за нашиот горан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 Aug 2022 11:40:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png за нашиот горан – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Аплауз и овации за децата од актерската школа на Весна Бејби: „За нашиот Горан“ се играше под отворено небо https://arhiva.vistina.com.mk/aplauz-i-ovacii-za-decata-od-akterskata-shkola-na-vesna-bejbi-za-nashiot-goran-se-igrashe-pod-otvoreno-nebo/ Wed, 31 Aug 2022 11:40:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264914

За првпат под отворено небо, под рефлекторите и светилките во Паркот на Франкофонијата се играше театарската претстава „За нашиот Горан“. Претстава посветена на писателот и драматург Горан Стефановски, во која играат децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Младите глумци и овој пат беа одлични, или како велеа во публиката „децава растурија на сцената“. Со многу емоции и искреност ги оживеаја ликовите и репликите од книгата „Стапица“ што ја напиша Стефановски. Беше уживање да се биде дел од оваа театарска приказна, каде во час и половина на сцената имаше и смеа и солзи. Се пееја песни и од Еминем и од „Леб и сол“. Публиката ја препозна искреноста на младите глумци, па додека траеше претставата, ги бодреше со аплауз. Весна Петрушевска е режисер на претставата, која во март во МНТ имаше премиера. Таа уште тогаш во најавата за претставата рече дека сака секое дете да знае барем по еден монолог од легендарниот писател. Актерската школа на Весна Бејби веќе неколку години работи со деца и млади актери, а во тек се и уписите во школата, единствена кај нас од ваков тип во која децата имаат можност да бидат дел од магијата на театарот, сцената, филмот. Претставата „За нашиот Горан“  беше во организација на Општина центар, која во Парк на Франкофонијата организираше повеќе манифестации пред крај на летото. ]]>

На 26 март: Премиера на претставата „За нашиот Горан“ во МНТ https://arhiva.vistina.com.mk/na-26-mart-premiera-na-pretstavata-za-nashiot-goran-vo-mnt/ Mon, 21 Mar 2022 13:48:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243810

На 26 март, сабота, во 12 и во 14 часот на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одигра премиерата на претставата „За нашиот Горан“  каде што улогите ги толкуваат децата од актерската школа на Весна Петрушевска. Во претставата ќе има одломки од „Лонг плеј“ и „Демонот од Дебар маало“, пиеси на еден од најголемите македонски драматурзи Горан Стефановски.
Горан беше мој професор, мој омилен драмски автор и мојата дефиниција за бескрајно талентиран и племенит човек. Децата од мојата актерска школа се крајно посветени на ликовите кои ги играат во различни сцени од нколку пиеси на Горан. Првпат ќе се слушнат на сцена неговите генијални текстови од книгата „Стапица”. Таа книга ги содржи сите тајни на драмскиот занает и на приодот кон создавање и градење лик, изјави Петрушевска за „Република“.
Претставата „За нашиот Горан“, е предизвик во вистинска смисла на зборот за еден актер, а за малите актери мисловен и актерски предизвик и задача.
Горан е нашиот идентитет, нашиот најдобар драмски писател. Театарот немаше да биде ист ако не постоеше Горан. Горан е љубов, вели Петрушевска.
Петрушевска е режисер на претставата, а таа го направи и изборот на музиката и адаптацијата на сцените.
Горан е често име на нашите простори изведено од именката гора, но исто така со значение голем и силен. Таква е нашата љубов кон Горан: силна,огромна, истрајна и посветена. Можете лесно да паднете во неговата стапица на зборови. Децата од актерската школа лесно го разбираат и нивниот поттекст е прецизно точен. Јас сакам секое дете да знае барем по еден монолог на Горан. Така живее само онолку колку го зборуваме. Ние немаме друг Горан. Имаме само еден! Храбар, бескрајно талентиран,точен, шармантен и полн со љубов, се вели во најавата за претставата.
Кореограф е Надја Лукановска, графички дизајнер е Александра Гатовска, а продуцент е Виолета Дамевска. Претставата е во продукција на КМК Продукција. Следна изведба на претставата „За нашиот Горан“ е на 9 април во 12 часот во МНТ.]]>