заедно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 13:39:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заедно – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почнаа и да излегуваат заедно: Ана Севиќ среќна со поранешниот и сегашниот сопруг (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pochnaa-i-da-izleguvaat-zaedno-ana-sevik-srekna-so-poraneshniot-i-segashniot-soprug-foto/ Tue, 05 Mar 2024 13:39:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341214

Ана Севиќ и Дарко Лазиќ ги „закопаа секирите“ откако таа присуствуваше на неговата свадба, а сега почнаа да излегуваат заедно. Дарко Лазиќ и Ана Севиќ се најдоа заедно на една забава па не само што беа во ист локал, туку седеа и еден покрај друг. - Ана и Даниел цела вечер се опуштија и наздравуваа додека Дарко пееше. Секогаш кога имаше пауза, застануваше покрај нив. Убаво си зборуваа, на луѓето им испратија заеднички фотографии и наздравија со вино. Се виде дека се работи како што треба, Ана и Дарко навистина останаа добри пријатели - рекол изворот. - Искрено, јас и Дарко имаме одличен однос и сме добри пријатели. Затоа таа отиде само на неговата свадба и мислам дека покажавме дека таму нема ни трошка суета. Тој е татко на моето дете и така треба да биде во односите со сите, не само со нас. Секако, еднаш бев на неговата свадба, претпоставувам дека се среди, не знам дали планира да направи уште една, но претпоставувам дека ова со Катарина треба да биде вистинската работа - изјавила Ана. фото: printskrin/instagram/anasevicofficial/kaya_ostojic    ]]>

Некогаш настапуваа заедно, па беа „скарани“, а сега повторно блиски: „Вкусот на традицијата“ или животното искуство одново ги зближи Ирена Спасовска и Адријана Алачки? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/nekogash-nastapuvaa-zaedno-pa-bea-skarani-a-sega-povtorno-bliski-vkusot-na-tradicijata-ili-zivotnoto-iskustvo-odnovo-gi-zblizi-irena-spasovska-i-adrijana-alachki-foto/ Sat, 03 Feb 2024 08:50:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190209

Ирена Спасовска и Адријана Алачки, заедно? Многумина изненадени од дружбата или соработката на двете фолкерки, но овој пат на друго поле, на планот на кулинарство, готвењето, домаќинлукот, рецептите на нацијата... или со еден збор, сето она што во себе го содржи „Вкусот на традицијата“, една од најгледаните и најуспешни ТВ проекти кога се во прашање готвењето, кулинарските мајстории и гурманските муабети во прашање. И навидум ништо необично за помладите, но за оние повозрасните, кои „паметат малку поодамна“, веројатно им падна чудно и нобично, зашто кога ќе ги вратат сеќавањата малку наназад, работиите тогаш изгледаа поинаку. Или можеби, не? Сеедно... Сомнежите сепак имаат своја далечна предисторија. Имено, кон крајот на 80-те и првата половина на 90-те беше вообичаена појава публиката и ТВ гледачите да ги гледаат заедно Ирена Спасовска и Адријана Алачки. Двете фолкерки, засилени со тогашната посилна половина на Адријана, хармоникашот Горан Алачки беа вистинска фолк сензација. Немаше фолк фестивал на кој не настапувале, ТВ емисија во која не се појавиле, и сето тоа зачинето со безброј настапи, огромна популарност, несомнени симпатии кај публиката... Во моментите кога триото ќе стане квартет откако русокосата Ирена исто така својот тогашен партнер ќе го придодаде кон групата, „хармонијата набргу почнува да не штима“, а односите почнуваат да чкрипат до тој степен, што разидувањето станува  неминовно. Ирена Спасовска со својот пратнер на една, а тогаш се' уште брачната двојка Адријана и Горан Алачки - на своја страна. Дека имало кавга - имало, така барем тогаш тврдеа добро информираните фолк кругови и изворите блиски до двете пејачки, но дали до степен да престанат да  разговараат меѓу себе? Според споменатите извори тоа се случило и траело се' до разидувањето на русокосата и црнката фолкерка со нивните партнери, односно разводот на брачната двојка Алачки, по што пејачките повторно ги „затоплиле“ односите. Според пејачките пак, тие никогаш и не биле скарани како што зборуваше чаршијата, пишуваа некои медиуми, долго се смета(ше) во јавноста. Она што денес е евидентно, откако секоја од македонските фолк дами е (барем официјално) соло, дека можеби Ирена и Адријана не се повторно најдобри другарки, но разговараат, повремено се дружат и почитуваат, а сега и соработуваат. Најдобар доказ последните фотографии на кои Ирена е гостинка кај Адријана во нејзината сега веќе надалеку прочуена емисија за готвење, „Вкусот на традицијата“ со кои дефинитивно ја убедија нацијата дека фолкерките не се скарани. Адријана оддамна ваквиот пристап го претвори во своја примарна професија, ставајќи го пеењето на второ место, додека Ирена, во екот на коронапандемијата и недостатокот на настапи, исто така се фати за намирниците, продуктите, мирудиите,  кутлачата и сукалото. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/irena-spasovska-i-go-ukrade-recetot-za-lebot-na-mama-a-na-dobar-pat-e-da-i-go-zeme-lebot-i-na-folk-koleshkata-od-bivshoto-trio-alachki-foto/ Дали и таа ќе и се придружи на својата колешка во готварските марифетлуци или можеби наскоро ќе слушнеме некој фолк хит од русо-црниот дует како во старите добри времиња, очекуваме двете пејачки сами да се изјаснат... Во меѓувреме, од она што го зготвиле, може понешто и да си каснат! Фото: Фејсбук/Јутјуб принтскрин]]>

