задржите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 06 Aug 2021 07:40:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png задржите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 7 најчести грешки кои ги правите за самопотемнување: Еве како подолго да го задржите тенот https://arhiva.vistina.com.mk/7-najchesti-greshki-koi-gi-pravite-za-samopotemnuvanje-eve-kako-podolgo-da-go-zadrzite-tenot/ Fri, 06 Aug 2021 13:00:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211585

Многумина се одлучуваат до потемен тен да дојдат со помош на производи за самопотемнување. Но, понекогаш тенот не излегува онака како што сме очекувале - изгледа како зебра или имаме големи темни линии.

1. Неподготвена кожа

Едн од тајните за убава потемнета кожа која трае е пилингот. Пред нанесување на производ за самопотемнување, кожата би требало да биде целосно чиста и сува.

2. Пилинг и бричење

Иако пилингот е неопходен, сепак треба да знаете како да го нанесувате. Една од најчестите грешки е бричење или пилинг непосредно пред нанесување средство за самопотемнување. Пилингот или бричењето направете ги еден или два дена пред нанесувањето.

3. Преголема количина

Убавата темна боја се добива со време. Немојте да паднете во замка и првиот пат да нанесете премногу од производот. Бојата градете ја постепено.

4. Не користете ракавици

Нанесувањето средство за самопотемнување со голи раце веројатно е една од најлошите грешки. Козметичарите препорачуваат да користите ракавици за да избегнете дамки на рацете. Ако сепак нанесувате со раце и сакате и тие малку да потемнат, измијте ги половина час по нанесувањето.

5. Брзо нанесете го производот

Започнете со потешко достапните места, како задниот дел од телото, позади колената и под рацете и полека тргнете кон полесно достапните делови.

6. Производот нема време да се исуши

После нанесувањето на производот, почекајте целосно да се исуши пред да се замотате со пешкир или облечете. Избегнувајте движења кои можат да го размачкаат или пренесат производот на друг дел од кожата.

7. Не хидрирајте ја кожата

За бојата да трае подолго, клучно е да ја одржувате кожата хидрирана. Тоа е важно за постепено зголемување на сјајот на кожата. извор: точка.мк]]>

Како што подолго да го сочувате сончаниот тен после одморот https://arhiva.vistina.com.mk/kako-shto-podolgo-da-go-sochuvate-sonchaniot-ten-posle-odmorot/ Wed, 12 Aug 2020 12:00:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162999

Оние кои уживаат во сончањето, се разбира дека сакаат и што подолго да им трае бојата која ја добиле во текот на летото. За да не ви е жал добриот тен кој сте го добиле тешко, брзо да го загубите, еве неколку совети.

Пијте многу вода

Прво правило за што подолго да остане бронзената боја на вас, па дури и до зрелата есен, е пиењето вода. Бидејќи како кожата се суши одвнатре така и тенот се губи. Обидете се кожата да остане хидрирана.

Пилинг

Пилингот нема да ја „извади“ бојата на кожата, напротив. Правете пилинг на кожата еднаш во десет дена. Многу изумрени клетки се наоѓаат на горниот дел од кожата, а за да ги отстраните пилингот е идеално решение. Тој ќе помогне вашиот темен тен да стане повпечатлив.

Млеко за тело

Мачкајте го телото со млеко за тело. Освен што е добро за кожата одвнатре, ја негува и однадвор. Не морате да нанесувате млеко после секое туширање, туку на секои два-три дена.

Видови храна

Јадете мисиркино месо, белки од јајца, лосос, сирење, бадеми и авокадо. Сите овие намирници се богати со тирозин, состојка која е неопходна за производство на меланин, кој пак е заслужен за бронзениот тен.

Масло за тело

Добро е ако наместо гел за туширање во следниот период користите масло кое ќе ја исчисти но подеднакво и негува кожата многу подобро од гелот. извор:курир.мк ]]>