за жена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 30 May 2023 08:18:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png за жена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската модна дизајнерка кажа ДА среде градот на љубовта: Ива Спасовска запросена пред Ајфеловата кула во Париз (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-modna-dizajnerka-kazha-da-srede-gradot-na-lubovta-iva-spasovska-zaprosena-pred-ajfelovata-kula-vo-pariz-video/ Tue, 30 May 2023 08:11:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304180

Македонската модна дизајнерка е една од оние чии креации покрај обичните луѓе ги носат и познатите Македонки од естрадниот и јавниот живот... Фолкерката Сања Сани Гроздановска сега Урдаревиќ или ријалити ѕвездата и позната инфлуенсерка и модел Елеонора Миљковиќ на пример, беа или се уште се едни од нејзините редовни клиенти. Но, за младата модна креаторка важи и оноа: Колку креативна, толку убава, згодна, атрактивна  и сексапилна, па затоа неретко и самата знаеше да ги рекламира своите модели... Од свечени фустани или венчаници, до костими за капење излезени од нејзиното дизајнерско-креативно ателје. Токму затоа она што се случи ја заскокотка љубопитноста на чаршијата, каква ли венчаница ќе облече дизајнерката кога ќе дојде денот на свадбата на Ива? А тој ден воопшто не е далеку зашто Ива Спасовска кажа ДА и тоа среде градот на светлината и љубовта - Париз.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by BURAK BİRKAN (@brknbrk_)

Имено дизајнерката се вери во Париз, а веста самата ја сподели со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи, откако нејзиниот партнер, Турчинот Бурак Биркан  по двегодишната љубовна романса ја побара нејзината рака пред Ајфелова кула. „Париз е дефинитивно најромантичното место на светот“ - споделила идната невеста покрај видеото на кое  двајцата младенци се облечени во бела комбинација. Најпрвин Бурак и го става големиот, веројатно дијамнтски прстен на раката, па потоа следува судбоносниот бакнеж в уста на двете вљубени гулапчиња... Потоа додека вереникот го отвора шишето со шампањко, Ива уште еднаш го покажува прекрасниот прстен од бело злато со скапоцен камен на него.
Датумот на свадбата се уште не е обзнанет... Не барем јавно, а за венчаницата...? Веројатно ќе мораме да почекаме невестата самата да ја искреира и сите да ги изненади... Или можеби сепак ќе се одлучи за некој од светските брендови, иако многу поинтересно би било доколку македонската модна креаторка за „големиот ден“  кога ќе биде невеста, самата на себе да си биде и дизајнерка и шнајдерка. Фото:Инстаграм принтскрин/ivaspasovska_]]>

Се сврши и Стефан Лазаров: Најпознатиот македонски јутјубер ја побара раката на девојката на Камп Ноу (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-svrshi-i-stefan-lazarov-najpoznatiot-makedonski-jutjuber-ja-pobara-rakata-na-devojkata-na-kamp-nou-video/ Mon, 19 Sep 2022 07:26:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=267415

Некогаш млад, надежен фудбалер кој кариерата ја завршил пред и да ја почне заради тешка повреда, а потоа модел и ТВ водител и сега пејач и Јутјубер… „Мултиталентиран мултипрактик“, што би рекле некои, за ова младо момче. А по таквите како по правило се лепат најубавите девојки во градот, од кои некои  му ги припишуваа... Дури и познатите ријалити старлети како Тара Симов на пример, која излезе дека му е само најдобра другарка, зашто Стефан Лазаров ја сака само Марта! Познатиот македонски јутубер викендов тоа на најдобар начин и го покажа, откако на многу интересна локација ја запроси својата девојка, иако ниту една, веројатно не сонува да биде  запросена на фудбалски натпревар! Но, Лазаров не мислеше така. Како голем фан на фудбалскиот клуб Барселона која викендов играше првенствен натревар од Ла Лига против екипата на Елче на „Камп Ноу“, јутјуберот реши да ја почести и однесе својата Марта заедно да ја гледаат Барса во живо. Арно ама на Лазаров не му било само до Барселона и фудбалот, туку токму на Камп Ноу решил да го заврши ергенскиот живот и да ја запроси неговата долгогодишна девојка која е чест гостин и во неговите Јутјуб видеа кои се многу гледани. Стефан возбуден бидејќи за прв пат во животот го гледа својот омилен клуб во живо, ама уште повозбуден од чинот кој треба да следува, а таа тоа не го ни насетува. И тогаш во еден момент,  како „гром од ведро небо“ за идната вереница, се случува она најсвеченото - моментот на запросувањето.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

