заеви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Aug 2023 08:04:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заеви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Светски признатата македонска пејачка Тања Царовска со шокантен Фејсбук статус откако се „отру од смрдеата“ од фабриката на браќата Заеви: „Го дишат ли Зоран и Вице истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа и Ресен“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/svetski-priznatata-makedonska-pejachka-tana-tsarovska-so-shokanten-fejsbuk-status-otkako-se-otru-od-smrdeata-od-fabrikata-na-brakata-zaevi-go-dishat-li-zoran-i-vitse-istiot-vozduh-shto-go-dishat-bebin/ Fri, 04 Aug 2023 07:54:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312617

Тања Царовска позната македонска пејачка која со години живее и работи надвор од Македонија, во Англија. Таму каде што е најтешко да се успее, особено ако не си „нивен“ туку дојден од таму некаде, долу од Балканот. Но за нејзиниот светски признат вокал и музички способности сведочат достигнувањата и делата. Царовска соработувала со голем број познати светски музичари и продуценти, како: Габриел Јаред, Џејмс Хорнер, Џон Дебни, Џоселин Пук, Дејвид Фостер, итн. Исто така, таа учествувала на албумот „Импресии“ на американскиот музичар Крис Боти што ја добил наградата „Греми“ во 2013 година. Таа ја пее песната „По друм одам мајче“ во филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски, а соработувала и со Дуке Бојаџиев на неговиот проект „Сон, верба, љубов“. Царовска пее со Џош Гробан во песната „Сети се на мене“ (Remember Me), која е дел од филмскиот мегахит „Троја“ со Бред Пит и Орландо Блум во главните улоги.  За оваа песна, Царовска била номинирана во категоријата: „Најдобра оригинална песна напишана за филм“ во 2004 година (World Soundtrack Awards), заедно со Џејмс Хорнер (музика), Синтија Вејл (стихови) и Џош Гробан (изведувач). Исто така, таа е главниот вокал во музиката за филмот „Христовото страдање“ на Мел Гибсон, со Моника Белучи, кој заработил дури 622 милиони долари и е комерцијално најуспешниот филм со тематика за христијанството и еден од филмовите со најголема заработка во историјата, воопшто. Летово  Тања Царовска која е по потекло од битолско-преспанскиот крај престојува дома, во Македонија. Сакајќи да побегне од летните жештини кои се уште поизразени на асфалтно-бетонската џунгла во македонската престолнина, пејачката заминала на село... Во родната Преспа, близу Отешево, планинско место на надморска височина од 900 метри каде воздухот (треба да) е толку чист, што своевремено била изградена болница за лечење пациенти од белодробни заболувања. Ама тоа било некогаш, денес, природната воздушна бања е претворена во гасна комора, во која смрди до неможење да дишеш. Шокирана и револтирана од она што таму се случува и го затекнала, Тања Царовска споделила статус на својот Фејсбук профил посочувајќи ја состојбата, ама и причините и виновниците заради кои природата е  доведена до состојба на отровно умирање. „Ќе си легнував. Ама не можам да спијам, зашто надвор не се дише, откако отворив ме запече грло и очи. Не драги луѓе, не сум во Скопје. Во Преспа сум. Во село на 8 километри од Ресен, на надморска височина од скоро 900м, а близу Отешево, местото каде што се лекуваат пациенти во специјализираната болница за белодробни заболувања заради чистиот воздух. Кога бев мала овде мирисаше на трева, сено и лепешки, со воздух кој беше толку чист што просто го чувствуваш на лицето како те лади и “бања”. Рај за сетилата! Но, од пред неколку години, славните браќа Заеви ја купија фабриката за глина “Слога” во Ресен. Од тогаш градот труе, а еве, и околните села. Кога нема силен ветер, а најчесто нема – смрди до неможење да дишеш! И тоа баш навечер, после почнувањето на третата работничка смена во Слога. Со ова би сакала да отворам неколку големи прашања – на што гориво работи фабриката? Или поточно – што се гори во неа? Ресенчани и Преспанци – зошто молчите? Не ви пречи ли да дишете отров? Или ако има некаков отпор а не знам – ве молам упатете ме, да се придружиме сите! Има ли новинари кои би сакале ова да го истражат??? И последно прашање – браќата Заеви кај престојуваат во овие летни денови? Го дишат ли истиот воздух што го дишат бебињата што се раѓаат во Преспа? Ај добра ноќ, одам да повраќам од воздухот. Нај, најсериозно! Преспа еееј, воздушната бања!!! (А ко се пакував во Скопје за навака – го гледам прочистувачот за воздух и си викам: Е, барем ова за таму не ми треба!“  - напишала и споделила пејачката. Затоа пак газдите Заеви или поточно, бившиот премиер и екс-СДС лидер Зоран, „мува не го лази“, зашто ужива некаде таму надвор со своето семејство, дишејќи свеж, морски, медитарнски воздух  на Јадранот. Од Истра во Хрватска до Италија, од каде неговата ќерка Александра споделуваше фотографии на социјалните мрежи. Преспа секако не им е интересна за летување, зашто таму квалитетот на воздухот знаат каков е оти тие „го контролираат“ со својот „отровен бизнис“ на сметка на здравјето на локалното население и еко катастрофата на природата. Фото: Фејсбук/Tanja Xena Tzarovska /  ]]>

