wset – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Feb 2019 15:20:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png wset – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Меѓународно признати вински сертификати за вински професионалци и ентузијасти конечно и во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/megjunarodno-priznati-vinski-sertifikati-za-vinski-profesionalci-i-entuzijasti-konechno-i-vo-makedonija/ Thu, 28 Feb 2019 15:10:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75320

Македонија со свој едукатор станува дел од престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци WSET - Wine and Spirit Education Trust Македонија, од неодамна, се придружи на глобалната мрежа од над 700 вински едукатори (APP – Approved Program Provider) и стана една од 70-те земји кои имаат свој овластен претставник и едукатор на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци WSET - Wine and Spirit Education Trust. WSET квалификациите се глобално познати како интернационален стандард за винско знаење и „возачка дозвола“ во светот на виното. Петар Величковиќ и неговата школа Wine Way, по долготрајни подготовки и со успешно завршување на ригорозната програма за WSET едукатор – минатиот месец станаа официјални македонски претставници на оваа глобално призната едукаторска организација. Првите курсеви се закажани на 6-ти Април. Рокот за пријавување е 20-ти март, а бројот на местата е ограничен. Ќе бидат одржани курсеви од прво и второ ниво, за кои е потребно само љубов кон виното, не и предзнаење.
Високите стандарди на Лондонската школа ќе овозможат на македонската винска сцена да се изградат вински познавачи кои ќе го зборуваат интернационалниот јазик на виното. Создавањето на нови вински ентузијасти, едуцирани вински работници и вработени во угостителството, дирекно ќе влијаат на развојот на домашната винска индустрија и винската култура воопшто во земјата. Повеќе информации за едукативното тело и WSET обуките, како и детали за курсевите кои Wine Way ги нуди, можете да најдете на нивната веб страница wineway.org­­­­.]]>

Обуки во Скопје за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци https://arhiva.vistina.com.mk/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/ Fri, 01 Feb 2019 10:22:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70591

Винарската визба „Тиквеш“ ја доби акредитацијата за организирање обуки на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (Wine & Spirits Education Trust – WSET), најголемиот светски провајдер на обуки во доменот на виното и жестоките пијалаци. Школата „Вински едукатор“ (Wine educator) почнува со работа, а обуките, според највисоките стандарди на едукација во областа, ќе ги изведуваат реномирани искусни предавачи сертифицирани од оваа светски признаена едукаторска организација. Рокот за апликации е во тек и трае до почетокот на март, а првите обуки ќе се одржат од 27 до 30 март оваа година во „М6 едукативниот центар“ во Скопје.
„Ова е логично продолжување на активностите што „Тиквеш“ ги презема повеќе од една деценија на полето на едукацијата и развојот на винската култура. Но, и подигнување на едно повисоко, би рекол, светско ниво. Програмите и највисоките стандарди на Лондонската школа и нејзините интернационални обучувачи ќе отворат нови можности за развој на македонскиот пазар на вино, но и за раст на домашната винска индустрија преку создавање нови познавачи на виното, едуцирани трговци со вино и персонал во рестораните и вински ентузијасти. Тие понатаму ќе ги шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна консумација на виното“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.
Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Во Македонија на самиот почеток ќе бидат организирани обуките од прво и второ ниво, кои не бараат претходно познавање од областа, а во натамошниот период ќе бидат достапни обуки од напредните програмски целини. Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, ќе може да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа. Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на специјализираната интернет страница wineeducator.eu.]]>