задржан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 Jan 2024 09:15:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png задржан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Не ја поминав границата“: Ѓорѓе Давид сѐ уште е во Македонија по сообраќајната несреќа во која загина жена (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/ne-ja-pominav-granitsata-gorge-david-s-ushte-e-vo-makedonija-po-soobrakajnata-nesreka-vo-koja-zagina-zhena-foto/ Mon, 29 Jan 2024 09:15:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336569

Ѓорѓе Давид, рок-музичарот и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, неодамна доживеа страшна сообраќајна несреќа во Македонија во која загина жена, а сега тој се огласи и  откри дека неговите документи сѐ уште се во обвинителството. Музичарот објави видео на Инстаграм во кое ги замоли сите медиуми да не шпекулираат за неговата моментална ситуација бидејќи тоа му ја отежнува ситуацијата. - Имајте барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам. Имено, не ги добив документите и не ја напуштив Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми го правите животот пекол. Кога ќе ги добијам документите и кога ќе ја поминам границата, ќе бидам првиот што ќе ве контактира - изјави Ѓорѓе Давид. Да потсетиме, документите на Ѓорѓе Давид му беа одземени по сообраќајна несреќа во која жена го загуби животот откако музичарот налета  на неа со  автомобилот на автопат. Фото: printskrin/instagram/djordje_david]]>

Боки 13 задржан на интензивна нега https://arhiva.vistina.com.mk/boki-13-zadrzan-na-intenzivna-nega/ Wed, 27 Nov 2019 11:48:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120963

Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, ексклузивно дознава Канал 5. Боки 13, ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница. Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски, но каква е неговата мометална здравствена состобја не е познато. Извори од затворот за Канал 5 велат дека Боки 13 постојано се жалел дека има проблеми со здравјето. Пред десетина дена неговиот адвокат Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот . Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.

Градска општа болница 8-ми Септември-Скопје се огласи по информациите дека Боки 13 е хоспитализиран кај нив.

„Лицето Б.Ј. е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази. Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“-информираат од болницата. Извор: Курир.мк]]>