заболување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 09 Feb 2022 12:52:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png заболување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Храна која дава сила за време и по заболување од корона: Придржувајте се до едно правило и ќе бидете како нови https://arhiva.vistina.com.mk/hrana-koja-dava-sila-za-vreme-i-po-zaboluvanje-od-korona-pridrzuvajte-se-do-edno-pravilo-i-kje-bidete-kako-novi/ Wed, 09 Feb 2022 13:00:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238352

Болката во грлото е еден од симптомите што им пречи на многумина, особено ако се заразени со сојот омикрон. Редовното пиење чај и други топли напитоци може, во голема мера, да ги ублажи болестите. Хидратацијата е исклучително важна за сите оние кои имаат дијареа, болки во мускулите или треска. Гадење, затнат нос и нагон за повраќање може да се ублажат и со пиење повеќе течности. Со себе треба да имате чај, вода, вода со лимон и мед. Најдобро е пациентот да зема лажица по лажица, на секои неколку минути. Пациентите со Ковид треба да консумираат мека храна и едноставни оброци. Многу луѓе немаат апетит за време на болеста, па дури и не можат да станат и да јадат. Затоа супите и чорбите се одлично решение, кои можете да ги послужите во голема шолја. Се препорачуваат и обезмастено млеко и јогурт, печено пилешко, јајца без многу зачини за да не предизвикаат мачнини. Пациентот никогаш не смее да гладува. Некои денови, кога ситуацијата е навистина лоша, може да се помине само со тост и чај. Меѓутоа, како што се подобрува состојбата на човекот, би било добро да се внесуваат соодветните хранливи материи. Заедно со месото, јајцата и млечните производи, неопходно е да се зема и друга храна богата со протеини како грав и леќа. Природни извори на витамини кои се препорачуваат се мрсна риба и печурки поради витаминот Д, цитрус и кисела зелка поради витаминот Ц, како и пробиотските својства. извор: попара.мк]]>

Научниците тврдат: Пиењето виски може да ве куртули од заболување https://arhiva.vistina.com.mk/nauchnicite-tvrdat-pienjeto-viski-moze-da-ve-kurtuli-od-zaboluvanje/ Fri, 07 Dec 2018 13:33:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61792

Можеби нема да ви се допадне помислата, но има премногу бактерии во вашиот пијалок со мраз. Поточно, има бактерии во мразот. Но, доколку пиете виски, многу подобро ќе поминете од вашите пријатели кои консумираат други алкохолни пијалоци. Една студија издадена во аналите на микробиологијата (Annals of Microbiology) ни открива дека вискито ги убива бактериите од мразот многу поефикасно од водката. Поконкретно, италијански истражувачи земале 60 примероци коцки мраз од дома, ресторан, бар и индустриски зони, и откриле дека 52 видови на бактерии одговараат на 31 различни соеви. Ова е прилично загрижувачко со оглед на фактот дека консумираме коктели и други пријалоци со мраз речиси секој ден. Најтрагичното е што само малку имаме контрола врз санитарноста на сопствениот фрижидер дома, не па надвор. Поедоставено, немаме претстава за чистотата на мразот во локалниот бар. Истите истражувачи намерно контаминирале коцки мраз со четири најзастапени видови на бактерии кои ги пронашле претходно, и ги помешале со водка, виски, мартини, чај од праска, тоник и кока-кола. Тие откриле дека додека алкохолот, јаглеродниот диоксид (CO2), и киселата pH средина константно го редуцирале присуството на бактерии, но вискито како медиум ги елиминирало сите четири видови бактерии од мразот. Со оваа студија е заклучено дека покрај улогата на алкохолот, самата киселост во вискито многу влијае во сузбивање на сите типови бактерии. Вискито има пониска pH вредност од водката, што значи е повеќе ациден (кисел) пијалок. Затоа, нареден пат кога ќе се мислите каков жесток пијалок со мраз да нарачате, вискито нека ви биде како најсигурен избор, бидејќи според хемијата тоа е решението. Во продолжение неколку цитати од светски познати обожаватали на овој пијалок: „Мала голтка топло виски пред спиење – не е многу научно, но помага“ (Александар Флеминг) „Водата не беше квалитетна за пиење. За да ја направиме вкусна моравме да додадеме виски. Со големи напори, научив да ми се допаѓа“ (Винстон Черчил) „Премногу од било што е лошо, но премногу добро виски е сосема доволно“ (Марк Твен) „Не постои лошо виски. Постојат само некои виски кои не се доволно добри како другите“ (Рејмонд Чендлер) „Би сакала да живеам 150 години, но дента пред да умрам сакам тоа да биде со цигара во едната и виски во другата рака“ (Ава Гарднер)]]>