зафир хаџиманов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Apr 2021 13:00:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png зафир хаџиманов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зафир Хаџиманов испратен на вечното почивалиште https://arhiva.vistina.com.mk/zafir-hadzimanov-ispraten-na-vechnoto-pochivalishte/ Wed, 07 Apr 2021 13:00:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198068

Македонскиот пејач Зафир Хаџиманов кој исто така беше и филмски актер и композитор денеска беше испратен на своето вечно почивалиште. Тој ја загуби битката со  коронавирусот на 27 март минатиот месец, а денеска кругот на најблиското семејство и пријатели се простија за последен пат од него. Инаку телото на Зафир било кремирано, а неговиот син Васил преку социјалните мрежи објави дека урната ќе биде положена во алејата на заслужните граѓани. „Кога ќе заврши оваа грозна пандемија ќе направиме испраќање какво што треба и заслужува Зафир. Ќе го испратиме со песна и насмевка, баш така како што живееше тој целиот живот“ - напиша неговиот син, џез музичарот Васил. ]]>

Васил Хаџиманов реагираше на срамните коментари на „болните умови“ за причината на смртта на неговиот татко, Зафир: „Бруки нечовечни“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vasil-hadzimanov-reagirashe-na-sramnite-komentari-na-bolnite-umovi-za-prichinata-na-smrtta-na-negoviot-tatko-zafir-bruki-nechovechni-foto/ Wed, 31 Mar 2021 06:54:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196742

Македонскиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов кој голем дел од својот живот го помина во Белград, како што е познато пред три дена почина од последиците предизвикани од коронавирусот. Но уште неговата душа што се вели не стигна ни да се упокои кај Бога, а  неговиот син, познатиот џез музичар Васил Хаџиманов, доживеа низа непријатности  на социјалните мрежи од противниците на вакцинирањето, таканаречените „антиваксери“, кои „начекаа“ простор и ситуација за ширење на своите тези во вид на теории на заговор, овој пат за жал, на сметка на трагедијата на семејството Хаџиманови и името на покојниот Зафир.
Имено, на Фејсбук профилот на починатиот уметник, логично и нормално, луѓето оставаа бројни коментари, меѓу кои мнозинството изрази почит кон сето она што за својот живот и битисување Зафир Хаџиманов го направи, создаде и остави зад себе како творештво и своевидно музичко и културно наследство, секако сочувствувајќи со неговото семејството.
Но, се појавија и такви, кои на безумен и нечовечен начин најдоа причина да ја шират својата теорија, создавајќи паника и несигурност кај населениото со своите лажни вести, а во истовреме создавајќи му дополнителна болка, но и проблем на ионака ожалостеното семејство Хаџиманови.
Револтираните почитувачи на уметноста и музикатана Зафир Хаџиманов веднаш изреагирааа на ваквите јавни пишувања, потсетувајќи дека не е ниту момент, ниту место да се пласираат лажни вести и прават скандалозни заговори. Синот на Зафир,  Васил Хаџиманов и самиот се огласи на социјалните мрежи, видно револтиран и изнервиран од она што се случува за сметка на нивната семејна трагедија.
„На сите 'болни' кои овде ставаат срамни коментари им порачувам  дека татко ми почина како резултат на последици од Ковид -19 вирусот. Како тежок срцево болен пациент, тој не можеше да ги издржи последиците од вирусот. Да се ​​вакцинирате еднаш, да знаете што било подалеку од вашиот задник, не е доволно да се заштитите од овој страшен вирус. Ако видам друг сличен коментар тука или каде било, јас лично ќе се погрижам да ве најдам и да ве научам на памет како се однесува и што не се изговара или пишува на профилот на починатиот. Срамови едни нечовечки“ - напиша Васил на социјалните мрежи револтиран од претходно напишаното. Дел од српските медиуми  успејаа да го исконтактираат Васил Хаџиманов, кој одбил да ги коментира написите, туку само кусо додал: „Не би коментирал. Не сакам да се фокусирам на тие ужасни луѓе, туку на тоа кој беше Зафир и што остави зад себе“ - изјавил џез уметникот. Фото: Инстаграм принтскрин/vasil_hadzimanov]]>

Синот на Зафир Хаџиманов – Васил, со љубов и достоинство се прости од својот татко https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-zafir-hadzimanov-vasil-so-ljubov-i-dostoinstvo-se-prosti-od-svojot-tatko/ Mon, 29 Mar 2021 12:44:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196505

Пејачот, композитор и актер Зафир Хаџиманов почина денес како резултат на вирусот корона. Неговиот син Васил Хаџиманов, исто така голем уметник и музичар, напиша тажна проштална порака на својот Фејсбук профил и сподели илустрација од Зафир Хаџиманов. „Татко ми Зафир почина денес. Неговото големо срце не успеа да ја добие битката со оваа страшна болест. Зад себе остави вистинско богатство, од песни што толку маестрално ги пееше, преку неговите многубројни и разновидни композиции, поетски и прозни книги, сè до ненадминливите улоги во театарот и филмот. Тевија над Тевија!Но, пред и над сето тоа, тој секогаш несебично ја даваше својата огромна љубов, внимание и поддршка на своето семејство и најблиските. Сенка и тој беа еден од најталентираните и најубавите парови во историјата на овие простори. Непобедлива! Да бидат запаметени и почитувани! Те сакаме тато и ќе ни недостасуваш засекогаш! Ви благодарам на сите за зборовите за поддршка“ - објави Васил на Фејсбук.
]]>

Почина македонската музичка легенда Зафир Хаџиманов https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-makedonskata-muzichka-legenda-zafir-hadzimanov/ Sat, 27 Mar 2021 15:03:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196256

Почина познатиот македонски пејач, композитор, глумец и поет Зафир Хаџиманов. Српските медиуми јавуваат дека починал како последица од компликациите од коронавирус. Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци. Син е на еден од опрвите повоенио етномузиколози и своевремено уреник на редакцијата за народна музика во ради Скопје, Васил Хаџиманов. Завршил гимназија и музичка школа во Скопје. Во 1967 година дипломирал глума во Белград, откако претходно запишал фармацевтска школа. Зад себе Хаџиманов оставил 5.000 записи од македонски забавни и изворни песни. Речиси целиот живот го минува во Белград. Хаџиманов ги испеал познатите „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“. Во 2007 година бил промовиран за почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија. Глумел во неколку филмови меѓу кои и „Македонска крвава свадба“. Учествувал на многу фестивали во поранешна Југославија. Неговиот  син Васил Хаџиманов кој е познат џез музичар ја продолжи семејната традиција на семејството хаџиманови. Беше во брак со познатата Сенка Велетанлиќ, српска пејачка и актерка.]]>