за тоше – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Nov 2018 09:19:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png за тоше – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Јелена Томашевиќ наместо да пее на концертот за Тоше ужива на Занзибар (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-tomashevikj-namesto-da-pee-na-koncertot-za-toshe-uziva-na-zanzibar-foto/ Mon, 05 Nov 2018 09:18:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56248

Српската поп пејачка и членка на жирито на „Пинковите ѕвездички“, Јелена Томашевиќ беше една од најавуваните гостинки од регионот на скопскиот концерт во чест на Тоше. Во првичните најави на организаторот дури нејзиното име беше споменувано како сигурно, а таа како една од оние кои го потврдиле својот настап. Таа информација во првичните најави за концертот ја пренесоа и дел од македонските портали, но кога дојде денот, односно кога беше објавен конечниот список на учесници на ден-два пред концертот и прес конференцијата за него, името на атрактивната српска пејачка повеќе го немаше на списокот.
Веројатно како нејзина алтернација беше договорена Александра Радовиќ која настапи и одлично си ја заврши работата, а сите помислија дека Томашевиќ е зафатена со обврски, концертни настапи кои не може да ги откаже, студиски или ТВ снимања... и сл.
Но, денес на нејзиниот Инстаграм профил се појавија фотографии од една далечна и егзотична дестинација, кои српските портали веднаш ги пренесоа појаснувајќи дека Јелена Томашевиќ одмара во Танзанија, односно, ужива во убавините и егзотиката на Занзибар!
Заради оваа причина ли не успеа да се договори со организаторот на скопскиот концерт за Тоше,односно толку ли не можеше да биде откажан, односно поместен нејзиниот одмор или постои нешто трето заради кое беше најавено, па откажано нејзиното учество во Скопје...?! И едните и другите и должат одговор на публиката!]]>

Прес конференција: Познати се сите детали и се’ е подготвено за утрешниот концерт во чест на Тоше https://arhiva.vistina.com.mk/pres-konferencija-poznati-site-detali-i-se-e-podgotveno-za-utreshniot-koncert-vo-chest-na-toshe/ Thu, 01 Nov 2018 14:58:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=55778

На еден ден пред одржувањето на големиот концерт во чест на нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, денес, четврток 1-ви ноември во 14 часот во хотелот Парк - Скопје се одржа прес конференција и промоција на неговиот нов албум „Secret Place“.  На промоцијата присуствуваше и стариот пријател на Тоше и фондацијата Проески - англискиот композитор и продуцент Енди Рајт.
Токму тој побуди голем интерес кја присутните новинари кои како за време на официјалниот дел на промоцијата внимателно ги следеа неговите раскажувања за сеќавањата на Тоше, страите и новите песни и воопшто како дошло до реализацијата на целиот овој проект.  Исто така, по завршувањето на истата англискиот продуцент даваше интервјуа, и одговарапше на прашањата на претставниците на медиумите кои се интересираа за сите непознати детали.
Покрај претставниците на организаторот - фондацијата Проески и  Аворд продукција и гостинот од Англија, Енди Рајт, најголем интерес кај седмата сила предизвика и присуството на внукот на Тоше, Кристијан Ристески, кој беше мета на новинарите и фоторепортерите.
Инаку, на пресот беше најавен концертот кој ќе се одржи утревечер,  петок, 02 ноември  во ВИП Арена „Борис Трајковски“, како и објавена програмата и потврден конечниот список на изведувачите кои ќе ги изведат песните од репертоарот на нашата муазичка икона. На концертот премиерно ќе бидат прикажани два нови видео спота со песните од Тоше.
За оваа прилика организаторите најавија дел од најголемите домашни, регионални и балкански музички ѕвезди како:
Борис Новковиќ, Владо Калембер, Каролина Гочева, Александра Радовиќ, Бојан Маровиќ, Тијана Дапчевиќ, Ања Рупел, Тамара Тодевска, Даниел Кајмакоски, групата „Фрајле“, Наум Петрески, бугарската пејачка Клавдија, Борис Режак... кои, како што најави организаторот, се очекуваат да пристигнат во текот на денешното попладне, вечерва и утре рано изутрина во Скопје.  
Покрај нив највени беа и се појавија на прес конференцијата  уште и Антонија Гиговска, Александар Тарабунов, Александра Јанева... кои се дел од ѕвездите кои ќе настапат на концертот и ќе ги изведат песните од мјузиклот „Тајно моја“, а покрај нив од најавените македонски музички извдувачи па пресот присутен беше само Наум Петрески.
Внукот на Тоше  Кристијан Ристески  на концертот ќе ја изведе „We are blood“, песната која се наоѓа на новиот албум и деновиве  заедно со видеозаписот за неа, веќе  беше промовирана во радио и ТВ етерот.]]>