Рака за рака: Перо Антиќ со јасен доказ и потврда дека таа е неговата сакана (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/raka-za-raka-pero-antik-so-jasen-dokaz-i-potvrda-deka-taa-e-negovata-sakana-foto/ Tue, 30 Jan 2024 09:19:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336720

Овој месец јануари како за почеток на годината, според претседалот на КФМ Перо Антиќ беше вистинско време за јавно откривање на она што на љубовен план го сокриваше извесно време. Иако и претходно се вртеа чаршиски муабети дека новата партнерка на Антиќ е маркетинг експертката и инфлуенсерка Сања Ристиќ, јавна потврда и од двете страни немаше. Според двајцата тазе љубовници доволни за тоа дека се заедно беа фотографиите на нивните профили на Инстаграм. Се’ започна со онаа од ноќното возење по пижами во автомобил, следната слична и преку ден повторно во автомобил, па се до оваа последната и најнова. Сега веќе сосема јасна, со или без дополнителен коментар. Перо и Сања фатени рака за рака, како се држат цврсто со испреплетени прсти од дланките. Повеќе од ова за потврда дека се љубовен спој и не треба. За потсетување, Антиќ минатата година беше во врска со топ моделот Катарина Ивановска, додека Сања се разведе од ракометарот Дејан Пецаков со кого има две деца. Перо пак, од бракот со Ружица има три сина. фото:Instagram printscreen/ sanjalala/ cickostoilko]]>

„Настискани“: Eве со кого Александра Пановска Илиевска заглави во лифтот и зошто (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/nastiskani-eve-so-kogo-aleksandra-panovska-ilievska-zaglavi-vo-liftot-i-zoshto-foto/ Tue, 30 Jan 2024 07:11:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336737

Водителката Александра Пановска Илиевска  во секоја прилика  ја гледаме  насмеана и позитивна. Таа е редовна на социјалните мрежи, а пред многубројните фанови ги споделува убавите моменти со кои и е исполнет денот. Многупати досега на нејзиниот Инстаграм профил ја споделила атмосферата од студиото каде што работи, а неретко и со колегите знае да застане пред камерата и да позираат заедно. Овој пат таа го извади мобилниот додека се возеа топтан во лифтот заедно со нејзините драги колеги Роберт, Цеце, Милена и Вера каде „заглавија“ со фоткање но и така „натискани“ покажаа колку се убави и расположени. „Настискани“  - стоеше кратко и јасно во описот на фотографијата, а на нивните лица задоволството и позитивната енергија не можеше да се сокрие. И не треба, освен ако лифтот не даја Боже , не  се заглави на подолго! Важно е дека нема ништо поубаво од тоа кога  сите се сложни и заедно, а  веројатно тоа беше  и пораката која сакаат да ја испратат до сите за убав ден. фото: printskrin/instagram/aleksandra_panovska_ilievska]]>

