заев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Nov 2021 13:58:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заев – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Регионалните медиуми не престанаа да пишуваат: Која е Данела Арсовска – жената која преживеа „бугарска афера“ и го доведе Заев до оставка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/regionalnite-mediumi-ne-prestanaa-da-pishuvaat-koja-e-danela-arsovska-zenata-koja-prezivea-bugarska-afera-i-go-dovede-zaev-do-ostavka-foto/ Mon, 01 Nov 2021 13:54:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=225467

Главна вест во сите денешни срски медиуми се резултатите од локалните избори, а најмногу оставката на премиерот Зоран Заев, со тоа и на владата, јави дописникот на МИА од Белград. "</p Регионалните медиуми непрестанато пишуваат за Арсовска – жената која преживеа „бугарска афера“ и го доведе Заев до оставка! Сношти, медиумите детално со резултати ја пренесоа веста за победата на локалните избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освојувањето на власта во главниот град Скопје, за да потоа денеска акцент се стави на веста за оставката на Заев на премиерската функција. Заев поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ бара вонредни избори, јави РТС и Политика, „Предизвика земјотрес на Западен Балкан: Која е Данела Арсовска? Ја преживеа „бугарската афера“, а потоа го победи Заев. Вести онлајн, „Избори во Северна Македонија: Зоран Заев поднесе оставка, Арсовска прва жена градоначалник на Скопје по 30 години“ објави Вечерни новости, „Заев повеќе не е премиер на Македонија: Од полититката воопшто не е тешко да се отиде“ пишува Правда, се сличните наслови во речиси сите медиуми. Ал Џезаира под насловот „Поразот на Заев е воедно и пораз за ЕУ“ го цитира скопскиот аналитичар Суад Мисини, кој кажа дека „победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија можеби нема да даде ветер во крилата на десницата, но секако ќе го поттикне антиевропското расположение не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан. ТВ Н1 имаше специјална емисија за настаните во земјава во која професорот на Факултетот за политички науки Чедомир Чупиќ изјави дека „оставката на Заев е одлука која е апсолутно невообичаена за Балканот“ и додаде дека „е добра за демократија, слобода и политички живот во Македонија“. -Добар потег е, имате свест, но и совест, го изгубивте Скопје, не го направивте тоа што го очекуваа граѓаните, најдобар начин е да се повлечете, што не значи дека тоа е трајно повлекување, им покажавте на граѓаните дека сте одговорни, кажа Чупиќ. Вестите се пренесуваат од час на час, така што последните информации се однесуваат на сотаноците и потезите на Заев околу прашањето на идното премиерско место и идната влада, што се предвидува во Уставот, и каде оди понатаму земјава. Последна вест е откажувањето на доаѓањето на Заев во Белград на 3 и 4 ноември на закажаната средба со претседателот Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во рамки на иницијатаивата „Отворен Балкан“, како и дека ќе дојде друг преставник од  Македонија.]]>

Мицкоски убедлив победник на дебатата, Заев разочаран, нервозен и отсутен од реалноста: Мицкоски му предочи поразителни бројки, Заев раскажуваше „бајки“! https://arhiva.vistina.com.mk/mickoski-ubedliv-pobednik-na-debatata-zaev-razocharan-nervozen-i-otsuten-od-realnosta-mickovski-mu-predochi-porazitelni-brojki-zaev-raskazuvashe-bajki/ Tue, 21 Sep 2021 12:44:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220037

