„World Next Top Model 2023“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 May 2023 12:46:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png „World Next Top Model 2023“ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Матеа Христовска стана Miss Best Body на изборот „World Next Top Model 2023“ во Бејрут https://arhiva.vistina.com.mk/matea-hristovska-stana-miss-best-body-na-izborot-world-next-top-model-2023-vo-bejrut/ Wed, 31 May 2023 12:42:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304551

Викендов во Бејрут, Либан се одржа изборот за World Next Top Model за 2023г. Македонија ја претставуваше 18-годишната убавица и модел Матеа Христовска од Битола, која ја освои титулата за најдобро тело - MISS BEST BODY, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од целиот свет.   Победничка, односно World Next Top Model за 2023 година е претставничката на Казахстан, прва придружничка е девојката од Белорусија, а титулата втора придружничка ја освои кандидатката од Естонија. Изборот се одржа во театарската сала на Casino Du Liban во Бејрут, во организација на Style Events Production од Либан, која традиционално веќе со години овој интернационален избор за модели го одржува во Бејрут. Матеа Христовска е членка на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој голем светски избор за убавина и модели и од кое имаше голема поддршка на лице место во Бејрут. Фото: Модно студио Црнокрак]]>