за – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Sep 2018 13:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png за – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со прстот в уста! https://arhiva.vistina.com.mk/so-prstot-v-usta/ Wed, 12 Sep 2018 08:47:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47511

30 септември полека се ближи. Доаѓа денот „Д“ , судниот ден за Македонија, денот на одлука за македонскиот народ, за хамлетовската разрешница: „Да се биде или не“? СДС наголемо тера кампања - „ЗА“ референдум! Од неубедливи говори, до ступидни билборди, секојдневно фрчат пароли и повици да се излезе и гласа -  за! Како оној последниот, дека по успешен Референдум низ цела Европа ќе сме се лечеле гратис!? Тој што го смислил гарантирано не бил ни до Халкидики на одмор, а камо ли подалеку? Во Европа и да кивнеш на улица ќе ти наплатат под изговор дека ја загадуваш околината, шириш бацили и си потенцијален извор на зараза, а не да ти дозволат бесплатно лечење! Дефинитивно, оној што го смислил ова е  ЗА... И „ЗА“ референдум и ЗА...  „лечење“!
Агитаторите на владината референдумска кампања почнаа и по  куќи и станови да одат,  од врата на врата... Таканаречените „невладини“ со кесенца в рака, а во нив памфлет, пенкалце и запакла со парола и повик - гласај ЗА! Бетер од изборна кампања! Таму барем знаеш чии ти тропнале на порта! Овие „се фолираат“ дека се самосвесни, самоорганизирани, со самоиницијатива за пропагирање... „невладини“?! И мислат дека некој уште им верува во она, за што се претставуваат?
Премиерот пак, сакајќи да поентира, „да даде гол“, секој ден си дава по некој „автогол“!  При еден од последните говори „големиот оратор“ признава дека е неспособен и нема работни манири, па му треба некој со камшик да виси над него и да му кажува што треба, а што не треба да прави? Тоа ли е капацитет самостојно да се управува и води суверена држава? https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=VXBsFcjkn1E И опозицијата конечно го објави својот став. Секој граѓанин на 30 септември да си одлучи самиот како ќе се однесува. Ќе излезе или не, и ако излезе, како ќе гласа! Избор по сопствено убедување. Секој паметен ќе сфати што сакале да кажат. Пораката е испратена... меѓу редови!
Јасно е дека притисокот е голем, пресијата неподнослива, а подготвени се и алтернативните методи власта да си го протурка она што го наумила со сесрдна поддршка на оние од ЕУ и НАТО, ако не преку референдум, тогаш инстутиционално. На власта нема да и биде сеедно ако референдумот пропадне, ама со тоа не планираат да им пропадне и договорот со Грција. Ќе си го протуркаат на „мала врата“, како што го протуркаа парламентот, спикерот... И во собраниското бифе ако треба, ќе го ратификуваат! А на македонскиот народ со сменето име и корени што одат во пакет со „пактот со ѓаволот“, токму „адвокатите на ѓаволот“ ќе го лажат и ќе му ветуваат дека е на чекор пред влезот на „рајските порти“ на НАТО и ЕУ. Па дури и да има трошка вистина во нивните „евтини приказни“, повеќе од јасно е дека Македонецот и овој пат, на ова најново историско распетие ќе остане „со прстот в уста“. Ем излажан, ем за*бан!
Можеби на тоа најдобро асоцира една мисла на познатиот српски актер и режисер Драган Бјелогрлиќ („Сенки над Балканот“), која важи колку за северниот сосед, исто толку и за нас, како земји кои ги третираат како слепо црево на Западен Балкан: „Нашиот влез во ЕУ сега е како кога ќе дојдеш на журка во 5 часот наутро. Сите најдобри 'риби' веќе си заминале и нема ни пијалок. Ние сме, за жал, тие кои доаѓаат на журката во 5 наутро. Журката наголемо замира, а ние влегуваме полни со ентузијазам“! Само што додека дојде време нас Македонците не поканат на „журка“, ќе го снема и „станот“, во кој журката некогаш се правела!
   ]]>

„За“ и „против“ секс со пријател? https://arhiva.vistina.com.mk/za-i-protiv-seks-so-prijatel/ Wed, 14 Feb 2018 14:18:50 +0000 http://vistina.mk/?p=12824

Додека едни сметаат дека пријателството и сексот не треба да се мешаат, други веруваат дека тоа е една одлична комбинација. „Пријатели со привилегии“ е многу популарен облик на модерна врска, а резултатите од едно неодамнешно истражување покажуваат дека дури 60 отсто од Американците се впуштиле во таков однос. Но, што воопшто значи пријатели со привилегии? На скалата меѓу секс без обврски за една ноќ и роматичен однос, пријателството во комбинација со повремени сексуални односи е некаде на средина. Таков однос не е баш целосно без емоции бидејќи се во прашање пријатели кои се познаваат, делат одредени искуства и интересирања. Од друга страна, не постојат обврски во смисла планирање заедничка иднина. Освен очигледните предности како што е сексуалното задоволство, ваквата врска меѓу пријатели може да има две цели. Може да биде „резерва“ додека не се појави нешто подобро или може да служи како „пробен рок“ дали нешто воопшто ни одговара и можемо со него да имаме „вистинска“ врска. Меѓутоа, по „пробниот рок“ одговорот е обично „не“, па така само 10 до 20 отсто од пријателите со привилегии се впуштаат во сериозна врска. Од друга страна, се застапува ставот дека сексот го уништува пријателството и го компликува односот и дека, едноставно, по него веќе ништо не е и не може да биде исто. Токму тоа многумина го имаат ум кога размислуваат за впуштање во врска со привилегии. Неодамнешните студии покажале дека најголем недостиг на пријателите со привилегии е токму губењето на пријателскиот однос со таа личности, а како втор недостиг се покажала можност од развој на непредвидени чувства. Извор:НетПрес