Young Dadi – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Feb 2023 12:32:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Young Dadi – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Young Dadi: „Во следните песни ќе ви кажам што ми се случува и ќе зборувам за менталното здравје“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/young-dadi-vo-slednite-pesni-ke-vi-kazham-shto-mi-se-sluchuva-i-ke-zboruvam-za-mentalnoto-zdravje-video/ Tue, 14 Feb 2023 06:29:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288862

Младата македонски трапер Young Dadi, препознатлив по уникатниот стил го објави своето ново музичко и видео парче „Дваесет“, што е нешто поразлично од него, песна инспирирана од искрена љубов. Смета дека на луѓето повеќе им се допаѓа забавниот Young Dadi од 5 до 2 отколку оваа посериозна верзија од него. Наскоро во неговите нови песни повеќе ќе зборува за менталното здравје, сите ќе можат да ја видат другата страна на Дади. Погледне и слушнете што вели младиот музички артист во изјавата за „ТВ магазинот од зад сцената“ во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Young Dadi доби повик од пијана девојка во – „5 до 2“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/young-dadi-dobi-povik-od-pijana-devojka-vo-5-do-2-video/ Wed, 31 Aug 2022 06:18:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=264828

„5 до 2“ новата фанки песна на Young Dadi деновиве е пуштена во етерот. Текстот за темата е со потписот на Young Dadi, кој заедно со Лазар Цветкоски има замешано прсти и во создавањето на музиката. Битот, аранжманот, миксот и мастерот, пак, се на Лазар Цветкоски. Видео приказната, чиј креативен директор и стилист е Александра Majestic, а зад камерата стои  Давид Манев, започнува со тоа што пијана девојка му ѕвони на Дади после журка, а тој незаинтересиран за неа оди на афтер да се забавува. Во видеото е прикажана целата атмосфера на афтерот во one take, а потоа Дади, заедно со Дупер, се враќа во назад во 80-те, со настап во Кино Фросина - МКЦ. Зачин на целото дејствие додава екипата на Битрикс која го краси спотот со нивната кореографија и добра енергија. За фризурата и шминката се погрижил Бобан Тодоровски. Интересно е дека неполни 24 часа по пуштањето во етерот веќе е во трендингот, а тоа доволно кажува дека Дади има супер парче кое од прва, што се вели, влегува во уво. А Вие, проследете како звучи изгледа кога  кога младо момче како Young Dadi ќе добие повик од пијана девојка во - „5 до 2“: ]]>

Young Dadi ја промовираше – „Wifey” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/young-dadi-ja-promovirashe-wifey-video/ Thu, 07 Jul 2022 12:52:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257644

Одличната „Bestie” на младиот и талентиран артист во јавноста познат како Young Dadi, доби продолжение – овој пат со наслов „Wifey”. Бидејќи нели тимот што победува не се менува, и оваа тема е работена со истата екипа – музиката и текстот се со потписот на Давид Даниловски ака Young Dadi; продуцирана е од Лазар Цветкоски и Just RT Production; микс/мастерот е на Лазар Цветкоски, а битот на Just RT Production. Видеото, пак, во кое улогите им припаѓаат на Young Dadi и Николина Павловска, е снимено и едитирано од Давид Манев. Креативен директор и воедно задолжена за стајлингot беше Александра Трпеска, додека за косата на Дади се погрижи Бобан Тодоровски. Фотографиите се на Давид Манев. А приказната накусо би се опишала вака: Фамозната Bestie станува Wifey. Спотот ја следи љубовната приказна на Дади и Никси, инаку прикажана во vintage вајб. Кадрите се снимени на неколку локации, и тоа Мавровското Езеро, забавниот парк кај арената „Борис Трајковски” и во една приватна куќа во скопската населба Тафталиџе. За оние кои можеби не знаат, иако особено меѓу младата популација тешко дека има такви, Young Dadi е млад артист од Скопје и дел од екипата на Sure Shotz. Препознатлив е по својот уникатен стил, инспириран од различни жанрови и секогаш отворен за експериментирање и правење музика надвор од зоната на комфорот. Неговата кариера започнува во 2019 година, а првиот сингл кој го става на мапата е „Pina Colada”. Иако сѐ уште млад, зад своето име веќе има богата дискографија, повеќе песни и едно EP, „Боенка”, кое излезе во април 2020 година. Летото 2021 стартува неговата успешна серија синглови кои го прават еден од најактуелните артисти на сцената во моментов. Во својата биографија има запишано настапи на најзначајните домашни фестивали – Таксират и Д-фестивал; а едно од најголемите негови искуства беше настапот пред големата американска ѕвезда Tyga, во Скопје. Настапувал и ширум земјата како дел од караванот на SHAKE фестивалските настани, и полека но сигурно ја освојува целата домашна јавност. Како дел од соработките на Дади кои вреди да се споменат се оние со DNK, Bon Praskiza и Sexy Marsa, а постојано соработува со локални и млади артисти и продуценти од неговото опкружување. Во моментов работи на неколку нови синглови и својот деби албум. А дотогаш уживајте во одличната „Wifey”. ]]>

„ДНК“ & Young Dadi – „Ваков – таков“… џабе зборат, нема да ги сопрат (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dnk-young-dadi-vakov-takov-dzabe-zborat-nema-da-gi-soprat-video/ Tue, 09 Nov 2021 13:45:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=226616

„Ваков таков“ е најновото музичко парче кое излегува од работилницата на ДНК. Темата е всушност соработка на Панчо и Андреј со Young Dadi, трап артист чие време допрва доаѓа. Текстот на песната е со потписот на Панчо и Young Dadi, додека музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Борис Какуринов од Дупер. Зад аранжманот стои Лазар Цветкоски со мала помош од Борис, во чие LCV студио и е продуцирана и снимена. „Ваков таков“ е мастеризирана во Лондон од страна на Streaky. Веќе стандардно песната е пуштена во исто време и со спот, снимен од Пако, а спакуван од Ѓуле. „Снимивме дует со, според нас, еден од најперспективните алтернативни трап артисти, за кој спотот го направивме за време на забавата на која го испраќавме за Мадрид на студии. Решивме токму забавата да ја преточиме во видео заради одличната енергија и позитивните луѓе кои беа присутни, а и затоа што сето беше само надополнување на позитивата во песната. Позитивна песна, позитивни луѓе, интересен спој и се роди „Ваков таков“, велат Панчо и Андреј од ДНК. Уживајте во новото музичко парче на ДНК и Young Dadi, и без разлика дали сте вакви или такви, останете... такви какви што сте - само свои! ]]>