Дојде живот: Додека македонските граѓани стравуваат за иднината на своите деца, децата на Заеви уживаат по светот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dojde-zivot-dodeka-makedonskite-gragjani-stravuvaat-za-idninata-na-svoite-deca-decata-na-zaevi-uzivaat-po-svetot-foto/ Wed, 10 Oct 2018 12:18:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52809

Како минува времето откако СДС и неговата коалиција дојдоа на власт, од ден на ден, се' повеќе нивното политичко мото: „Дојде живот“ станува животно мото! Ама, само за самите нив и нивните најблиски од опкружувањето. За останатите за жал, па дури и за повеќето од нивната опција и она малку живот што го имаа пред тоа, полека исчезнува, испарува, го снемува... И сето тоа заради катастрофалните политики, очајната политичка клима во земјата, длабоката поделеност на народот и општеството, мизерниот стандард, монтираните судски процеси, лажните обвиненија, злоупотребата на корумпираното судство и неуставното СЈО, предавничките и капитулантски договори со соседите, на самобендисаните владетели и нивните вазали... Впрочем, заради илјадници други нешта што ја прават сликата на мозаикот наместо појасна, се позаматена, зашто низ замгленото, матно и валкано стакло однадвор тешко или никако не може да се види што се случува внатре! А внатре, колку на оние надвор повеќе им се стемнува, толку на оние одвнатре што им го гасат светлото на останатите, им станува се посветло, попријатно и поубаво... Ним и на нивните најблиски.
И додека земјата минува можеби низ најтурбулентните денови од нејзината независност, Република Македонија „се крши“, дали ќе ја биде или не, ќе опстанеме и останаме монолитна нација или ќе не продадат на парчиња спакувани под друга етиката, токму најблиските во семејствата на заговорниците на ваквата политика, нескајќи си го покажуваат вистинското лице: колку им е до Македонија! Додека мнозинството од македонските граѓани стравуваат за иднината на своите деца, за нивната егзистенција и живот во годините што доаѓаат, децата на оние за кои „дојде живот“ животот си го тераат „око да не им трепне“ за реалноста во која живеат останатите! Нив тоа не ги допира зашто семоќниот тато или чичо заедно со нивните послушни полтрони ги имаат работите под контрола, а банкарските конта под сигурен клуч. Така по принципот: „има се, може се“, додека повеќето мизеруваат, тие уживаат, лудуваат, се забавуваат, шетаат по светот на најегзотичните дестинации... А, нивните „моменти за паметење“ освен социјалните мрежи, со воодушевување и гордост ги пласираат на своите насловни страници и „независните“ и „слободни“ медиуми!?
Така неодамна истите пренесоа каде тоа летува Ева Заева, заедно со своето момче Душко, синот на олигархот Чифлиганец. Бајковитите песочни плажи, оризовите полиња или љубовната прегратка на слоновите од нивниот одмор на далечниот Бали, беа на насловните на „непристрасните“ портали....
...Додека макеноските деца, да не донесоа слонови во скопската ЗОО, слон можеа да видат само на слика. Меѓу другото и на оние од фотографиите од егзотичните дестинации на кои престојуваат децата на кланот Заеви!
Ќерката на премиерот пак, Александра Заева, како да се натпреварува со помалата братучетка Ева, која повеќе ќе потроши! Последните постирани фотографии од цариградската екскурзија на Александра Заева и нејзиното момче Иван осамнаа на порталите...
Повторно на oние - „објективните“ се разбира, кои се воодушевени од туристичката тура во Истанбул на убавата Александара, која овој пат ја обзнанија и македонските, ама и некои од албанските портали!
А ќерката на Заев може да им испорача цел албум со фотографии од егзотичните дестинации на кои ги троши парите на фамилијата: Будимпешта, Прага, Карлови Вари, швајцарските алпи, Атина, Виена, Пиза... За да имаат материјал за цел месец.
Всушност, толку, колку што децата на Заеви можат да потрошат шетајќи по светот, нема место на насловниците на „независните“ медиуми! Впрочем, како ние останатите поинаку ќе знаеме дека навистина дојде живот?]]>