Идната невеста „шокирана“, па потоа во прегратките на јутјуберот, а  „среќниот шокирач“  насмеан и среќен откако таа кажа ДА, додека гледачите наоколу на трибината, со своите мобилни снима и со овации им аплаудира на вљубените свршеници, исто како кога Барса ќе даде гол! Како изгледала од почеток до крај целата „операција свршувачка со среќен крај“ кој е всушност само нов почеток на една приказна за поинаков, заеднички живот, погледнете од видеото кое самиот „свршеник“ Лазаров го спакувал и споделил на својот Јутјуб канал (Кликни ТУКА).  И секако, честитки и од нас до Стефан и Марта! ]]>

Македонската ријалити ѕвезда се сврши: Елеонора Миљковиќ кажа – ДА! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-rijaliti-dzvezda-se-svrshi-eleonora-miljkovikj-kaza-da-foto/ Fri, 17 Jun 2022 07:32:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254785

Македонската ријалити ѕвезда се сврши. Елеонора Миљковиќ беше запрoсена од своето момче Чедо, со кое се во долгогодишна љубовна врска. Чинот на запросувањето се случил вчера, четврток, 16 јуни 2002, во атарот на една позната, елитна скопска винарија, каде откако нејзиното момче по стариот добар обичај клекнаувајќи на колена и подарил скапоцен веренички  прстен и  ја побарал нејзината рака, македонската ријалити учесничка кажала - ДА! Скопската убавица претходно со ништо не најави дека е „на чекор“ од запловување во брачните води,  што не ја исклучува можноста и самата навистина да била  изненадена од запросувањето, иако многумина велат дека не е баш така. Гледајќи ги споделените фотографии и видеа на нејзините Инстаграм приказни, тврдат дека запросувањето изгледа како да било „однапред режирано“, со срце од рози на плочникот, огномет со поставени прскалки, црвени срце балони  и подготвени фотообјективи за да го овековечат чинот. Како и да е бившата ријалити ѕвезда од „Задруга“ и едно време ТВ  презентерка на временска прогноза  на српската „ТВ Ред“, сексапилната инфлуенсерка и модел,  Нора го кажа своето судбоносно - ДА. Скопската убавица веднаш се пофали со својот свршенички прстен, за кој се зборува дека е со дијамантски циркони. Големиот букет од (само идниот зет знае колку) црвени рози и свршеничката торта во облик на црвено срце на кое е испишано: “Таа кажа да“ , биле само дополнителен дел од вереничкиот декор на идната брачна двојка. Момчето во елегантно спортска бела комбинација, идната невеста на високи потпетици во долг, елегантен, црн летен фустан како црно-бела симболика на спротивностите кои како плус и и минус, како половите на магнетот силно се привлекуваат. Свршеничката веселба потоа продолжила во еден познат скопски ланч-ресторан и кафе-бар, каде вереничкиот декор го надополниле и балоните, меѓу кои доминира оној во форма на свршеничкиот прстен. За потоа славјето да заврши  длабоко во ноќта во домашен амбиент кај идната невеста во дворот на семејната куќа со танци, песна и пијалак и... веренечки нежности. Дали веќе и кога е закажана и свадбената веселба, засега никој од двојката не открива. Како и да е некогашната „задругарка“, го направи првиот (пред)брачен чекор на патот наскоро да стане невеста, а со тоа и нечија сопруга! Нека е со среќа! Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__            ]]>

Сара Јо запросена на концертот на Марија Шерифовиќ: Пејачката „и го смести“ на колешката или тоа беше само договор за шоу пред публиката? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-jo-zaprosena-na-koncertot-na-marija-sherifovikj-pejachkata-i-go-smesti-na-koleshkata-ili-toa-beshe-samo-dogovor-za-shou-pred-publikata-video/ Fri, 25 Mar 2022 12:26:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244384

Пејачката Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, доживеа шокантно изненадување на неодамнешниот концерт на Марија Шерифовиќ, на кој таа беше нејзина гостинка, откако непознато момче се приближи до сцената и ја запроси. На настанот му кумуваше токму  Марија, која ја „режираше играта“, поточно му дозволи на момчето да излезе на сцената, да клекне пред Сара и да ја замоли да се омажи за него! Покрај тоа, Шерифовиќ ја убеди Сара на брачната шок понуда да одговори со потврден одговор и да го каже судбоносното - „да“. На крајот пејачката со многу двоумење му дозволила на младото момче да и го стави вереничкиот прстен на раката.Секако, Марија ја искористи оваа ситуација и се пошегува на сметка на момчето кое ја запроси Сара. „Има 21 година, значи легално е. Тоа е важно“ - се пошегува Шерифовиќ, кој дефинитивно се забавуваше со оваа ситуација во која сништата станаа „наместена“ стварност! Како сето тоа изгледаше кога Сара Јо беше побарана за жена, погледнете од видето во продолжение:
Фото: Инстаграм принтскрин/srbija_showbizz]]>