заборав – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 17 Oct 2018 12:29:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заборав – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали е вистина дека првата љубов никогаш не се заборава? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-e-vistina-deka-prvata-ljubov-nikogash-ne-se-zaborava/ Wed, 17 Oct 2018 13:45:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53233

Колку е точна изреката „Првата љубов не се заборава“ и дали навистина цел живот ќе чувствуваме нешто за личноста што прво сме ја сакале, дознајте во овој текст. Важноста на првата љубов Со сигурност вашето сеќавање на првата љубов е длабоко врежано во вашата меморија и сега детално би можеле да го опишете вашиот прв состанок или првиот бакнеж. Тоа едноставно бил вашиот прв допир со романтичната претстава за љубовта, која дотогаш сте ја виделе само на филмското платно или за која сте читале. Тоа било првпат да доживеете некои емоции за кои и не сте знаеле дека постојат. Од неа зависи нашиот став за љубовта Без разлика на тоа колку се позитивни или негативни сеќавањата поврзани со првото доживување на љубовта, од неа зависи како понатаму во животот ќе се поставите кон идните партнери. Терапевтката Д-р. Нило Дардашти се обидува да објасни како влијае првата љубов врз нас. Според нејзините зборови, првата љубов ја претставува првата длабока емоционална конекција, која порано не сме ја доживеале.
– Обично кога ќе се вљубат, луѓето употребуваат реченици од типот: „Се чувствувам еуфорично, се чувствувам како да летам, неможам да престанам да се смејам“ – што всушност се примери за нивните чувства и емоции, вели Дардашти.
Улогата на родителите исто така влијае врз нашето поимање на љубовта Начинот на кој родителитесе однесуваат кон нас додека растеме делумно влијае врз тоа како ќе пристапиме кон нашите први љубовни чувства. На пример, ако вашиот родител е доста критички настроен, ве занемарувал емоционално или направил мошне тешко да им верувате на луѓето, тоа може да влијае врз тоа кој тип на луѓе подоцна ќе ве привлекува. Сите тие емоции и искуства што ќе ги доживееме, подоцна ќе станат копија на начинот на кој подоцна ќе се претставуваме кон идните партнери. Со други зборови, нашата лична дефиниција за љубовта се заснова врз сето она што сме го поминале со нашиот прв партнер во љубовта. Секогаш сакаме одново да ја почувствуваме таа голема љубов Според зборовите на Дардашти, луѓето често ги споредуваат нивните моментални врски со нивниот прв љубовен партнер за да утврдат дали нивните чувства кон моменталниот партнер се сложуваат со нивната претстава за љубовта што веќе ја искусиле. Со оглед на тоа дека првата љубов најчесто сме ја почувствувале во тинејџерските години, кога станува збор за чисти и невини силни чувства, нормално е подоцна во животот да сакаме повторно да ги почувствуваме и затоа сите идни љубови ги „мериме“ во однос на првата. Mожеби првата љубов навистина е и најдлабока Односно, можеби првата љубов е најдлабока во буквална смисла, со оглед на тоа што таа создава темел врз кој се градат другите односи, се повисоко и повисоко (како стокатница) се додека првата љубов не остане надвор од дофатот, премногу далеку за да се достигне.]]>

Како полесно да го заборавите бившиот? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-polesno-da-go-zaboravite-bivshiot/ Thu, 28 Jun 2018 20:27:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34868

