за велигден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Jan 2019 12:56:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png за велигден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ѓоко Јовиќ помеѓу Василица и Водици се појави – „За Велигден“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjoko-jovikj-pomegju-vasilica-i-vodici-se-pojavi-za-veligden-video/ Tue, 22 Jan 2019 12:55:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68646

Македонскиот фолк пејач Ѓоко Јовиќ деновиве, поточно помеѓу Василица и Водици  ја објави својата нова песна насловена „За Велигден“.
Иако во неа се споменува големиот христијански празник и несомноно дека истата токму тогаш ќе биде во фокусот и ја достигне кулминацијата на својата популарност, сепак македонскиот фолкер не ја правел наменски, зашто пред се' се работи за печалбарска песна која во себе ја крие патината на македонскиот печалбар и неговиот живот во туѓина.
Интересно е тоа што Ѓоко Јовиќ често настапува за нашите иселеници во дијаспората, особено во прекуокеанските земји како Австралија, САД и Канада, па веројатно од таму и инспирацијата за песната.
Втор куриозитет е тоа што видеото реализирано токму од македонско-австралиската ИН продукција, се појавуванеговото семејство, односнно неговата сопруга и трите дечиња, а главната ролја во спотот ја има нивната бабичка.
„Имав свои очекувања за песнава, но да бидам искрен, критиките и пофалбите бнив ги надминаа, како прегледите на Јутјуб каналот на Интернет. Коментарите кои како фидбек ги добивам се многу позитивни и многу ми значат, бидејќи се искрени и од топол народ, како од овде така и од дијаспората. Се надевам дека песната ќе продолжи и допрва че го наоѓа патот до публиката“ - ќе изјави неодамна Јовиќ за македонските портали.
Инаку, самиот тој ја компонирал музиката, додека автор на стиховите е Александар Стевановски, а аранжманот го потпишува Дамир Имери. Песната е снимена и миксана во студиото „Анастасија“ од страна на Љупчо Павловски, кој го правел и мастерингот на истата, а сите вокали ги пее самиот изведувач.
Како звучи и изгледа „За Велигден“ во јануари на Ѓоко Јовиќ, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=14muNQZlVNA
]]>