вучиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 May 2020 10:39:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вучиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатите со солзи во очите се простуваат од Драган Вучиќ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-so-solzi-vo-ochite-se-prostuvaat-od-dragan-vuchikj-video/ Tue, 05 May 2020 10:30:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148016

Веста за ненадејната смрт на Драган Вучиќ, домашната естрада ја завитка во црно. Познатите личности најмногу преку социјалните мрежи се простуваат од својот колега, пријател, соработник, за некои од нив и учител. Дел од нив застанаа и пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и во специјалното издание посветено на него, зборуваа за шокот, кога утрото ја дознале веста за заминувањето на Вучиќ. Во рамки на емисијата познатите се простуваа од својот пријател, соработник, колега… Низ солзи во очите зборуваа за пријателството со Вучиќ и открија детали од нивното познанство, соработката, дружбата, поддршката што им ја дал кога почнувале... притоа потенцирајќи дека Драган беше голем човек и ќе остане легенда, феномен како што пред него немало, и веројатно уште долго нема да се појави во македонскиот телевизиски етер. https://www.youtube.com/watch?v=BIqP8QF31aY&fbclid=IwAR06mETuVqdgwNoK5KyhnJBjs1osztzH74UEq9I7IQ1PGv9oTkcYZ85LiQc]]>

Каков премиер – таква држава, а и такви медиуми: Кога „трагедијата“ ти е „традиција“, а Весна-Бејби ти е Весна Змијанац (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kakov-premier-takva-drzava-a-i-takvi-mediumi-koga-tragedijata-ti-e-tradicija-a-vesna-bejbi-ti-e-vesna-zmijanac-foto/ Wed, 13 Mar 2019 08:39:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=77261

Еххх, Македонијо, земјо мачна, напатена... Покрај се што ни се случува, ни се случуваат и гафови од кои да ти е срам да си тоа што си. И по националност и по професија.
А како и не би кога премиерот не ти разликува „традиција од трагедија“, а владата тешкиот гаф на шефот се обидува да го скрие под тепих? А гафот не е ниту обичен, ниту безначаен, туку удира во најболната точка на една од најголемите светски ТРАГЕДИИ, во живата рана која никогаш целосно нема да зацели на еден цел народ и не само негова. А ти по ТРАДИЦИЈА „кинеш зелени“ обраќајќи им се на најважниот ден!
Ама во македонското новинарство или поточно, она што останало од него, денес најважно е она таканареченото „он лајн“  новинарство! Или кусо кажано порталите. Ај што во новинарскиот сајбер простор е „дива лига“, па владее незапаметен хаос без правила, ај што краде кој од кого стигне, а, „копи - пејст“ дактилографијата е врвно новинарско остварување, па и она малку нешто што ќе се обидат да го напишат или се „фејк вести“ или невидени гафови. А како и не би, кога деца собрани од улица за џепарлак за кикирики ти се главните „фотокопирџии“ и куцачи на соопштенија во нашето „он лајн(о)“ новинарство! Од партиски нарачки, до неписмени и лоши преводи, на кои „Гугл транслејт“ им е главна алатка за совладување на странските јазици. Познавањето на материјата и личностите, нивниот лик и дело им се „шпанско село“!
Затоа и не е ни чудо кога на многу од морето портали ќе најдете небулози од различен тип. И не е чудо кога ним Весна „Бејби“  Петрушевска им е исто што и Весна Змијанац!?
И откако ќе ја увидат или некој ќе им ја каже новинарската ТРАГЕДИЈА што ја направиле, тие по теркот на Владата, по ТРАДИЦИЈА ќе  се обидат да ја сокријат веста, па ќе ја избришат!
Па, ако Весна - „Бејби“ е Змијанац, тогаш да речеме, што не би можел  Драган Вучиќ да биде Александар Вучиќ? 
Ама што ти е гајле... Пиши Вуќиќ! Водител или претстедател, Драган или Александар - сеедно!
Важно е да е Вучиќ. Каква „прекрасна“ новинарска традиција... Пардон, трагедија!]]>