Разделбата носи тага, болка, горчина, чувство на беспомошност, осаменост. Ако некогаш сте сакале некој вистински и тој повеќе не е во вашиот живот, тогаш многу добро знаете каква болка предизвикува разделбата и знаете дека не можете да очекувате да не боли. Велат времето лечи сè. Но, понекогаш и не е баш така. Некои луѓе остануваат врежани во нашето сеќавање и колку и да се обидуваме да ги заборавиме, повторно се навраќаме на нив. Па, која е тајната? Како да оставиме некој во минатото каде што припаѓа?
  1. Убијте ја надежта. Ова е првиот најтежок чекор, бидејќи како што знаеме надежта последна умира. Секогаш ние жените сме склони да негуваме некаква надеж – надеж дека ќе сфати дека згрешил, надеж дека ќе се промени, надеж дека никогаш нема да може да засака друга и дека ќе се врати кај нас. Токму надежта е вашиот најголем непријател кога се обидувате да заборавите некого, па најдете начин да ја искорените од вашиот ум.
  2. Заборавете на мислите од типот „Ако не се случеше..., сè уште ќе бевме заедно“. Кога веќе не сте во врска со него и сте решени дека треба да го заборавите, тогаш повеќе од јасно е дека не треба да се измачувате со мисли за тоа што требаше, а што не требаше да правите или тој да прави. Разделбата е факт и сега дури и да ги смислите сите можни решенија на вашите минати проблеми, нема да имате корист, освен да ги пренесете како лекции во наредна врска.
  3. Побарајте ги пријателките за поддршка и разговор. Никако не смеете да се изолирате. Изолацијата ќе направи да се чувствувате депресивно и постојано ќе се самосожалувате. Ако вашите пријателки се во среќна врска, тоа не треба да ви биде причина за уште повеќе да мислите колку сте несреќни. Во таквите моменти вам ви се потребни токму весели и позитивни луѓе, а не пријателки со кои взаемно ќе се сожалувате. Со нив споделете ги сите ваши мисли, па така кога ќе останете насамо нема толку многу да се оптоварувате, веќе сè ќе имате кажано на глас.
  4. „Погребете“ ја вашата врска. Многу психолози го предлагаат овој трик за метафорично закопување на спомените. Соберете ги сите физички спомени (подароци, слики, карти од концерти) и исфрлете ги или пак соберете ги во картонска кутија и ставете ги во визба или некаде каде што ви се далеку од погледот. Додека ги фрлате или ја запечатувате кутијата, замислете ги сите тие спомени како пловат по површината на вода и полека заминуваат подалеку од вас.
  5. Направете последна сесија за плачење. Гледајте тажен филм или слушајте романтична музика која ви го пара срцето. Истурете ја целата лутина на лист хартија. Напишете сè што некогаш ви сметало кај него и не воздржувајте се. Пуштете ја секоја солза што ќе ви дојде во очите и постојано повторувајте си дека тоа е последниот пат кога издвојувате време за да мислите на него.
  6. Избегнувајте ги местата каде што знаете дека излегува. „Далеку од очите, далеку од срцето“. Излегувајте на места кои не спаѓаат на неговата листа на омилени. Доколку го гледате секојдневно, вашите чувства на лутина, љубомора или дури љубов ќе се засилуваат и нема да ви дозволат да го заборавите. Доколку го сретнете, не покажувајте слабост. Поздравете го и во никој случај не обидувајте се да започнете долг разговор или да дознаете што се случува во неговиот живот. Не заборавајте дека вашата мисија е да го заборавите.
  7. Сопрете ја секоја онлајн и офлајн комуникација. Избришете го од вашата листа на пријатели на социјалните мрежи што ги користите, пред тој да напише нешто што ќе ве повреди или ќе ви ги врати чувствата кон него. Така нема да ви се појави чувство на љубомора кога некоја друга ќе се појави во неговиот живот. Променете си ја лозинката, доколку тој ја знае. Ретки се тие кои што би му одолеале на искушението да проверат што се случува кај нивниот бивши партнер доколку знаат дека имаат достап, дури и тоа да е чисто поради забава. На мобилниот телефон променете го неговото име во „Х“ или „оној што не ме заслужува“ и никогаш не бидете слаби за да стигнете до момент да му се јавувате.
  8. Убедете се дека тој не е вистинскиот. Најлогичниот начин за да можете да го оставите во минатото засекогаш е да се убедите дека тој не беше вистинскиот за вас. Кога веќе сте стигнале до разделба, значи не сте можете да преминете преку некои разлики или надворешни влијанија. За вие да го заборавите, прво треба да го заборави вашиот ум. Дури и во моментов да мислите дека тој е вистинскиот, со текот на времето ќе си го промените мислењето.
]]>