You – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 May 2020 07:47:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png You – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Инстаграм интервју: Васил Гарванлиев откри како требаше да изгледа сценскиот настап во Ротердам, како ја одбрал песната, каква порака има „You“… https://arhiva.vistina.com.mk/instagram-intervju-vasil-garvanliev-otkri-kako-trebashe-da-izgleda-scenskiot-nastap-vo-roterdam-kako-ja-odbral-pesnata-kakva-poraka-ima-you/ Fri, 15 May 2020 07:45:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149675

Поради пандемијата и коронавирусот се откажа 65- то издание на Евровизија кое оваа година требаше да се одржи во Ротердам, Холандија. Наместо „Евровизија“ ќе има алтернативно шоу кое ќе се одржи на 16 – ти мај. Специјалното телевизиско шоу нема да има натпреварувачки карактер, но ќе им оддаде значајно признание на сите песни и учесници од 41-та земја, колку што требаше да учествуваат на годинашната Евровизија. Веќе селектираните песни ќе бидат емитувани само во фрагменти, учесниците ќе бидат претставени низ најразлични снимени видео пораки и материјали, но ќе ги видиме и слушнеме и обедините од различни локации низ Европа низ стиховите на познатиот евровизиски хит на Katrina And The Vawes: „Love shine a light“, победничка песна на Евровизија во 1997-мата година. Васил Гарванлиев со песната „You“ требаше да ја претставува Македонија во Ротердам. Песната „YOU“ е авторско дело на Невенка Нешкоска, којашто ја создаде музиката, текстот е дело на Невенка Нешкоска, работен заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска, како и колешката од „Беркли“, Алис Шредер. Пејачот деновиве одговараше на прашања на „Инстаграм“ и откри малку повеќе детали околу евровизискиот настап кој требаше да се одржи во Ротердам, кои му се омилени пејачки, што мисли за српските претставнички на Евровизија.
  1. Каква порака има „YOU“?

-Биди свој, биди искрен.  
  1. Откри ни нешто за сценскиот настап, како требаше да изгледа, што ќе се случуваше на сцената?

  1. Toп три македонски пејачки?

  1. Доколку догодина бидеш претставник со каква песна би патувал во Ротердам?

-Нова година, нова приказна, нова песна.
  1. Какви спомени те врзуваат за Златно славејче? Што се има сменето од тогаш до денес?

  1. Каква кореографија беше спремена за Ротердам?

- Имавме само една проба. Дента кога требаше да се снима корео се откажа Евровизија.
  1. Дали тоа што лани беше придружен вокал ти ја разби тремата за оваа година?

-Тремата секогаш е таму. Најубавото од лани е да видиш каква е таа луда енергија која можеш само на сцена да ја осетиш. Таа  беше најголемата лекција и податоци.
  1. Од кои други автори пристигнаа песни на отворениот конкурс?

-Горе – доле сите наши прекрасни композитори 250 +
  1. Што мислиш за нас? Србија, „Hurricane“?

  1. Што беше пресудно да ја избереш „You“ за евровизиска песна?

-Песната е модерна со стари македонски мотиви и елементти. Песната е за на сцена. Кога тие девојки сите ќе грмнеа заедно. Мамоооо хаха. Сакавме песна што ќе го крене народот,  многу е лесна и многу инетересна за сценографија. Инаку, евровизиското шоу ќе може да го гледате утре (16 мај) на МРТ со почеток во 21 часот.]]>

Oва се првите коментари за евровизиската песна „You“ https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-prvite-komentari-za-evroviziskata-pesna-you/ Tue, 10 Mar 2020 08:26:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138447

Овагодинешното издание на Евровизија ќе се одржи во Ротердам, Холандија, а Васил Гарванлиев со песната „You“ ќе ја претставува Македонија. Официјалната промоција на песната се случи на „8ми март“ кога нумерата беше објавена на „Јутуб“. Автор на музиката е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Видеото за „Yоu“ го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши. Досега видео записот има околу 289 149 прегледи на „Јутуб“, а ова се првите коментари на социјалните мрежи. „Целиот процес на танцување беше да се заведе шанкерот“, „Добро, ќе го испратиме со шанкер“„Ова видео наликува на евровизиската песна на Швајцарија 2019“, „Конечно добра песна на Евровизија“, „Одлична песна, поздрав од Загреб“, „Македонија никогаш не ме разочара бидејќи имаат добра песна. Ве молам не ја уништувајте сцената“ се некои од коментарите на Јутуб. Додека пак на „Инстаграм“ некои ја поддржаа песната, некои не. „Македонија до победа. Љубов од Германија“, „Извини ама не“, „Песната е кул, со среќа од Ротердам“, „Песната е многу добра“, „Оф Боже, одлична песна ТОП 5“. За потсетување, претходната година Васил беше придружен вокал на Тамара Тодевска кога ја претставуваше Македонија со песната „Proud“.]]>

