втора вечер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 22 Oct 2023 06:46:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png втора вечер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Започна музичката симфонија за цела Македонија: Нови надежни имиња и модерна музика од првата вечер на 38-то издание на „Макфест“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zapochna-muzichkata-simfonija-za-tsela-makedonija-novi-nadezhni-imina-i-moderna-muzika-od-prvata-vecher-na-38-to-izdanie-na-makfest-foto/ Sat, 21 Oct 2023 06:58:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323305

Вчеравечер, петок (20 октомври) се одржа првата вечер од 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Во домот на културата „Ацо Шопов“ настапија 13 помалку афирмирани македонски музички имиња, но доволно атрактивни со модерни песни кои оставија впечаток на прво слушање. Вечерта со хип-хоп танц на макфестовски песни ја започнаа водителите Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски. По неколку композиции во блок се претставија предвидените нови песни и изведувачи за вечерта, по што беше најавено дека петте кои ќе ја добијат довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота, односно денес (21 октомври). На официјалната Инстаграм страница на фестивалот денес се објавени и петте избрани кои ќе се помешаат со веќе добро познатите популарни македонски музички имиња. Во најдобрата петорка се најдоа: -Александра Трајческа, Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ. Во ревијалниот дел пред крајот на вечерта настапија Силви Бенд и Лидија Коовска кои со изборот на добро познати македонски евергрини ја распеаја публиката, а сигурно и гледачите пред ТВ еканите кои го следеа директниот пренос на МРТ. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и споменатите избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи. Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето... место, зашто заложбите на организаторот и уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди.   фото: Инстаграм принтскрин]]>

Вечерва во Штип: „Макфест 2022“ – втора ревијална вечер https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-shtip-makfest-2022-vtora-revijalna-vecher/ Sat, 22 Oct 2022 11:40:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272550

Вчеравечер,петок, 21 октомври 2022 година  во Штип започна 37-то издание на еден од најреномираните  македонски музички фестивали – „Макфест 2022“. На сцената во Домот на културата „Ацо Шопов“ на првата вечер од фестивалот, односно вечер на млади ѕвезди, се појавија 12 помалку познати и сосема нови или  млади музички имиња, иако меѓу нив имаше и некои кои се веќе добро познати и оддамна етаблирани на естрадата. Само шест учесници од од нивк ои  имаа најмногу поени од стручното жири и гласови на публиката која гласаше со своите влезни билети, ќе имаат привилегија да учествуваат и  на втората вечер од фестивалот, односно сцената ќе ја делат со музичките ѕвезди од естрадата. Ова се имињата на шесте дебитанти и нивните песни кои собраа најмногу гласови и се пласираа на втората ревијална вечер: Првата макфестовска вечер ја заокружи Игор Џамбазов со своето музичко вокално-гитарско блуз шоу, кој во себесвојствен, уникатен и оригинален стил со своите аспецијално адаптирани изведби не потсети на многу подзаборавени  нешта. Најмногу на убавите времиња, тажните моменти, љубовните воздишки, макфестовските догодовштини, суровата сегашност, на животот низ годините воопшто...  Игор и неговите гитарски компањони беа шлагот на вечерта од првото парче нагодинешниот  макфестовски музички колач! Вечерва, сабота на 22-ри ќе се одржи ревијалната вечер на која шестемина пласирани од првата ќе им се придружат на  веќе етаблираните имиња од македонската естрада. На сцената ќе ги видиме Тамара Тодевска, момчињата од „Два Бона“,  Ламбе Алабакоски,  Викторија Лоба, Пајак и Лара Иванова, евровизиската претставничка Андреа Коевска, Виктор Апостоловски, атрактивната Андријана Петрушовска, а ќе има и гостин од регионот, односно пејачот на легендарното „Бијело Дугме“, Ален Исламовиќ… Со едн збор,  не очекува вистинска музичка посластица во  едно различно и возбудливо издание на фестивалот, па затоа не пропуштајте ја можноста да го проследите и ревијалниот дел на „Макфест 2022“!]]>