Се случи долгоочекуваниот дуел помеѓу лидерите на двете најголеми македонски партии, Христијан Мицкоски - ВМРО - ДПМНЕ од една и Зоран Заев - СДСМ од друга страна. Оценката е дека Мицкоски кој е убедлив победник на дебатата со Заев, покажа дека има разлика и не се сите исти. Од друга страна, оценката за премиерот и претседател на СДСМ е дека беше разочаран, нервозен и отсутен од реалноста. Секој кој ќе го изгледа дуелот од почеток до крај, ќе констатира дека премиерот Заев регираше многу бурно и нервозно на фактите кои Мицкоски ги истакна пред целата македонска јавност. Однесување на Заев придонесе уште поголема недоверба и несигурност кај македонските граѓани. Тој буквално дезориентирано ја започна дебатата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно неподготвен, во дебатата почна да зборува со стари флоскули и обвинување кон ВМРО-ДПМНЕ, како тој да е во опозиција и да нема допир со вистинската реалност во Македонија и со трагичните настани и скандали кои се случија. И анкетите и коментарите на социјалните мрежи покажуваат дека Мицкоски бил подобар во ТВ дуелот со Заев, а според многумина ова е јасен доказ дека граѓаните се подготвени за промената која доаѓа по 17 октомври. По дуел на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, граѓаните на социјалните мрежи велат дека апсолутен победник е Мицкоски, односно оти професорски му одржал лекција на сите теми на Заев кој бил изгубен во просторот и во времето. И двајцата лидери очекуваат да победат со своите коалиции на претстојните локални избори.
Според Мицкоски, народот е понижен, покраден и разочаран, затоа и не им верува во политичарите. Народот точно знае дека е понижен, покраден, омаловажен и народот е комплетно е разочаран од тоа што се случува и не верува во институциите кои ги предводи оваа влада, изјави Мицкоски и посочи дека токму поради погрешните политики на СДСМ и Заев, како и лагите како таа од авион кога се сликаа дека сме добиле датум, повеќе не веруваат во политичари и е во апатија, нешто што мора да се промени после 17 октомври падот на оваа власт бидејќи не се сите исти. Мицкоски рече дека после падот на оваа власт ќе мора да ги градиме институциите од почеток. -Има луѓе кои ја сакаат државата и сакаат да оди напред и луѓе кои работат само за своите лични интереси, а спротивно на интересите на граѓаните и државата. Извор: Курир.мк]]>

Советник во кабинетот на премиерот Заев со погрдни зборови ја нарече Данела Арсовска, Перо – „Камиказа“ културно „го олади“ некултурниот владин чиновник (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sovetnik-vo-kabinetot-na-premierot-zaev-so-pogrdni-zborovi-ja-nareche-danela-arsovska-pero-kamikaza-kulturno-go-oladi-nekulturniot-vladin-chinovnik-foto/ Mon, 30 Aug 2021 09:15:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217192

Басистот на групата „Меморија“ Петар Георгиевски, познат како Перо - Камиказа е веќе обзнането дека е независен кандидат  за градоначалник на Град Скопје, поддржан од  партијата Левица на претстојните локални избори. Советникот во владата на премиерот Зоран Заев, Дејан Николовски на Фејсбук се обиде да го испровоцира Георгиевски, упатувајќи провокативни статуси до Камиказа, во кои при тоа со навредливи и крајно недолични зборови ја нарече Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, која ја има поддршката на ВМРО - ДПМНЕ . „Перо, у втор круг гласовите ќе му ги дадеш на имењакот или на спонзорушата на Грујчо. Нормално ако има втор круг“ - напиша недоветниот Николовски, на што Камиказа не остана рамнодушен, па возврати: „Имењакот со сигурност не влегува во втор круг, а за дама, без разлика на твоето мислење за неа, во најмала рака е недолично“, Камиказа културно го спушти на земја „некултурниот“ владин чиновник од редовите на СДСМ! ]]>

Не е Заев единствениот „квислинг“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ne-e-zaev-edinstveniot-kvisling-foto/ Fri, 27 Nov 2020 09:25:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178335