Откако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука повторно „се блиски“: Љубовта е минлива, само интересите се вечни или нешто трето ги спои, за актерката и креаторката одново заедно „да бидат среќни“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-pred-pet-godini-ja-rasipaa-kalimerata-vesna-bejbi-i-elena-luka-povtorno-se-bliski-lubovta-e-minliva-samo-interesite-se-vechni-ili-neshto-treto-gi-spoi-za-akterkata-i-kreatorkata-odnovo-zaedno-d/ Fri, 05 Jan 2024 10:29:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333828

Една предновогодишна видео најава на Весна Бејби Петрушевска и неколку заеднички новогодишни селфи фотографии со Елена Лука ја изненадија македонската јавност.
Особено зачудени, па и шокирани беа оние кои се добро упатена во модата и модните кругови во Македонија. До душа, некои позитивно, некои негативно, ама сепак сите останаа вчудовидени кога повторно ги видоа заедно, дека одново се „во арните“, популарната македонска актерка и исто толку познатата македонска модна креаторка. Зашто само оние кои се длабоко навлезени во модните кругови  знаат дека Весна Бејби Петрушевска покрај актерството и радио и ТВ водителството се занимаваше и со уште некои работи поврзани со јавната работа, медиумите, модата… Имено, Бејби долги години беше во таборот на познатата македонска модна креаторка и градежник, во концернот ЕЛ“ на Елена Пандева, во јавноста многу попозната како Елена Лука. Координатор, дел од маркетингот, колумнист во нивниот портал „Фешанел“, задолжена за контакти и спојување на македонските познати личности и јавни фаци со брендот ЕЛ, па дури и самата плус сајз модел… Едноставно речено,  Бејби кај Елена Лука беше „дама за многу нешта“… Веројатно за добар хонорар за македонски услови, како што велеа добро упатените од внатрешните кругови! Оние кои своевремено биле сведоци на нивните блиски релации, велат дека Бејби имала прилично голема доверба и бенефиции кај „газдарицата“, но  и моќ, авторитет и стравопочит кај тогаш вработените.  Дама чиј збор, после оној на газдарицата секако, ќе биде главен и последен! Арно ама, по некое време газдарицата и нејзината „лева, десна… која и да е рака“, ја расипаа калимерата!? Уште на тогашната традиционална осмомартовска забава која Елена Лука ја приредува за своите вработени, Бејби никаде ја немаше.  Оправдано отсутна, намерно непоканета или подоцна избришана од фотографиите на социјалните мрежи…? Вистината за причината остана во малиот затворен круг?! Тоа значеше дека  дефинитивно „пукнала тиквата“, па „љубовта“ помеѓу работодавачката и извршителот на работите заврши, тогаш навидум засекогаш? Остана само дилемата дали Бејби се почувствува доволно силна, способна и моќна да и го „сврти грбот“ на Елена или од Елена „доби метла“ заради причини, само на  ним двете познати? Или можеби во прашање беше нешто трето, па двете дами пријателски се разделија, што познавајќи ги карактерите на обете, би било тешко остварливо, но не и невозможно? Нешто, што и тогаш Вистина.ком.мк пишуваше. Зашто иако пред пет години ја „расипаа калимерата“, Весна Бејби и Елена Лука сега повторно „се во блиски релации“... Љубовта е минлива, но интересите се вечни?  Или можеби нешто трето  повторно ги спои, за актерката и креаторката сега одново „да бидат среќни“ и заедно да ја дочекаат Новата 2024 година. Како и да е, познатата креаторка и популарната глумица  на полноќ за Нова Година заедно одбројуваа до десет близу Струмица, во еден познат бањско-рехабилитационен, хотелски комплекс со лековита, термална вода, во нивната прва, јавна, заедничка, славеничка пригода по петгодишната „пауза“! Фото: Вистина.ком.мк-архива/Инстаграм/elenaluka_private/vesnapetrushevska  ]]>