Промовирана евровизиската песна на Васил Гарванлиев – „You“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/promovirana-evroviziskata-pesna-na-vasil-garvanliev-you-video/ Mon, 09 Mar 2020 13:29:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138399

Официјалната промоција на евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам, за македонската јавност  се случи вчеравечер, на празникот 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ точно во 20:00 часот, по што песната со видеоспот се објавена и на официјалниот евровизиски Јутуб канал( https://www.youtube.com/user/eurovision ) . Македонскиот евровизиски тим истиот ден, претходно имаше средба со музичките новинари во 14:оо часот, во кафе барот Churchill, локацијата каде што се снимаше и видеозаписот за песната. На оваа  затворена промоција беше преслушана евровизиската песна, а Васил одговараше на прашањата на претставниците на медиумите. Како што е веќе познато, автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски. Песната е со модерен ритам и призвук во кој се измешани македонскиот со латиноамериканскиот фолклор. Поточно на моменти вешто се испреплетуваат призвукот на аргентинското танго и семплот од нашата тардиционална изворна песна „Три невесте тикве брале“, што на песната не само што и дава етно-ворлд призвук, туку и латентно, но доволно убедливо асоцира  на земјата од каде што доаѓа пејачот и песната, односно земјата која тој ја претставува. Видеото за „Yоu“ го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши. Вака звучи изгледа видеото за „You“: ]]>

Официјална промоција на македонската евровизиска песна „Yоu“ на 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ https://arhiva.vistina.com.mk/oficijalna-promocija-na-makedonskata-evroviziska-pesna-you-na-8-mi-mart-vo-dnevnikot-2-na-mtv/ Tue, 03 Mar 2020 13:26:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=137271

Според договорот на МТВ и ЕБУ, официјалната промоција на песната за македонската јавност ќе се случи на празникот 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ, по што песната со видеоспот ќе биде објавена и на официјалниот евровизиски Јутуб канал           ( https://www.youtube.com/user/eurovision ) точно во 20:00 часот. Македонскиот евровизиски тим ги кани новинарите на претходна затворена промоција и преслушување на евровизиската песна „YOU“, со којашто Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам. Промоцијата за новинарите ќе се одржи исто така во недела, на 8-ми март, но со почеток во 14:оо часот, во кафе барот Churchill ( се наоѓа на паркингот зад трговскиот центар Мавровка), локацијата каде што се снимаше и видеозаписот за песната. Видеото за „Yоu“ го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши. Како што е веќе познато, автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.  ]]>

Одбрана евровизиската песна: Васил Гарванлиев на „Евросонг 2020“ со – „You“! https://arhiva.vistina.com.mk/odbrana-evroviziskata-pesna-vasil-garvanliev-na-evrosong-2020-so-you/ Sat, 15 Feb 2020 11:52:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=134363

„По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик, како и детална анализа на понудениот музички квалитет од страна на домашните, но и автори од странство, Македонската Радио Телевизија заедно со овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „YOU“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со којашто Васил ќе настапи на Евровизија 2020 во Ротердам“ - пишува во официјалното соопштение што МРТ им го исптаи како информација на медиумите. Невенка Нешкоска е македонска композиторка и продуцент, родена во Охрид, но порасната во Чикаго. Невенка има завршено на отсекот за композиција на колеџот за музика „Беркли“ во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на „USA Songwriting Competition“. Таа и сестра и Калина, која исто така учествуваше во пишувањето на песната “YOU,” се креаторите на музичкиот цртан Дарко Биберко. Песната „YOU“ е авторско дело на Невенка Нешкоска, којашто ја создаде музиката, текстот е дело на Невенка Нешкоска, работен заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска, како и колешката од „Беркли“, Алис Шредер. Песната  “YOU” Невенка ја започна со визија да ги претстави моќниот глас и интерпретација карактеристични за Васил на целиот свет. Во моментов се работи на продукциско оформување на песната, по што следуваат и повеќе детали за неа, како и официјалниот датум на промоција. Македонската Радио Телевизија им се заблагодарува на сите автори коишто пројавија интерес и се одзваа на јавниот повик, понудувајќи ги своите музички проекти - se veli vo soop[tenieto..  ]]>