Скандалозното и срамно интервју на премиерот Зоран Заев ја крена македонската јавност на нозе... Најпрвин огорченоста, гневот, револтот, гадењето од „велепредавството“ кон сопствениот народ и историја илјадници го искажаа на социјалните мрежи. Медиумите ја пренесоа веста, секој на свој начи со своја нота на острина или умереност, во зависност од тоа „кој чиј е“, а опозицијата експресно реагираше. Најпрвин вербално и написмено, со соопштенија, негодување, напади и осуди на „срамниот предавнички чин“ на Заев, а потоа предводена од ВМРО-ДПМНЕ и со протестна автомобилска рута, од СЦ Борис Трајковски до пред Владата на Република Македонија, каде спонтано се собраа и голем број граѓани на престолнината. Она што најмногу боли, што е длабока навреда на националните чувства, негирањето на својата историја, на она за што илјадници македонските синови и ќерки, деца, таковци, дедовци... ги положија своите животи да биде негирано, извртено, извитоперено, фалсификувано е фактот што доаѓа од дома. Во неко други времиња со нив би било поинаку, вака... А, дека срамната понизност ги помина црвените линии бргу сфатија и некои од највисоките партиски или државни челници од Заевата СДСМ. Еден од нејзините основачи, долгогодишен неприскосновен лидер, екс премиер и претседател на Република Македонија ја шокираше јавноста со своето појавување од долгогодишната сенка и јавно несогласување и осуда со искажаните ставови на Заев по повод „бугарското прашање“ и како актуелен премиер и како сегашен лидер на неговата партија. Токму затоа Црвенковски јавно се огради, го повика и членството да се огради од зборовите на лидерот и го замрзна своето членство во партијата. Слично, само во малку позавиткана, подипломатска форма се понесе и актуелниот македонски претседател, избран од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски. Ограда во обланда, несоласување во ракавици, со Зоран Заев и неговите ставови, ама оние кои умеат да го тумачат дипломатскиот речник, јасно им е дека Пендаровски ни оддалеку не размислува како Заев. И кога секој нормален, секој чесен Македонец и сите останати што живеат на ова македонско парче земја сфатија дека дека некој на сметка на личните, на приватните, ги „распродава“ државните националните интереси на земјата и тргува со крваво стекнатите придобивки од антифашистичката, народно-ослободителна борба, уште еднаш се покажа дека овде, во ова наше општество, дефинитивно се провлекува „фабричка грешка“. Вирус, кој е многу поопасен и од короната со која паралелно се бориме и од било кој друг што до сега се појавил. Вирус со кој се заразени многумина, вирус кој ги заслепува, им ги затвора не само очите туку и умот, па не гледаат и не мислат што прават, што говорат, што пишуваат, кого поддржуваат... Впрочем, „македонскиот фелер“  наречен: едниот - војвода, другиот - комита, третиот - шпион, оддамна е познат. Заради него млади ги губеа животите најголемите, најумните и најхрабри македонски синови... Тогаш предадени и продадени за две-три златни лири, денес за два-три тендера... Или дватриесет милиончиња во евра, ако не и многу повеќе, за малкумина, а ситни бенефиции, мала добивка или трошка ќар, за повеќето. И секако оние останатите „слепци“ што не можат да го видат сето ова, па „гинат“ како будали за партиски идеали. Токму заради сето ова и застанаа во одбрана на неодбранливото. Во СДСМ колективно, без колективна свест, но со колективно поматен ум од сласта на власта која ја практикуваат, впловија во сопственото колективно лудило. Со соопштение во кое го бранат првиот „квислинг“, застанувајќи зад неговите ставови како нивен партиски лидер, со тврдење дека неговите предавнички ставови се и нивни, ставови на партајита, на СДС... При тоа оградувајќи се од довчерашниот неприкосновен „биг бос“ Бранко Црвенковски, отфрлувајќи ги неговите зборови и мислење како... историја. Додека „понизното квислинштво“ на нивниот актуелен лидер, според нив е иднина за Македонија!!?  Пендаровски, не го ни спомнаа. Веројатно сметаат дека претседателот на државата го имаат в рака, па лесно ќе го дисциплинираат! Да биде уште потрагично, тезите од интервјуто за бугарскиот државен медиум најгласно прв ги поддржа се обиде да ги брани, никој друг туку Љубчо Георгиевски и неговата ВМРО-НП. Со поддршка за Заев за храброста со која зборувал за историјата, која била објективна и точна, а Македонскиот народ бил шокиран, затоа што со години бил индоктриниран? Веднаш потоа, како печурки после дожд почнаа да никнуваат и другите облици на сулуда поддршка на „Заевата теорија за македонска историја по бугарски терк“. Први се осмелија заевите „медиумски пци“... Кој од нив брутално, арогантно и безобразно, кој латентно, дискретно и потскриено. Едни на социјалните мрежи, другите со изјави, мислења или колумни во нивните „невладини“ и „независни“ медиуми. Политичкиот аналитичар близок на СДСМ, Ненад Јовановиќ меѓу другото рече: „Што е проблемот со интервјуто? Нормална човечка памет, разумен цело време, адресира на братски народи, повикува на пријателство, соживот, соработка, градење на коридори, железници, продлабочување на култура, спорт, гасовод, зајакнување на економија…, „анализира“ Јовановиќ и продолжува:  „Што сакате од Заев, еј, море, луѓе?! Одете бре да се истуширате со ладен туш, добро ќе ви дојде - пишува во својата теза Јовановиќ. Многу поискусниот и попоткован политички новинар Сашо Орданоски во својата последна колумна со наслов: „Ќе го преживее ли Заев своето последно интервју?