната група да се покаже поврзана со срцевите проблеми. Една студија објавена во април, во која беа анализирани повеќе од 1.3 милион луѓе, исто така покажа дека луѓето со не-нулта крвна група имаат повисок ризик од кардиваскуларни проблеми, меѓу кои и срцеви удари (оваа студија е неповрзана со загадувањето). Тогаш не беа востановени каузалните механизми зад таквиот тренд. извор:365.мк]]>