Барбара откри што за неа значат празниците и како ги слави семејството Бобак (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/barbara-otkri-shto-za-nea-znachat-praznitsite-i-kako-gi-slavi-semejstvoto-bobak-foto/ Wed, 03 Jan 2024 07:56:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333388

Фолк ѕвездата Барбара Бобак, во пресрет на празниците, си ја отвори душата и призна што значат празниците за неа, нејзиното семејство и дали се промениле откако станала популарна. - Тие не се различни. Секој ден ми е празник кога сум опкружена со луѓето што ги сакам и кога го работам тоа што го сакам. И како некој кој секогаш знае, не само да сака, туку и што сака, уште пред мојата популарност ги исполнував деновите со она што го сакав. Значи во суштина ништо не е сменето, само формата е малку поинаква, што е крајно нормално и пожелно со годините. За тоа како ја прославувале  Нова Година и Божиќ кога таа била дете пејачката рекла: - Секогаш беше целото семејство заедно, како што е денес. И сите најдобри спомени што ги имам од детството во мојата куќа стануваат се посилни и подобри од година во година. Затоа што јадеме повеќе, се сакаме посилно и се смееме погласно. Кога работи за дочекот таа секогаш го менеува репертоарот и подготвува некое изненадување: - Па, како некој што нон-стоп го менува репертоарот, ретко се случува да поминат четири свирки, а репертоарот да остане ист. Секако, секогаш подготвувам уште некое изненадување на репертоарот за дочекот, бидејќи многу сум навикнатa на вакво нешто и никогаш не го откривам однапред, дури и мојот бенд дознава во последен момент. Фото: Printskrin/Instgram/barbara.bobak
]]>

Илина и Игор повторно заедно: Изразот на лицата покажа дека не им е сеедно, само остана дилемата дали меѓу нив дискретно има „нешто конкретно“? (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-i-igor-povtorno-zaedno-izrazot-na-litsata-pokazha-deka-ne-im-e-seedno-samo-ostana-dilemata-dali-megu-niv-diskretno-ima-neshto-konkretno-foto/ Tue, 02 Jan 2024 12:40:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333238

Во најновото издание на емисијата на Снеже Велков „Нешто конкретно“ меѓу гостите се најдоа македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов и алпинистката и уметница Илина Арсова со која  тој беше во врска, а јавноста е запознаена дека сега тоа е веќе минато. Дека тие останале во добри односи потврдија и сега кога заедно застанаа пред фотообјективот, а за фотографијата да биде комплетна им се придружи и водителката која реши да ги спои. Па, додека Илина на кратко се врати во Македонија Снеже искористи прилика и се сети да направи нешто конкретно со овие две персони во нејзината емисија. Нејзината покана со или без двоумење, сепак  ја прифатиле, а дали поединечно биле известени дека ќе се најдат во студиото со поранешната љубов засега не е познато. Имено, на социјалната мрежа Инстагарам се појави видео кое сите ги остави во неверување. Илина и Игор повторно заедно во студиото позираа насмеани и прегрнати, со придружба на главната иницијаторка за оваа емотивно-носталгична средба.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by zase.mk (@zasemakedonija)

Нивната  љубовна врска и по разделбата сѐ уште буди интерес во јавноста  и не е заборавена од никого, особено по  заминувањето на Илина во САД. Обожавателите  не беа сигурни во тоа што го гледаат и не веруваа дека  случајно се заедно на телевизија, туку беа речиси убедени дека повторно се разгорело жарчето што се изгаси откако одлучија да се разделат на пријателски начин. Какви чувства се јавиле кај нив двајцата сега кога се сретнаа по долгиот период е нешто што се гледа на нивните лица, израз кој говори повеќе од сите зборови. Фото: Printskrin/Instagram/nestokonkretno1]]>

Вака славеа Анастасија и Гудељ: Брачната двојка се одлучи за помирна опција од која се изненадија сите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-slavea-anastasija-i-gudel-brachnata-dvojka-se-odluchi-za-pomirna-optsija-od-koja-se-iznenadija-site-foto/ Tue, 02 Jan 2024 07:51:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333154

