врска раскинување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Dec 2022 12:36:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png врска раскинување – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пет знаци дека сака да ви раскине, но не се осмелува отворено да ви каже https://arhiva.vistina.com.mk/pet-znaci-deka-saka-da-vi-raskine-no-ne-se-osmeluva-otvoreno-da-vi-kaze/ Thu, 22 Dec 2022 12:36:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281289

Разговорот за тоа што се случува помеѓу вас може толку многу да го исплаши партнерот, што тој ќе го избегнува разговорот на секој можен начин. Во меѓувреме, жената чувствува дека нешто се променило, а овие знаци откриваат дека вашите внатрешни чувства не ве лажат. 1. Интуицијата ви го кажува тоа Не можете да ја измамите женската интуиција. Внатрешната вознемиреност не доаѓа без причина и не можете одеднаш да се разбудите наутро и да чувствувате дека нешто не е во ред. Тоа значи дека постои некоја причина за вашата вознемиреност.   2. Престанал да планира средби со вас Ако некој сака да комуницира со вас, ќе најде време за вас дури и за време на итен состанок. Ако партнерот е премногу зафатен и не знаете кога ќе го видите повторно, тоа е лош знак.   3. Многу ретко ви пишува и ви се јавува Можеби ќе се правда со обврските, со гужвата, со своите проблеми или со скршениот телефон. Вистината е дека луѓето секогаш наоѓаат време за некој што им е важен. Партнерот само се обидува да се оддалечи и да го избегне потребниот разговор.   4. Веќе не се шегува со вас Партнерот веќе одлучил за себе: вашата врска има тажен крај. Поради тоа, не е расположен за хумор и за забава. Наместо тоа, тој размислува за тоа како да ви раскине.   5. Не е љубоморен Ако мажот сака врска, вашата верност е важна за него. Ако не му пречи тоа што ќе се сретнете со поранешниот партнер, извлечете заклучок од тоа. Вашиот партнер едноставно веќе не е заинтересиран за вас. Не прашува ништо, не кажува ништо за себе и учтиво ви одговара на пораките, но не се труди? Тоа значи дека тој само го чека моментот да ви каже дека веќе не ве сака или се надева дека ќе се повлечете без објаснување. Извор: Попара]]>

Како се однесуваат зрелите луѓе по раскинување на врската? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-se-odnesuvaat-zrelite-lugje-po-raskinuvanje-na-vrskata-2/ Mon, 21 Jan 2019 13:02:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=68197

По раскинување на врската, некои луѓе се чувствуваат повредено, тажни се и намалено им е нивото на самодоверба. Меѓутоа, ако ги насочите своите мисли во вистински правец, побрзо ќе закрепнете и на здрав начин ќе го продолжите животот по разделбата. Неколку терапевти издвоија шест однесувања на зрелите луѓе по раскинување на врска: Нема да им се вратат на поранешните партнери Зрелите и сериозни луѓе не им праѓаат пораки на бившите во 2 наутро. Можеби и кај нив се јавува потребата за таква комуникација, но тие разумно успеваат да одолеат на тој нагон и нема да се јават или да пратат порака. „Тие знаат дека има причина зошто врската не функциониралаи наместо да продолжат да се обидуваат да ја поправат врската, прифаќаат што и како изгубиле и стануваат имун на потребата да се вратат на поранешните партнери“, вели Арон Андерсон, советник за брачни и семејни проблеми. Не се обвинуваат себе си и не играат улога на жртва Зрелите луѓе се трудат да бидат позитивни по раскинувањето. Иако сфаќаат дека направиле грешки, не влегуваат во магепсаниот круг на вина, туку преземаат одговорност за своите грешки и се фокусираат на тоа да станат посилни и попаметни личности. „Не треба да се обвинувате себе си бидејќи тоа ќе ве направи немоќни, ќе се чувствувате слаби и ќе мислите дека никој не ве сака. Зрелите и паметни луѓе преземаат одговорност и продолжуваат понатаму со живото“, вели терапевтката Олга Блох. Не дозволуваат загубата да ги дефинира „Луѓето кои се сметаат за зрели никогаш нема да си дозволат раскинувањето да ги карактеризира како личности. Иако ова искуство е многу тешко и болно, тие учат од него и стануваат отпорни на болката“, вели терапевтката Сузан Краус. Авторката Нора Ефрон во една од нејзините книги го опишува разводот како процеш што траел многу подолго од бракот и дека на крајот сфатила колку долго тој развод ја дефинирал и бил главната работа во нејзиниот живот. Наскоро сфатила дека тоа не треба да биде така и тргнала во друг правец. Не се сметаат за непривлечни само заради тоа што не им се привлечни на бившите Вашата вредност не зависи од тоа колку сте привлечни и колку некој ве сака, особено ако станува збор за поранешниот партнер. Кога самоуверена личност ќе раскине, таа уште е свесна за своите квалитети и можности. „Луѓето кои можат јасно да видат кои се и што можат да направат, без проблеми можат да продолжат понатаму по раскинувањето бидејќи знаат дека ако поранешниот партнер не ги цени, ќе се појави некој кој ќе го прави тоа. Тие знаат дека одбивањето и раскинувањето не значи дека нешто не е во ред со нив, туку гледаат на раскинувањето од друга страна. Знаат дека секое раскинување значи дека се чекор поблиску до личност која навистина ќе ги цени и ќе ги сака онакви какви што се“, вели Блох. Не се обидуваат да победат во раскинувањето Зрелите луѓе по раскинувањето се трудат да бидат најдобра верзија на себе и не се обидуват да им наштетат на бившите на кој било начин. Свесни се дека и двајцата претрпеле загуба и продолжуваат понатаму без никакви проблеми и потреба и понатаму да се врзуваат за пропаднатата врска. Не го носат товарот од претходната врска во новата Сите со себе носат делови од врските и односите со луѓето со кои биле претходно, но она што е вистински предизвик е да не дозволиме товарот од претходната пропадната врска да го влечеме во наредната и со тоа од старт да ѝ наштетиме. „Зрелите луѓе си даваат време да закрепнат од раскинувањето, да сфатат што не функционирало и што сакаат од себе и од следниот партнер. Знаат дека раскинувањето не е само нивна вина и не им е страв да се соочат со сѐ што направиле погрешно и како да не го повторат тоа во следната врска“, вели Андерсон.]]>