загаден воздух – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Oct 2019 08:49:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png загаден воздух – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Која е вашата мерка?“: Водителката на „Брза кујна“ се откажа од комфорот на автомобилот поради загадувањето, а ова е најзината замена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/koja-e-vashata-merka-voditelkata-na-brza-kujna-se-otkaza-od-komforot-na-avtomobilot-poradi-zagaduvanjeto-a-ova-e-najzinata-zamena-foto/ Thu, 31 Oct 2019 08:49:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115571

Темата за загадувањето е повеќе од алармантна, а истата не засега сите без исклучоци! ТВ водителката Александра Илиевска за својата свесност околу оваа тема реши да преземе чекор и да не остане само на муабети, коментари на социјалните мрежи и полемизирање. Имено, таа се реши да биде одговорна со тоа што се откажа од комфорот на својот автомобил, па за превозно средство низ град избра да користи тротинет.
Во Македонија станува сè потешко да се изборите за чист воздух, а на сите нас ни е се потешко да ги напуштиме автомобилите и повеќе да се користи јавниот превоз или велосипед,тротинет инт.... Која е твојата мерка во борба против загадениот воздух?, прашува водителката во описот на својата фотографија каде позира со своето ново модерно превозно средство.
Изговори за тоа дека е студено, па не се вози велосипед или тротинет се излишни, секако за оние кои се во можност и состојба да ги користат. Тука е и јавниот превоз, а постојат уште начини како да и помогнеме на средината и на самите себе!]]>

Дишеш ли мирно градоначалниче Шилегов? https://arhiva.vistina.com.mk/dishesh-li-mirno-gradonachalniche-shilegov/ Wed, 21 Nov 2018 09:39:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58976

Скопје се гуши... магла, смог, чад, смрдеа... Попусто сите изустени зборови, декларативни залагања, празни предизборни ветувања... за почист воздух! Секојдневно нови апели, алармирања, повици... џабе! На власта „не и чуе“!
Централната гледа да и го испорача ветеното на Европа, Америка, НАТО... наместо да им ги испорача на граѓаните предизборните ветувања, заради што и ја донесоа на власт! Локалната пак, се однесува како да е „падната од Марс“. Заталкана, изгубена, залутана некаде во скопскиот смог и магла, секојдневно само сее „ветер во магла“, ама нивниот ветер никако да дувне! Божем ќе воведуваат мерки, црвени, жолти зелени еко налепници за возилата, класификација по старост, ЕУРО 2, 3, 4... стандарди на моторите, бесплатен градски превоз... И од сето тоа - ништо!
А кога сме веќе кај налепниците за возилата, автобусите и градскиот превоз... Се предлага категоризација на возилата по старост, изабеност, ЕУРО стандарди на моторите... Налепници за автомобилите вели еколошкиот министер,Макрадули?  А на „кршот“ од стариот градски превоз на ЈСП и приватните, што ќе му правиме градоначалниче Шилегов, а? Што налепница ќе му турите на овој од видеово, што чури како да оди на дрва? Како внатре скара на ќумур да се пече, а не да се возат луѓе? Па чури и чади бетер од „Фирма Крстиќ“ во „Ко то тамо пева?“ А сте го пуштиле во сообраќаен промет!
Или со скопската цементарница Усје, на пример... Ноќе чади, рано наутро исклучува, преку ден ги нема, како да се под стечај!? Па, ќе ни ги зацементираат грлата и ноздрвите, бре градоначалниче, свесен ли си и ти и тоа „шарената свита“ околу тебе, дека и вие живеете во овој град? Или и вие како Усје, маските за дишење ги ставате само навечер, кога никој не ве гледа?
Ама, маските оддамна паднаа и во оваа магла сега многу појасно се гледа кој  „сеел магла“ и глумел паталец само за да седне на местото на оние кои ги критикувал!
Сега ве нема нешто да се прошетате со истите тие маски низ скопските улици, така? На топло под клима полесно се дише, нели? Епа така е, ама не е така! Зашто во овој град живееш и ти и твоите блиски, твоите најмили, твоите дечиња...
Затоа размисли, како ли ќе им објасниш утре дека си бил на позиција, си бил во можност да сториш нешто, а не си направил ништо!? Во функционерската фотелја можеби и си привелигиран, ама на улица сите сме исти, го дишеме истиот овој воздух... скопски, загаден, смрдлив, отровен, канцероген..!  ]]>

Избркајте го загадениот воздух од вашиот дом со ова растение https://arhiva.vistina.com.mk/izbrkajte-go-zagadeniot-vozduh-od-vashiot-dom-so-ova-rastenie/ Tue, 19 Dec 2017 09:55:34 +0000 http://vistina.mk/?p=7100

Идеален е за одгледување во затворени простории – дневна соба или канцеларија.
Наместо да фрлате по стотици евра за електричен прочистувач на воздухот набавете го растението хлорофитум. Потекнува од Ј. Африка, а името го добил по зелената боја на своите трајни листови.
Станува збор за доста отпорно растение и успева во скоро секоја просторија. Таа е еден од најголемите прочистувачи на воздухот во домот – едно растение е доволно за 10м2 простор. Омилена е кај сите почетници во одгледувањето на растенија бидејќи е многу едноставна за одгледување.
При одгледување на хлорофитум, треба да обрнете посебно внимание на следните работи: при купување на хлорофитум, вимавајте на супстратот да биде умерено влажен и не смее да се исуши.
Дополнително, не смеете да претерате со премногу залевање бидејќи тоа може да доведе до трулеж.
извор:сител.мк
]]>

(ФОТО) Тамара загрижена за здравјето на Хана: Вакво чаре најде од загадувањето! https://arhiva.vistina.com.mk/foto-tamara-zagrizena-za-zdravjeto-na-hana-vakvo-chare-najde-od-zagaduvanjeto/ Fri, 15 Dec 2017 08:44:21 +0000 http://vistina.mk/?p=6722

Загадувањето во Скопје одамна го достигна црвениот аларм, а тоа уште го покажува и што е најзагадениот град во светот. Не е лесно да се живее и функционира во место каде сме свесни дека полека го губиме здравјето, а особено уште потешко е родител да замисли што дише неговото малечко дете. Пејачката Тамара Тодевска уште на почетокот од зимата и зголеменото загадување, поради таа причина замина за Гевгелија, родниот град на нејзиниот сопруг, за да не бидат директно изложени на загадувањето. Но по некое време, му се вратија на Скопје, а имаа што да зачекаат. Загрижена за здравјето на семејствто, пред се на малата Хана, мама Тамара ја однесе на Водно, од каде ја покажа страшната глетка.
Непробојниот отровен облак тотално го проголта Скопје. Фоографија на врвот, која за жал го покажува врвот на штетата која ја доживуваме.]]>