Wonderland Theatre – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Sep 2021 13:12:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Wonderland Theatre – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 МНТ наскоро со нова премиера: „Работи за кои не зборуваме“ https://arhiva.vistina.com.mk/mnt-naskoro-so-nova-premiera-raboti-za-koi-ne-zboruvame/ Thu, 09 Sep 2021 13:12:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218573

На малата сцена во Македонскиот народен театар во тек се подготовките за најновата претстава „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ, а во копродукција на Wonderland Theatre и МНТ. Приказната е базирана на лични искуства на актерите, како и на интимни животни искуства на разни луѓе, кои можеби секој од нас на еден начин ги искусил или преживеал, но останале таму некаде длабоко потиснати во нас, а притоа не сме имале доволно храброст или можност да ги споделиме. Токму во оваа претстава се разработуваат интимни сведоштва на лица кои безрезервно ги споделија/раскажаа своите болки, трауми, срамови, моменти на осуденост, злоупотреба, безизлез, параноја, несоница, неприфатеност, лажни насмевки, изгубен апетит, голтање апчиња, повраќање во шолја, зјапање во празно, плачење под очила, бегство, триење под туш, губење здив, заглавеност во миг од животот… Театарот е тука за да го даде гласот и лицето на работите за кои не зборуваме и преку приказните да отвори разговор за промена во општеството. Стегите се отклучуваат преку актерската игра на: Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Сара Климоска, Исмет Шабановиќ и Никола Настоски. Сценографското решение е на Васил Христов – Вуси, а костимите ги изработи Роза Трајческа. Користена е музика од Крсте Роџевски, додека дизајнот на плакат е на Борче Димитриовски. Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада во Република Македонија, со поддршка од Министерството за култура и во соработка со Македонскиот народен театар, а премиерната изведба се очекува кон крајот на септември и согласно со тековните протоколарни мерки за заштита од Ковид – 19.]]>