за старите добри времиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 03 Dec 2019 11:58:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png за старите добри времиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Жаклина Стефковска и Џокси како во (песната за) старите добри времиња: „Како е добро пак да те видам…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zaklina-stefkovska-i-dzoksi-kako-vo-pesnata-za-starite-dobri-vreminja-kako-e-dobro-pak-da-te-vidam-foto/ Tue, 03 Dec 2019 10:38:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=121905

Веројатно сите ја паметиме познатата песна на легендарната група „Нови фосили“, која своевремено беше голем хит, а потоа стана евергрин, насловена: „За она добра стара времена“ (За оние добри стари времиња). И рефренот од истата секако, кој одеше отприлика вака: „Како је добро видјети те опет... (Како е добро пак да те видам)... Отприлика така некако може да се опише средбата на две музички имиња од македонската акустичарска сцена од времето кога кантавторството и акустичната музика беа рамо до рамо со рок ен ролот во Македонија. Имено Џина Папас Џокси и Жаклина Стефковска се најдоа на исто место, во ист локал. Обајцата припааѓаат на времето кога Џокси беше дел од можеби најпознатата македонска акустичарска група „Макакус“, а Жаклина Стевковска исто така кантавтор и дел од македонската акустичарска сцена. Она што ги врзува покрај музиката е и фактот што и Џокси пред многу години живееше, а  Жаклина последниве години живее на релација Македонија - Хрватска! Но, кога е во Скопје, Жаки не ретко има настапи со својата акустична гитара во некој од скопските локали, како  последниот, во еден од најпознатите виски пабови во македонската метропола. Згодна прилика за средба на старите пријатели - Жаки и Џокси! Но, она што приказната ја прави уште повозбудлива е фактот што некогаш во младоста, или што би рекле - на времето, Жаклина Стефковска и Џина Папас Џокси беа во љубовна врска. Момче и девојка, кои ги спојуваа задоволството од заедничкото, тогаш само хоби - музиката и љубовта. До душа врската не потраја нешто премногу долго, но доволно за да останат спомените, а некогашната љубов да прерасне во пријателство кое трае... до ден денешен! И затоа кога ќе се сретнат по долго време има што да си кажат и раскажат. Ако не за друго, заради старите добри времиња и долгогодишното  пријателство, кое многу извесно ќе остане за навек! Впрочем, веројатно се' уште има „писма неотворени“ како што пее Жаклина во својата позната песна во кои има доволно напишано за да се разменат убави зборови меѓу старите пријатели. А и Џокси знае како пријателството да го негува за да трае, па затоа можеби неслучајно покрај средбата, на својот Интернет  портал  кој го работи, постираше и напис со интересна содржина: „Како да останете пријатели со својата поранешна партнер/ка?“        ]]>