Wine Garden – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 01 Jun 2022 16:26:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Wine Garden – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Wine Garden 2022 – Винска оаза во најубавата градина во Белград https://arhiva.vistina.com.mk/wine-garden-2022-vinska-oaza-vo-najubavata-gradina-vo-belgrad/ Wed, 01 Jun 2022 16:25:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252780

Омилениот регионален вински настан Wine Garden, кој се одржува по четврти пат, и оваа година на 11-ти и 12-ти јуни ќе ги собере љубителите на виното и природата во ботаничката градина Јевремовац, а рекорден број винарии ќе ја претстават својата понуда пред посетителите. Бројот на винарии и посетители се зголемува од година во година, така што годинава ќе учествуваат рекордни 70 винарии. Покрај вината од најпознатите винарии во Србија, со свои вина ќе се претстават и гости од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора, а ќе бидат понудени и вина од Франција, Италија и Шпанија, додека посебно внимание ќе привлечат вината од Молдавија и Португалија. Тоа ќе биде вистински вински пикник каде посетителите ќе можат бесплатно да ги дегустираат сите понудени вина, а уживањето ќе биде зачинето со музичка програма која ќе биде распоредена на дури пет пунктови. Покрај стотиците различни етикети за вино, место во градината тој викенд ќе заземат и производители на сирења, сувомеснати производи и други вкусни гурмански закуски. Wine Garden е единствениот вински настан во регионот каде од година во година се бара карта повеќе! Иако Ботаничката градина се простира на над 5 хектари, поради амбиентот и комфорот, бројот на посетители ќе биде ограничен, затоа набавете си карта навреме. Влезниците се пуштени во продажба на сите продажни места во Србија и преку онлајн сервисот tickets.rs по цена од 1.200 српски динари по ден, со вклучена чаша за дегустација. Портите на Ботаничката градина за посетителите на Wine Garden ќе бидат отворени двата дена од 14 до 21 часот. https://www.youtube.com/watch?v=vGKxSDbImXY]]>