забелешки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Jul 2022 11:43:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png забелешки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дрско: Кајли Џенер ја налути јавноста со најновата објава на Инстаграм (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/drsko-kajli-dzener-ja-naluti-javnosta-so-najnovata-objava-na-instagram-foto/ Tue, 26 Jul 2022 11:43:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=260323

Речиси не поминува една недела, а некој од семејството Кардашијан/Џенер да не биде вовлечен во некаков скандал - денес сега е Кајли Џенер. Имено, Кајли одлучила да се качи во својот приватен авион за да го избегне патувањето кое трае помалку од еден час, а со тоа се пофалила на Инстаграм со опис „Сакаме со мојот или твојот?“ обраќајќи му се на својот партнер Тревис Скот. Спорната фотографија крена голема прашина, а младата реалити ѕвезда се најде на мета на критики каде нејзините следбеници жестоко ја осудија за нејзиното арогантно однесување среде еден од најголемите топлотни бранови предизвикани од климатските промени. Твитер профилот Celebrity Jets, кој го следи движењето на приватните авиони, ја објави нејзината рута, а се дозна дека летот траел приближно дванаесет минути. Ова предизвика лавина негативни коментари, а многу корисници на оваа социјална мрежа најмногу ја критикуваа за штетите што ги нанесува на животната средина: „Европа гори додека Кајли лета петнаесет минути“ беше само една од низата забелешки. фото:Инстаграм принтскрин/убавина и здравје]]>