за тебе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 Mar 2021 13:09:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png за тебе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската ТВ водителка и новинарка Цеце Николова реши да ја соочи јавноста со нејзината реалност: „Ова сум јас“ – храбрата и силна девојка сврте нов животен лист (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-tv-voditelka-i-novinarka-cece-nikolova-reshi-da-ja-soochi-javnosta-so-nejzinata-realnost-ova-sum-jas-hrabrata-i-silna-devojka-svrte-nov-zivoten-list-foto/ Mon, 29 Mar 2021 07:17:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196269

Неа сигирно сте ја виделе некаде на ТВ екраните, на некоја од телевизиите на кои досега работела или пак нејзиното име сте го прочитале под написите и интервјуата на еден од најстарите македонски портали - Точка. Цеце Николова е млада девојка, ТВ водителка и новинарка која целиот свој живот се бори самата со предизвиците кој тој ги носи уште со нашето доаѓање на овој свет. Детството го поминала како жител на „СОС - Детското село“ во Скопје, за кога ќе стане доволно возрасна и бвуквално самата да се соочи со најважните животни одлуки и прашања: „Што и каде сега, по 18-тата година?“, предизвик кој го имаат сите деца кои пораснале без родители, а системот законски само до тука може да им помогне. Токму затоа покрај новинарската и водителската работа покрај во споменатиот портал, однеодамна и во ТВ Алфа, Цеце Николова е основач и претседател на здружението „За тебе“ кое токму на децата без родители по 18-тата кои не се пронашле себе си во системот, се обидува да им помогне и да ги усмери, да го најдат својот професионален и животен пат, како и сите останати луѓе. Слатка, весела, насмеана,  секогаш расположена и позитивна и покрај се', Цеце навидум делува како девојка без многу грижи. Но, зад таа условно речено „маска на безгрижноста“ , всушност се крие и проблемот, односно една врста на скриена тајна, која младата и храбра девојка со години ја носи во себе... Или поточно на себе, односно се соочува со состојбата која во медицината се нарекува - „алопеција“ или народски, опаѓање и губење на косата. Состојба што е  предизвикана од наследен фактор,  стрес,  хормонски промени, користење разни лекови и медикаменти, неправилна нега..., а  создава проблеми, пречки, комплекси... Особено кај младите девојки и жени, кои косата ја сметаат за важен дел од сопствената женственост и убавина! Токму со овој проблем Цеце откри дека соочува оддамна... Како што вели, откога знае за себе. И онаква, каква што до сега јавноста ја познава е всушност таа, но со своите перики на себе. Затоа ТВ водителка и новинарка Цеце Николова реши да направи храбар потег и да  ја соочи јавноста со реалноста, со онаа - својата. Храбрата и силна девојка сврте нов животен лист  покажувајќи го својот нов лик, оној каков што всушност го носи заедно со својата неизмерна убавина на себе. Ја симна периката, направи неколку фотографии, ги сподели на своите профили на социјалните мрежи и испрати силна и многу важна порака до сите оние кои сопствената „различност“ ја сметаат за недостаток, комплекс, се кријат и срамат од себе си: „Нема поубаво од она кога ќе се прифатиш каков што си“!
„Хај. Мала дигресија. Сакав да ви кажам нешто. Ова сум јас. Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа - со коса, кратка. Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се случилло. Оотсекогаш.Пркни малку, падни многу, пркни повеќе - падни највеќе. 2021-ва дојде. Јас, еве, се фотографирам без перика. Ова сум јас, луѓе.Малку се преморив од перики и се' што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) - мрежата се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној забележал, онаа рекла се занесувам нешто...Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира! Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фала Богу што изгледам како што изгледам.
Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих - заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист. И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си. Ама нека не ве лажат, лесно не е ич“ - напишала Цеце покрај споделените фотографии на кои изгледа толку привлечно и женствено, што навистина периките се вишок! И иако не е воопшто лесно, чекорот кој го направила не е само  вртење на нов животен лист, туку и нов лик на „другата во неа“, онаа вистинската Цеце Николова, пример за почит, но и предводник на сите останати кои се двоумат да направат ист или сличен чекор. ]]>

Јордан Митев со милион бакнежи, песна и видео од Милано само – „За тебе“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-so-milion-baknezi-pesna-i-video-od-milano-samo-za-tebe-video/ Thu, 19 Sep 2019 10:06:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107831

„За тебе“ е насловот на песната за која Јордан Митев промовира спот. Со овој видеозапис снимен во Милано, за песна која има помодерен фолк звук, нашиот пејач ги најавува и останатите новитети кои престојниов период следуваат кај него на музички план. Комплетен автор на песната ( музика, текст, аранжман) е самиот Митев, а музички продуцент е Љупчо Павловски и истата е снимена во студиото „Анастасија“. Видеото со живописната архитектура од центарот на Милано е изработено од охриѓанецот „Зати“ по идеја, сценарио и режија на самиот Јордан. „За  песнава планирав неколку месеци наназад да снимам видео, но поради обврските, како што и најавив тогаш, решив тоа да почека до сега, кога еве и се случи промоцијата. Спотот го снимавме во Милано, бидејќи самата песна и нејзиниот помодерен звук го бараа тоа. Во неа се пее за љубовта, па затоа овој град беше идеална локација да се снимаат кадрите за спотот. Исто така време е да покажеме дека и нашата фолк сцена може да ги следи модерните трендови, доколку тоа некој знае добро да го направи и спакува“ - вели Митев. Јордан додава дека освен традиционалниот пристап кон фолклорот, професионалците треба да се позанимаваат и со нешто што е својствено за 2019-та година, за да повеќе се доближат до помладата публика.     Дека престојната есен ќе биде богата на музички план за нашиот пејач, говори и најавата за најновата песна „Роден крај“, чија премиера ќе се случи за неколку дена, а повторно како автор се јавува самиот Митев. Во најава е и снимање на спот за истата, како и турнеја по Австралија која ќе трае месец и половина. Во меѓувреме, уживајте во кадрите од видеото „За тебе“ од Јордан Митев: https://www.youtube.com/watch?v=hOK1x8d7-Rc]]>

Јордан Митев со претпразнична песна – „За тебе“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-so-pretpraznichna-pesna-za-tebe-audio/ Tue, 26 Dec 2017 09:51:03 +0000 http://vistina.mk/?p=7770

Успешната 2017 година фолк пејачот Јордан Митев, во пресрет на Новата 2018, реши да ја заокружи онака како и што доликува – со нова песна. Композицијата е насловена „За тебе“, а нејзин комплетен автор е токму Митев. Темата е снимена во студиото „Анастасија“, под продуцентската палка на Љупчо Павловски. Инаку, станува збор за песна со љубовна тематика и во весел, побрз ритам која, како што вели Митев, верува дека одлично ќе се вклопи во претстојните празнични денови.
„Се надевам дека песната ќе и се допадне на мојата публика. Сакав годинава да ја завршам онака како што и ја почнав со нова песна, а веќе во следната со нови сили одиме кон нови победи и, секако, реализација на планираните проекти. Сакам во оваа прилика да им посакам на сите мои Македонци, каде и да се, убави празници и бериќетна година исполнета со добро здравје и, нормално, убава македонска музика“ - вели Митев, а Вие слушнете ја неговата „За тебе“ во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=492UVWcndM8]]>