забавна индустрија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Feb 2021 13:21:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png забавна индустрија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ИВАП на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија https://arhiva.vistina.com.mk/ivap-na-1-vi-mart-pred-vladata-kje-odrzi-pomen-na-zabavnata-industrija/ Thu, 25 Feb 2021 13:21:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191482

Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија. Точно една година од денот кога замолкна музиката, замолкнаа настаните, замолкна забавата! Вирусот Ковид-19 стана најголемиот непријател на индустријата за организација на настани. Страдаат многу дејности и сектори, целата креативна индустрија што делува во функција на ивент индустријата е оставена на преживување. „Бевме првите што не забранија, а кога ќе ни доволат да работиме никој не може да потврди. Цела година трпеливо и одговорно делуваме, ние не сме причина за зголемување или ширење на заразата. Но, за жал останавме невидливи за државата. Немаме партнер, ниту поддршка и покрај тоа што со години редовно придонесуваме за полнење на буџетот. Побаравме помош – добивме нејасен модел со недефинирани рокови и услови. Сите други дејности беа помогнати, а нас не оставија на крај со услови кои и самите веројатно не можат да ги објаснат. Пандемијата не стави на апарати а нашата држава ни ги исклучи апаратите. Затоа, во понеделник, на 1 март ќе и оддадеме помен на забавната индустрија. Ги повикуваме сите оние кои се дел од оваа индустрија и кои ја разбираат нашата мака, да ни се придружат, се разбира со строго почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот. Задолжително е носење на маски“ – велат од ИВАП.
]]>