“, на суптиллен начин се обидува ако не да ги одбрани, веројатнои самиот свесен дека се неодбранливи, тогаш барем да ги релативизира тезите на Заев. Па дневнополитичките  „ступидно - вербални историски егзибиции“ на премиерот ги правда со целисходноста на големата слика, на можното „конечно решение“ во македонско-бугарскиот спор. При тоа се минимизира улогата на царштината на источниот сосед во тогашното „конечно решение“ при нивното „административно владение“ во Македонија за време на Втората светска војна. Новинарот во својата анализа пишува: „Дневната мерка во политиката – како и во новинарството или глумата, впрочем – е да вредиш толку, колку што ти вреди твојот последен јавен настап. На подолги патеки, идните генерации, од комоцијата на историската дистанца, подобро ќе го ценат твојот севкупен „визионерски“ придонес. Тоа, нормално, е ризична стратегија, доколку сте заинтересиран само за сопствениот дневно-политички опстанок. Имајќи го ова на ум, што кажа премиерот Заев во своето последно интервју за бугарската агенција БГНЕС, за многумина овде да се занимаваат дури и со неговиот актуелен политички опстанок? Во суштина, Заев дал интервју во кое повеќе мислел – „низ призмата на пријателството“ – како тоа ќе резонира во бугарската, одошто во македонската јавност. Пријателството, имено, е најчесто употребуваниот збор во разговорот, а неговите толкувања за траумите на поновата македонско-бугарска историја се површни и на места импровизантски, бидејќи тој се труди, прилично „аполитично“, во интерпретацијата на историјата да се води само од нејзиниот политички потенцијал за градење подобра иднина меѓу Македонија и Бугарија. Тоа е пристап во кој големата слика е поважна од деталите, за кои орно ќе се фатат сите застапници на Ѓаволот“. Лудилото на Заев меѓу првите го поддржа и тргна и со раце и нозе и со нокти и со заби да го брани оној, за кој новинарската фела и не смета дека и припаѓа, ама пустиот со години самиот се декларира за таков. Иако и медиумот, ако така може да се нарече она на што наликува негов квази-портал, а и самиот тој се жалење и повеќе од самиот Заев. Затоа и не треба да се троши време и простор на попсежна анализа на она што е од него напишано. Анализата на неговиот лик и дело се сепак, во доменот на некои други институции. Конечно, иако можеби надвор од актуелниот контекст за скандалозното интервју на премиерот, ама сепак во контекст на заслепеноста, колективното лудило, поданичкиот однос кон се што може да се „исцица“ и предавничкиот однос кон се' што е свето, уште еден пример во низата... Пример кој можеби го отсликува „генот“ на поедини „патриоти“ на државна цицка, кои откако ќе ги откачат, стануваат плукачи... на сопствената татковина. Познат како еден од основачите на групата „Магија“, пејач, композитор и продуцент Јован Јованов, од Македонија си замина во 2014 година. Најпрвин во САД, а потоа во Канада каде и денес живее. „Единствената поврзаност со претходната влада беше тоа што по нивна нарачка правев музика за предизборни кампањи и за тоа си бев платен“ - ќе изјави тој, без при тоа да ги спомене илјадниците евра кои тој и неговата продукција ги добиваа од Министерството за Култура и тогашната министерка, за музички проекти кои останаа запаметени како катастрофални, па дури и срамни. Колиу за пример,  преработката и препејувањето на познатите „Македонски забавни евергрини“, кои беа очајно лошо преработени, преаранжирани и снимени... за многумина - уништени! Или обидот познатите македонски изворни и народни песни да бидат „преобразени во забавни“(?!), уште еден проект кој беше оценет како жива катастрофа, како обид за очајно сквернавење на македонското музичко и културно наследство, а беа проекти на Јованов за кои доби илјадници евра од државата, Република Македонија. Истата онаа држава која откако си замина, сега ништо не му значи. „Македонија како држава со нејзиното уредување мислам дека никогаш нема да ми фали. Никогаш не сум не ни гледал како дел од неа. Генерално Северна Америка ја сакам и единствено место во светов што ми се допаѓа е Калифорнија. Само таму се гледам како дома. Веројатно во претходниот живот сум живеел таму. Инаку, нормално е дека ми недоставаат само некои драги луѓе од Македонија.Другари, пријатели, роднини со кои си поминал дел од животот, секогаш ќе ти фалат и ќе сакаш да споделиш со нив разни искуства и моменти“- рече Јован во интервју за Мој Збор.              ]]>

