wine educator – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 01 Feb 2019 10:22:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png wine educator – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Обуки во Скопје за вински ентузијасти на светски реномираната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци https://arhiva.vistina.com.mk/obuki-vo-skopje-za-vinski-entuzijasti-na-svetski-renomiranata-londonska-shkola-za-vino-i-zestoki-pijalaci/ Fri, 01 Feb 2019 10:22:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=70591

Винарската визба „Тиквеш“ ја доби акредитацијата за организирање обуки на престижната Лондонска школа за вино и жестоки пијалаци (Wine & Spirits Education Trust – WSET), најголемиот светски провајдер на обуки во доменот на виното и жестоките пијалаци. Школата „Вински едукатор“ (Wine educator) почнува со работа, а обуките, според највисоките стандарди на едукација во областа, ќе ги изведуваат реномирани искусни предавачи сертифицирани од оваа светски признаена едукаторска организација. Рокот за апликации е во тек и трае до почетокот на март, а првите обуки ќе се одржат од 27 до 30 март оваа година во „М6 едукативниот центар“ во Скопје.
„Ова е логично продолжување на активностите што „Тиквеш“ ги презема повеќе од една деценија на полето на едукацијата и развојот на винската култура. Но, и подигнување на едно повисоко, би рекол, светско ниво. Програмите и највисоките стандарди на Лондонската школа и нејзините интернационални обучувачи ќе отворат нови можности за развој на македонскиот пазар на вино, но и за раст на домашната винска индустрија преку создавање нови познавачи на виното, едуцирани трговци со вино и персонал во рестораните и вински ентузијасти. Тие понатаму ќе ги шират винската култура и бенефитите од умерената и одговорна консумација на виното“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.
Лондонската школа за вино и жестоки пијалаци има свои едукативни програми во повеќе од 75 земји во светот. Во Македонија на самиот почеток ќе бидат организирани обуките од прво и второ ниво, кои не бараат претходно познавање од областа, а во натамошниот период ќе бидат достапни обуки од напредните програмски целини. Учесниците на обуките, преку проверка на стекнатите знаења, ќе може да се стекнат со меѓународно признаени сертификати за познавања од областа. Сите детални информации за обуките и начинот на аплицирање се достапни на специјализираната интернет страница wineeducator.eu.]]>