Младата брачна двојка, пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ, заедно ја помина новогодишната ноќ, а дел од атмосферата ја споделија и со нивните обожаватели. Тие досега беа навикнати да ја гледаат Ражнатовиќ во фино друштво и во елитни ресторани, но оваа година пејачката се одлучила за нешто сосема поинакво.
Имено, пејачката и фудбалерот ја поминале „најлудата ноќ“ шетајќи се низ улиците на Севиља и уживајќи во тамошната програма. Во меѓувреме, Гудељ сподели фотографија со неговата сакана и покажа како изгледале на новогодишниот дочек.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

„Нека ви е среќна Новата година. Ви упатувам најубави желби на сите. Господ нека ве благослови“, напиша фудбалерот во описот на фотографијата. Фото: Printskrin/Instagram/nemanjagudelj

На Прија и се придружи и Теа Таировиќ: Пејачките со атрактивен стајлинг и енергичен настап направија спектакл во Загреб (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/na-prija-i-se-pridruzhi-i-tea-tairovik-pejachkite-so-atraktiven-stajling-i-energichen-nastap-napravija-spektakl-vo-zagreb-video/ Mon, 04 Dec 2023 07:40:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329666

Пејачката Александра Пријовиќ трета вечер како настапува во Арена Загреб, а на ова место ќе одржи пет последователни концерти. Со оглед на тоа што на секој концерт на оваа турнеја има по некој гостин, ниту сега не беше исклучок. На сцената најпрво и се придружи и МЦ Стојан со кој го отпеа нивниот дует „Шта би“, а потоа следеше уште едно изненадување. На Александра на сцената и се придружи Теа Таировиќ, а нивниот заеднички настап ретко кој остави рамнодушен. И двете беа енергични и расположени, а освен што изведоа големи хитови, акцентот беше ставен на нивните атрактивни стајлинзи. Таировиќ се заблагодари за дочекот со „раширени раце“, а со Прија го отпеа и  хитот „Будало“. На видеата објавени на социјалните мрежи, следбениците оставаат коментари за квалитетот на пејачките, успехот на Александра Пријовиќ, но и предизвикувачките изданија во кои и двете излегоа на сцената.
Теа на концертот носеше златен мини фустан, додека Прија реши да ја покаже својата извајана фигура во кожни, тесни панталони. Фото: : Принтскрин/Instagram/aleks_prijovic_zivojinovic]]>

Сузана Гавазова откри во чие друштво е најсреќна: Еве кој и влета во кадарот додека пејачката се снимаше (ВИДЕО)  https://arhiva.vistina.com.mk/suzana-gavazova-otkri-vo-chie-drushtvo-e-najsrekna-eve-koj-i-vleta-vo-kadarot-dodeka-pejachkata-se-snimashe-video/ Wed, 29 Nov 2023 08:56:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329051

Фолк пејачката Сузана Гавазова е од оние кои редовно посетуваат ресторани за дружба со колегите, но и со најблиските. Бидејќи е неуморна секогаш кога е негде таа кратките приказни на нејзиниот Инстаграм профил  ги полни со објави од нејзините провокативни пози кои ги снима и внимателно ги подготвува  за да ги извести нејзините следбеници каде е и што прави со цел да ги израдува, со тоа што ќе ја одржи нивната заинтерисираност за неа, а со тоа и сопствената популарност. Така беше и овој пат кога фолкерката замина во еден ресторан и веднаш го зема мобилниот во рацете и ја вклучи камерата за да се сними и да постира кратко селфи видео од себе си. Таа додека се вртеше и ја одалечуваше и доближуваше камерата за целосно да го покаже она што сакаше, во кадар и влетаа нејзините две наследнички кои Сузе отпрвин не ги забележа. Несакајќи откри во чие друштво ужива овој пат,  нејзината насмевка само блесна на лицето додека девојчињата мафнаа со рацете во кадарот во кој ненадејно влетаа. Па, откако ќеркичките Емили и Селена се втурнаа во камерата таа не го преснима видеото туку гордо го сподели со сите и покажа со кого е најсреќна. Фото: Принтскрин/Instagram/suzanagavazova  ]]>