Откако доби партиска функција, Наумче Мојсовски потценува професии: Додека му го чува грбот на Заев, заборава која држава ја претставуваше, па како функционер на Северна, Република Македонија не смее ни да ја спомне! https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-dobi-partiska-funkcija-naumche-mojsovski-potcenuva-profesii-dodeka-mu-go-chuva-grbot-na-zaev-zaborava-koja-drzava-ja-pretstavuvashe-pa-kako-funkcioner-na-severna-republika-makedonija-ne-smee-ni/ Thu, 15 Oct 2020 11:40:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171636

Не е воопшто спорно на таа функција да застане спортист од негов калибар кој има низа успеси зад себе, тоа е факт. Но, уште поголем факт е дека оваа функција не беше награда за успесите на терен, туку СДСМ го награди Мојсовски за тоа што го придонесе за партијата, а не за државата. Неговите најави дека ќе вложува во младите и спортот се за секоја пофалба. Но, Мојсовски уште првиот работен ден, во првата официјална изјава, покажа голема дрскост и навреди илјадници македонски граѓани, потценувајќи ја нивната професија. -На шега луѓе ми велат дека без ниту еден ден платен стаж станувам директор на АМС, но тоа е реалноста со поранешните спортисти во нашата земја. Затоа еден од приоритетите во мојата работа ќе ми бидат заборавените спортисти, но секако тука е и младината. За мене постојат поранешни спортисти кои јас ги нарекувам стечајци на кои им е срам да протестираат. Нема да дозволам да мора да работат како таксисти кога ќе им заврши кариерата, ниту пак да се бават професионално со спорт, но со нула платени придонеси. Тоа е жално и трагично, вели Мојсовски во изјава за „Фактор“. Потценувањето на било која друга професија, во случајов таксистите е голем срам за еден, веќе, функционер. Да, низа поранешни спортисти навистина почнаа да работат други работи вклучувајќи ја и оваа. Но, тие не добија ништо за помош од оваа Влада бидејќи не беа дел од протести и митинзи на СДСМ, како што тоа го правеше Мојсовски. Не му го “чуваа грбот“ на Зоран Заев, туку најдоа чесен начин да заработат пари за своето семејство и тоа е за изразување на почит, а не за потсмев од нивниот некогашен колега. Мојсовски додека стоеше рамо до рамо со лидерот на СДСМ, ако веќе имаше добра намера, можеше и до сега да го советува дека на поранешните спортисти им е потребна помош. Но, Мојсовски чекаше да биде сместен во удобна фотелја на функционер, додека таксистите кои тој ги потценува, меѓу кои и екс-спортисти, седат по најмалку 8 часа дневно во автомобил, во време на епидемија од коронавирус, возејќи голем број патници со кои остваруваат контакт. Ја немаа таа привилегија да добијат луксузно уредена канцеларија, удобно столче и функција. Бидејќи избраа да останат спортисти во духот кога мораа да го напуштат теренот, а не луѓе кои ќе му аплаудираат на Заев или ќе држат говори на настани во организација на СДСМ. Македонија се гордееше со секој негов даден гол. Беше идол за децата кои сонуваа да станат ракометари и тоа никој не може да му го оспори. Успесите кои Мојсовски го постигна во репрезентацијата се за “секоја чест“. Но, денес овој екс-ракометар се срами да го каже уставното име на државата чии бои ги бранеше на теренот. Тој денес е функционер на Северна, а Република Македонија која ја претставуваше, не смее ни да ја спомне. И тоа не е спортска одлука, туку партиска. Иста каква што беше одлуката за негово назначување на функцијата со која денес раководи.
]]>

