за-против – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 Mar 2021 09:20:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png за-против – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонските јавни личности и вакцинацијата: Едни едвај ја чекаат за потоа да можат „светот да го гушнат“, други за вакцина не сакаат ни да слушнат (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-i-vakcinacijata-edni-edvaj-ja-chekaat-za-da-mozat-potoa-svetot-da-go-gushnat-drugi-za-vakcina-ne-sakaat-ni-da-slushnat-video/ Mon, 08 Mar 2021 07:58:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192915

Вакцините и вакцинацијата во Македонија станаа мисловна именка. Но и најспомнуваниот поим, нешто што повеќето од народот во него гледа спас на светот,  па со душа го чека како дете роденден, пензионер пензија, работник плата, девојка згоден фраер, играч на среќа 7-мица на лото, џек пот или добивка во обложувалница... И сите чекаат, а од вакцините ништо. Само празни ветувања на власта, премиерот, министерот за здравство... Или поточно некакви смешни количини, дози кои кому попрво да ги делиш „на лажиче“, башка и тие бакшиш дадени како донација или едвај пристигнати и тоа засега толку, колку што се... речиси ништо! Во меѓувреме бројот на заразени рапидно расте, се повеќе починати, се посилен удар по економијата, стопанствениците, по џебот на граѓанините. А ние тапкаме во место, возиме во лер и немо чекаме да се случи чудо, од небо да ни слетаат стотици илјади вакцини. Кој чека, ќе дочека - велат, само се плашиме да не биде дочекот малку повеќе од задоцнет... И со превисоко платена цена со повеќе илјадници животи!? „Дали ќе се вакцинирате од Ковид 19 или не?“ - е можеби најпоставуваното прашање во последно време. Многу луѓе се соочуваат со оваа дилема, а голем дел од граѓаните стравуваат дека ќе нема доволен број вакцини за сите оние кои сакаат да се вакцинираат. Други пак, се скептични во однос на примање на вакцината. Сепак, со оглед на тоа што желбата за враќање на старите патеки и замена на „новото (не)нормално“ со она, старото добро нормално е огромна, најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“, направи анкета помеѓу познатите и јавни личности за да го дознае нивното мислење и став во однос на вакцините и вакцинацијата. Одговорите за некого вообичаени, за други пак изненадувачки. Мислењата на познатите се поделени на тема вакцинација. Лила, Таско, Наум Петрески, Андреј-ДНК, Сара Мејс... Македонските јавни личности и вакцинацијата: Едни едвај ја чекаат за да можат потоа „светот да го гушнат“, други за вакцина, не сакаат ни да слушнат. Кој како размислува од анкетираните македонски јавни фаци за вакцинацијата, погледнете од анкетата во видеото на „магазинот од зад сцената“. https://www.youtube.com/watch?v=Bd5T89583p0]]>

Каде за Нова година во Скопје? https://arhiva.vistina.com.mk/kade-za-nova-godina-vo-skopje/ Tue, 04 Dec 2018 09:24:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=61242

Помалку од еден месец пред "најлудата ноќ", а прашањето "Каде за Нова година?", е едно од најчестите. Влеговме во месец декмеври, а тоа автоматски значи и правење на подготовки, каде за Нова година? Кого и да сретнете овие денови, во какво и друштво да се најдете, со сигурност ќе го добиете оваа прашање. Скопје почнува да добива новогодишна атмосфера. Градот почна да се украсува, а угостителските објекти уште при крај на месец ноември се украсени и подготвени за новогодишните празници. Дочек на Нова година вообичаено. Некој планира патување, некој во кафеана или дискотека, некој на плоштад, а некој дома. И оваа година туристичките агенции излегоа со своите понуди за блиски и далечни дестинации. Оние кои се решени да патуваат, резервации прават и месеци порано. Прашањето „Каде за Нова година?“ станува актуелно уште месец пред дочекот, но реално никој нема поим каде сè до последен момент. Ви нудиме неколку совети за да одлучите како ќе ја испратите годинава и дочекате 2019-та. Може слободно да се каже дека трендот на дочекување Нова година „лудо и незаборавно“ некако опаѓа. Годинава, сè помалку луѓе се веќе решени што ќе прават за исфорсираната „најлуда ноќ“. Но, сепак притисокот дека треба нешто да се прави, постои, бидејќи, реално, преживувањето на оваа година треба да го славиме повеќе од кога и да е - успешно ја „протуркавме“ една од финансиски најтешките години, и покрај глобалната криза, живи и здрави сме, па зошто да не му се радуваме на тоа? Ако сè уште ве мачи прашањето каде за Нова година, еве неколку опции и нивните предности и недостатоци, па на крај, одлучете вие. Дочек на плоштад За: Плоштадите кај нас секогаш имаат добра програма, можеби не одлична, но сепак солидна. Плус, бесплатно е, а можете да го донесете целото друштво или семејство и да не поминете скапо. Против: Сепак е декември, што значи може да биде многу студено, а тоа да го расипе расположението. Покрај тоа, пиротехниката е уште еден проблем на кој треба да внимавате, за да не си заминете со оштетени чизми, или, не дај боже, повредени. Дочек во кафуле За: Добра организација на прославата и можност за резервирање место, маса или сепаре. Ако е тоа вашето омилено кафуле, знаете каква музика може да очекувате и горе-долу да знаете кои луѓе ќе бидат на соседните маси. Против: Сумата на пари која треба да ја издвоите за неколку кифли и пијалоци е поголема, а ветениот број на столчиња најчесто не е соодветен со реалниот. Всушност, вистината е дека треба четирикратно повеќе пари да издвоите за нешто што го практикувате секој викенд. Дочек во дискотека За: Можете квалитетно да се „изжуркате“ за новогодишната ноќ, да се изнаиграте и изнаскокате, а знаете дека цената на пијачките е скоро иста како во редовна вечер. Плус, ако сте сингл, можете и да запознаете некоја интересна фаца. Против: Немате резервирано место за седење (освен ако не сте подготвени да платите малку „посолена“ сума), што значи дека можно е и цела вечер да ја поминете на нога и туркајќи се. А, ако сте редовен посетител на дискотеките, тогаш сигурно нема да ви се плаќа 4-5 пати поголема влезница за програма, пејач или бенд кои и онака редовно ги посетувате и веќе ви се преку глава. Дочек во изнајмен простор или дома Зa: Можете да се соберете огромно друштво, сами да си ја изберете музиката, пиењето и да помините релативно евтино. Против: Ако сте вие во организација на дочекот, можете да имате многу „замарања“ - од наоѓањето простор, до собирањето пари, купување работи, обезбедување музика и озвучување. А, треба да мислите и на чистењето наредниот ден и можните предизвикани штети. Дочек во ресторан или кафана За: Ако сте поголемо друштво, ова може да биде супер комбинација за вас. Имате избор на јадење и пиење, претежно добра музика и повод да ја облечете најсвечената облека во вашиот плакар. Против: Постојат големи шанси дочекот на Нова година да изгледа како свадба, со ора, чочеци и по некоја скршена чаша. Ако не сте љубител на ваквиот начин на забава, не би ви препорачале. Плус, да не ги занемариме парите кои би ги платиле за ова задоволство. Што ќе одберете за дочекот на 2019-тата, останува на вас, вашите можности и подготвеноста за малите испади. Сепак, ако мислите дека Новата година е само исфорсиран настан, тогаш слободно можете да одлучите и да останете дома и да ја преспиете :) Извор:Скопјеинфо.мк]]>