забележува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 Sep 2021 12:23:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png забележува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Три работи кои жените веднаш ги забележуваат на првиот состанок https://arhiva.vistina.com.mk/tri-raboti-koi-zenite-vednash-gi-zabelezuvaat-na-prviot-sostanok/ Mon, 20 Sep 2021 12:30:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219832

За понежниот пол, првата средба е многу важна, а впечатокот што мажот и го остава на жената е во повеќето случаи најважен за неа. Врз основа на впечатокот што го добива на првиот состанок, жената прави заклучок за мажот како личност и за тоа како изгледа да се забавуваш со него. Затоа е многу важно мажот да се прикаже во најдобро светло за време на првиот состанок. Жената веднаш ќе ги забележи овие три работи, врз основа на кои ќе одлучи дали ќе оди на друг состанок со тој маж. Манири Иако физичкиот изглед е нешто што прво не привлекува кон некого, не е се во тоа. Не е кажано без причина дека убавината е во окото на оној што гледа. Луѓето кои изгледаат убаво на прв поглед можат да станат многу грди кога ќе ги запознаеме малку подобро, додека некои луѓе за кои би рекле дека се со просечен изглед, ни изгледаат најубави на светот. Жената нема да очекува да и донесете 101 роза и да го нарачате најскапиот пијалок, туку ќе ве смета за господин ако и ја отворите вратата, ја понудите вашата јакна и ја придружувате дома. Хигиена Секоја дама сака кога нејзиниот маж се грижи за изгледот и кога се грижи за себе. Впрочем, никој не сака да има неуредна личност до себе. Она на што жените обрнуваат посебно внимание е мирисот – за нив е многу важно мажот да мириса убаво и мажествено. Но, мирисот не е единственото нешто што жената ќе го забележи, туку и уредни нокти, фризура и чиста облека. Однесување кон келнерот Доброто однесување во ресторан е едно од основните правила на бонтон. Тоа е идеална можност да ги покажете сите убави манири што ги поседувате како маж. Ако мажот се однесува кон келнерот „од висина“, тоа однесување сигурно нема да наиде на одобрување од жените. извор: Курир.мк ]]>

Првите 10 секунди: Што е тоа кај жената што најмногу ги привлекува мажите? https://arhiva.vistina.com.mk/prvite-10-sekundi-shto-e-toa-kaj-zenata-shto-najmnogu-gi-privlekuva-mazite/ Thu, 30 May 2019 12:15:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90521

Кога се запознаваат жената и мажот, во првите 10 секунди тој поголемиот дел од времето гледа во нејзините усни. Меѓутоа, доколку постои уште еден детаљ на жената тој нема да може да го тргне погледот од таму. Резултатите на истражувањата спроведени на Универзитето во Манчестер покажале дека усните се најатрактивниот дел од женското лице. Во истражувањето во кое учествувале 50 мажи, научниците покажувале фотографии од различни жени со кармин и без него. Во првите десет секунди мажите го фиксирале својот поглед на розовиот кармин во просек 6,7 секунди, додека пак на црвениот кармин нивното внимание го задржале 7,3 секунди во просек.
Кога жената имала кармин на усните, мажите на нејзините очи посветувале во просек 0,95 секунди, додека пак на косата “трошеле“ уште помалку време, 0,85 секунди. Притоа колку што усните на девојките биле пополни толку повеќе внимание привлекувале кај мажите. Главниот автор на истражувањето, д-р Џеф Бит, вели дека ова истражување докажува дека усните претставуваат еден од најсензибилните делови на женското тело и дека ја играат клучната улога кога станува збор за сексуалната привлечност меѓу луѓето.
„Истражувањето укажува на тоа дека црвените усни и перципираната атрактивност на жената сè уште се нераскинливо поврзани. Црвениот кармин се покажува како најмоќен фактор за привлечност кој значително ја зголемува визуелната фиксација“ - заклучил д-р Бит. извор: точка.мк]]>