Да не е трагично, би било смешно: „Сакам кажам – не знам речам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/da-ne-e-tragichno-bi-bilo-smeshno-sakam-kazam-neznam-recham-video/ Fri, 21 Feb 2020 09:53:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135339

Зоран Заев... полиглот! Нема јазик, што не „му оди“... освен Македонскиот! А и тој тешко, кога треба да се изговори некој интернационализам, некој странски збор, општо прифатен кај нас... Не дека „Диазепам“ или  „Гастроентерохепатологија“ во Струмица се вика поинаку отколку во Скопје, ама... тоа е! А некои зборови, како „Рекет“ тешко ги изговара... Можеби дека е странски? Изнуда или уцена веројатно полесно би му било да ги разбере, ама некако и тие ги премолчува, јавно! Тајно, добро му се познати... Особено во телефонските преписки со Боки или  тета-те муабетите со Катица во вилата на Водно. Ама затоа од  уста не го вади „27 април“... И документарец во 4 епизоди  направи(ја), по свое сценарио, секако! Не, не е априлилили, премиерата веќе оди! Како предизборно „мачкање очи“ за дефокус на јавноста од стварноста! Ама затоа повеќе од смешни се неговите вербални „гафови“... Оние политичките, се за жал - трагични! За жал на огромен дел од Македонскиот народ, а за среќа на мала група... знаете веќе што, што од народната трагедија се офајдија! Погледнете само мал избор, „црпнат“ од богатиот опус наречен: „Сакам кажам - не знам речам“  на „црпнатиот муртинец“.  Ќе ве насмее, иако не е смешно, за плачење е! Да не трагично, би било комично! ]]>

Муртинска бомба на Заев кај Жаре во “1 на 1“: „Живеам како cтудент, јадам паштета и салама, не знам ни лепче да испржам“… https://arhiva.vistina.com.mk/murtinska-bomba-na-zaev-kaj-zare-vo-1-na-1-ziveam-kako-ctudent-jadam-pashteta-i-salama-ne-znam-ni-lepche-da-isprzam/ Wed, 19 Feb 2020 12:06:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=135012

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5, Заев на Жаре раскажал многу приказни, велат од продукцијата. „Живеам како студент од Струмица во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да спржам – се жалел Заев. На прашањето на Жаре, тогаш како се храни, тој рекол: „Јадам што ќе најдам во фрижидерот, паштета, салама, виршли“! Гревче... Вака слушајќи го, ти иде просто да го жалиш! Заев зборувал и за семејството, за детството во Муртино и за својата прва работа од која ги заработил и првите пари... За последните, на сите им е јасно!   Всушност, за „кутриот муртинец“ се' ни е јасно уште откако стана градоначалник на Струмица, па наваму, се' до денес... Само за саламите, виршлите и паштетите, не знаевме! Нив ги немаше ни во бомбите, а ни кај Боки у телефон!]]>

Антонио Милошоски презентираше скандалозна aудиo снимка од Зоран Заев: „Му помагавме лично на Боки за телевизијата, плус земаше пари од Силјан Мицевски“ https://arhiva.vistina.com.mk/antonio-miloshoski-prezentirashe-skandalozna-audio-snimka-od-zoran-zaev-mu-pomagavme-lichno-na-boki-za-televizijata-plus-zemashe-pari-od-siljan-micevski/ Wed, 12 Feb 2020 10:57:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133826

