заборавени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Feb 2021 12:40:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заборавени – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ИВАП: Заборавени од сопствената држава? https://arhiva.vistina.com.mk/ivap-zaboraveni-od-sopstvenata-drzava/ Tue, 02 Feb 2021 12:40:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187886

Точно 11 месеци компаниите кои се занимаваат со организација на настани се соочени со невиден предизвик, каков што не познава модерната меморија. 11 месеци без можност за работа и за остварување на приходи. Дополнително, сеуште не се знае кога секторот би започнал со работа. За жал, индустријата за организација на настани не е доволно препознаен од страна на Владата, т.е. не се третира соодветно на состојбата во која се наоѓа. „Нашите бизниси се пред колапс. Мерките кои ги понуди Владата во претходните пакети за помош се недоволни и несоодветни за нашиот сектор бидејќи намалувањето на прометот кај нас е и до 100%“. Уште на почетокот на кризата предупредувавме дека сме првите што сме затворени и дека ќе бидеме последни што ќе можат да работат. За жал, нашето предвидување се оствари а во земјава навистина нема можност за организирање на било каков настан на отворен или затворен простор. Ова секако не нé погодува само нас организаторите, тука се уште многу други дејности кои трпат значителни штети заради ситуацијата. Нашата индустрија е комплексна, составена од повеќе компатибилни дејности кои се поврзани и зависни едни од други. Пандемијата ни покажа дека не сме разбрани како индустрија, ниту пак сме доволно видливи за државата. Остваривме средба со господинот Битиќи на која му ја презентиравме комплексноста на нашиот сектор и секако состојбата во која се наоѓаме. Задоволни сме од приемот но сега тоа треба да се претвори и во реална реакција. Доколку Владата итно не насочи помош кон нашата индустрија и доколку јасно не ја вброи нашата индустрија во една од најзагрозените, навистина ќе сметаме дека сме заборавени од сопствената држава. Иако нашата работа подразбира гласност и многу врева, одлучивме во оваа криза да делуваме одговорно и тивко, со намера да покажеме дека сме конструктивен партнер во борбата против пандемијата. Но тоа не значи дека треба да бидеме заборавени или игнорирани. Затоа, бараме итно и веднаш да бидеме издвоени како една од најзагрозените дејности од пандемијата а во претстојниот пакет мерки за помош да бидеме вклучени соодветно на состојбата во која се наоѓаме“ – велат од ИВАП.
]]>

Панчо од ДНК ја прозва власта: „Естрадата е тотално заборавена и никој не зборува за неа“?! https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-od-dnk-ja-prozva-vlasta-estradata-totalno-zaboravena-i-nikoj-ne-zboruva-za-nea/ Tue, 26 May 2020 07:05:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=151249

Корона пандемијата кај нас никако да стивне... Напротив, дури зема и замав, па секој ден имаме повеќе новозаболени отколку во т.н. пик, нови починати, се' уште карантин, изолација, полициски час... Од една страна на власта устата и е полна со повици за брзи избори, на кои во вакви услови наместо гласови ќе броиме новозболени и починати, а од друга страна мафта со некакви први, втори, трети пакети на мерики, од кои никој не е задоволен. Цели дејности и индустрии се заборавени, забаталени, маргинизирани и оставени сами на себе, па затоа секојдневно наместо насмеани, задоволни и среќни лица, гледаме катанци на вратите и натписи од типиот: дуќанот се издава, локалот се продава, просторот се рентира... Туризмот, угостителството, естрадата, ивент индустријата, па и добар дел од културните дејности се на „респиратор“... На умирање. А без нив, ќе умре и нашиот идентитет како народ, како Македонска нација! Естрадата и ивент индустријата каде по дифолт е се' во приватна сопственост, државата дефинитивно ги заборави! Илјадници естрадни уметници, пејачи и пејачки, музичари, продуценти, автори, со месеци се без „скршена банка во џебот“, оставени самите на себе, да живеат од заштеда, позајмици, кредити... а при тоа да немаат можност ништо да заработат.  Истата приказна, копи - пејст е и со т.н. ивент индрустрија. Менаџери, извршни продуценти, организатори на концерти, изнајмувачи на озвучување, осветлување, сценска опрема... Сите тие сосе нивните вработени и семејства се препуштени на стихијата. Кој ќе преживее - ќе раскажува... Или ќе се кае и проколнува!? И за нив власта молчи, ништо не зборува, никој не ги споменува... Оставени, заборавени, дискриминирани... А се работи за илјадници луѓе во Македонија, плус нивните повеќечлени семејства, кои од пристојна и солидна заработка, негрижата на државата и власта речиси ги претвори во социјални случаи... Од газди во питачи! Премиерката на соседна Србија, Ана Брнабиќ на пример, веќе дозволи одржување на најголемиот фестивал во Европа „Егзит“ каде се собираат неколку стотици илјади луѓе во август. Во Хрватска Министерството за култура и „Хрватското здружение на музички уметници“ се во акција за помагање и субвенционирање на најзагрозените естрадни уметници и музичари, кои освен своите настапи кои ги нема, немаат друг извор на егзистенција за себе и нивните семејства, додека во Македонија помошта од државата за оваа фела е само мисловна именка! Нашето Министерство абер нема да и помогне на естрадата, или пак ЗАМП, кој кога беа неговите интереси во прашање, дури се дрзна да забранува македонска музика со месеци на медиумите, а касата ја полни до небо токму од парите на естрадните уметници. Неговите челници сега скриени како глувци во глувчешка дупка, си молчат и си крцкаат од колачот, ниту на крај памет да им падне да бидат хумани, да се фатат за џебот и да им помогнат на најзагрозените од оние, кои истиот тој џеб дебело им го полнат! И додека естрадата диши на „респиратор“ или подобро речено како риба на суво „на шкрги“, меѓу првите се јави Владимир Блажев, алијас ДЈ Шорти или познат како Панчо од ар ен би дуото ДНК, кој отворено и јавно ја прозва власта преку својот Фејсбук, дека нивната дејност е заборавена, а ивент индустријата и естрадните уметници грубо дискриминирани. По неговиот јавен повик до владата можеби некому од власта... ќе му текне?! Како што им текнуваше да прават спектакли на кои трошеа стотици илјади државни, или поточно, наши пари, за Цеца, Брена, Аца Лукас, Жељко Јоксимовиќ, Северина... Од „Струмица опен“,  преку „Пиво фест“ во Прилеп до „Штипска пастрмајлијада“...  и уште стотици локални „селски игранки“ за турбо забава на народот и политички поени на власта!            ]]>