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на собраниската Комисија за европски прашања презентираше аудио снимка на која е извесно дека може да се препознае гласот на екс - премиерот Зоран Заев. На снимката може да се чуе како Заев јавно признава дека ја помагал телевизијата на Бојан Јовановски, кој пак е првообвинет за аферата „Рекет“ заедно со Катица Јанева. Заев вели дека помошта била во пари, поточно околу маркетингот на телевизијата, но и дека Бојан Јовановски земал пари од бизнисменот Силјан Мицевски. Од снимката која Милошоски вели дека ја добил од свиркач кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите, стои дека помагањето на телевизијата била неколкукратна, но и дека цело време екс - премиерот бил во комуникација со првообвинетиот за “Рекет“, што е во спротивност со тврдењата на Заев дека тој немал никаква комуникација со Боки 13. Милошоски ваквата аудио снимка ја презентираше токму на седницата на комисијата каде се дискутира спорниот закон за јавно обвинителство, каде според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и голем број на експертите се крие амнестија на Заев од евентуални бомби и снимани разговори. Дали ова се бомбите поради кој Заев турка ваков закон останува да видиме. Во продолжение интегрално текстот од аудио записот: Зоран Заев - Но, му требаат пари во тоа телевизијата и. Зоран Заев - Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации. Зоран Заев - Го прашав „Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата“? Ми вика: „Имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“. Зоран Заев - Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година. Извор:Курир.мк]]>

Лиценца за марихуана и за идниот зет на Заев? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/licenca-za-marihuana-i-za-idniot-zet-na-zaev-video/ Wed, 29 Jan 2020 13:27:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131700

Скандалот „Канабис-милионите на Заев” зема се поголем замав. Денес ќе објавиме уште едно име кое добило лиценца, а е многу блиско до Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција, Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ. „Фирмата „Лајф плант” од Струмица, земала лиценца за одгледување канабис. Сопственик во фирмата Лајф плант се јавува извесен млад лик од Струмица Иван Проданов. Нашите информации говорат дека Иван Проданов е момчето на ќерката на Зоран Заев, Александра Заева. Значи еве јавно го прашуваме Зоран Заев, дали неговата Влада доделила лиценца за одгледување канабис на неговиот иден зет Иван Проданов, кој има само 25 години и кој зад себе нема ниту еден сериозен бизнис? Исто така ако се земе во предвид дека за бизнис со марихуана потребни се милиони евра за инвестиција, прашуваме дали можеби семејството Заеви е спонзор на младиот Иван Проданов кој е иден зет на Зоран Заев и дали младиот Проданов е само параван за уште еден бизнис на Зоран Заев?“ -праша Николовска и продолжи: https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ova-e-zetot-na-zaev-ivan-prodanov-e-vo-ljubov-so-kjerkata-na-premierot-foto/ „Ова е начинот на функционирање на семејството Заеви. Сами на себе да си доделуваат лиценци и тендери. Доколку навистина Заев доделил лиценца за одгледување на канабис на неговиот иден зет, Антикорупциската комисија и институциите ќе имаат полни раце работа. Заев е потребно да ги разгледа овие работи и да размисли. Затоа е потребно на 12 април граѓаните масовно да гласаат за пад на оваа Влада на Заев и СДСМ. Заев и СДСМ се виновни за се што се случува во Република Македонија“ - истакна Ружица Николовска. После 12 април следува обнова и ревизија на сите овие сомнителни лиценци кои ги доделил Зоран Заев, додава Николовска. Извор: Курир.мк]]>

Кој „му го смести“ на Зоран Заев? Со куче од 3000 евра честиташе Нова Година! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-mu-go-smesti-na-zoran-zaev-so-kuche-od-3000-evra-chestitashe-nova-godina-foto/ Mon, 30 Dec 2019 13:59:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126634

На социјалните мрежи премиерот Зоран Заев објави фотографии во домашна атмосфера на која што една од нив е со неговиот домашен љубимец, куче кое што по раса е препознаено како Померанец. Померанец или мини шпиц е најмала раса од ова куче – чувар. Интересот за овие кучиња бил најголем и тие станале познати кога за нив се заинтересирала англиската кралица Елизабета прва, па и кралицата Викторија подоцна. Важат за „аристократски“ кучиња, со оглед на фактот што многу голем дел од познатите славни личности можат да си ги дозволат за да ги купат, затоа што нивната цена се движи над 1000 евра. Колку се почистокрвни толку се поскапи, цените можат да достигнат од 3000 па  до 10.000 долари, но и повеќе. Сакаат посебно одржување заради влакното, со потекло се од Германија и и Полска, а во Македонија се многу ретки, факт кој го диктира и самата цена на померанецот, кој ретко кој може да си го дозволи. Извор:Курир.мк