временска прогноза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Dec 2023 13:04:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png временска прогноза – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова не е Адријана Лима, ова е презентерката на босанската ОБН: Поради Нора временската прогноза на нејзината телевизија е погледана од секоја друга емисија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-ne-e-adrijana-lima-ova-e-prezenterkata-na-bosanskata-obn-poradi-nora-vremenskata-prognoza-na-nejzinata-televizija-e-pogledana-od-sekoja-druga-emisija-foto/ Mon, 11 Dec 2023 13:04:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330660

Новата водителка на босанско-херцеговската телевизија ОБН, Нора Шахинпашиќ откако се појави буквално ги „закова“ гледачите за ТВ екраните, а социјалните мрежи „прочуреа“ поради нејзините фотографии. Нора Шахинпашиќ има 20 години и повеќе од една година ја води временската прогноза на телевизијата ОБН, а поради својата неописива убавина, атрактивниот и секси изглед стана хит на социјалните мрежи. На Тик Ток дури направија компилација од клипови на кои тој ја води прогнозата и авторите собраа повеќе од милион прегледи. Корисниците на оваа мрежа истакнаа и дека водителката неодоливо наликува на познатата манекенка и поранешна српска снаа, бразилскиот модел Адријана Лима. „Босанката Адријана Лима“, „Иста е Адријана Лима“, „Поради неа би ја гледала прогноза секој ден“, „Колку е жешка и убава“, „Убава водителка“... се само дел од коментарите кои ги собра преубавата Нора. А, временската прогноза на нејзината телевизија е погледана од секоја друга емисија.. Фото: Инстаграм/norasahinpasic]]>

Тешко е да погодите што работела Емина Јаховиќ пред да стане пејачка: Со неа беше и една позната ѕвезда која и помогна да влезе во светот на музиката (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/teshko-e-da-pogodite-shto-rabotela-emina-jahovik-pred-da-stane-pejachka-so-nea-beshe-i-edna-poznata-zvezda-koja-i-pomogna-da-vleze-vo-svetot-na-muzikata-foto/ Tue, 24 Oct 2023 07:31:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323484

Пејачката Емина Јаховиќ пред својата музичка кариера била водителка на временска прогноза во родниот Нови Пазар. Таа сакала да биде славна, па поради таа причина избрала телевизија, а во исто време заработувала и џепарлак. Водители на телевизијата беа пејачката Елма Синановиќ и нејзиниот сопруг, а Елма подоцна и помогна на Емина да влезе во светот на музиката. - Емина беше најубавата синоптичарка досега, на која било телевизија. Таа беше како бонбонче. Нејзе тоа и беше интересно некое време. Секогаш сакаше да пее и јас и помогнав да стигне до Дино Мерлин. Разговараа и најдоа црногорски композитори, но јас веднаш им реков да не го прават тоа и да ја однесат кај него. Луѓето ме слушаа и таа го направи тоа што требаше на стартот, изјави Елма. И Емина со задоволство се сеќава на тинејџерските денови. Уживав во времето што го поминав работејќи на телевизија и радио. Тогаш првпат ја покажав мојата креативна слобода, што подоцна ме наведе да тргнам по патот на музиката и јавниот живот, изјави претходно Емина. Фото: Принтскрин/Александар Вукојичиќ/ТВ Пинк]]>

Денес сончево и тивко, а еве какво ќе биде времето во наредните денови https://arhiva.vistina.com.mk/denes-sonchevo-i-tivko-a-eve-kakvo-ke-bide-vremeto-vo-narednite-denovi/ Sat, 09 Sep 2023 07:58:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317252

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени. Од УХМР информираат дека следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и постепено потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец. Позначително наоблачување се очекува кон крајот на следната работна недела. (МИА)]]>

Сончево и топло со температура до 37 степени https://arhiva.vistina.com.mk/sonchevo-i-toplo-so-temperatura-do-37-stepeni/ Wed, 02 Aug 2023 06:27:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312387

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.
]]>

Презентерот на временската прогноза на „Сител“, Спасе – Рола ја откри тајната на вечно младиот изглед на Бред Пит на Вимблдон: „К.. му е – двор му е“, јас да ви кажам! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-sitel-spase-rola-ja-otkri-tajnata-na-vechno-mladiot-izgled-na-bred-pit-na-vimbldon-k-mu-e-dvor-mu-e-jas-da-vi-kazham-foto/ Thu, 20 Jul 2023 07:06:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310846

На неодамношното тениско финале на Вимблдон, актерската ѕвезда Бред Пит беше уловен како седи во централната ложа за да ги гледа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз како играат во возбудлив меч од пет сета. Фотообјективите и камерите ги споделија кадрите од поранешниот сопруг на Анџелина Џоли, а во фокусот на коментарите и написите беше ставен неговиот младешки изглед. Актерот кој има речиси 60 години изгледа како да е дупло помлад. Неговиот „ forever young look“ ги зачуди сите. Мажите љубоморно вретеа со глава дека има тука нешто, дека нешто направил со себе со помош на естетската хирургија, а жените фасцинирани и опчинети, вљубено не го симнуваа погледот од „вечното момче“. Тоа беше така насекаде низ светот, па и кај нас. И додека социјалните мрежи и порталите не го симнуваа од насловниците, се најде човекот кој јавно ја откри тајната на вечно младиот изглед на Бред Пит на Вимблдон. Презентерот на временската прогноза на „Сител“, Спасе Јовановски, попознат по прекарот Спасе - „Рола до бола“  го демистифицираше „до коска“  изгледот на „младичот“ од Холивуд, објаснувајќи дека нема зошто да му се чуди цел свет дека изгледа како „вчера да излегол од пубертет“, а не како да утре да ќе чека да шета внучиња!   Впрочем Спасе - Рола има своја теорија која донекаде  и „држи вода“ иако никој со сигурност не може да тврди дека „фраерот од филмското платно“  не паравел „фејс лифтинг“, ако не повеќе, барем еднократно?! Ама затоа пак, нашиот временски презентер е убеден дека глумецот е „природен фраер“ или што би кажале „шизик натурале“  дури и на шест банки, па еве ја неговата теорија за тајната на еликсирот на вечната младост на Бред Пит. „Па наслови, па чудења па теории на заговор..."КАКО БРЕД ПИТ ИЗГЛЕДАЛ ОДЛИЧНО НА 60 години? А како да изгледа? Што мука има видено Бред Пит у животот свој, освен што го остаи Анџелина Џоли? -  Да не мислел на неплатени сметки!? -  Дали ќе стигне плата од први до први!? -  Да не отплаќа кредит!? -  Да не е у дугови!? -  Да не нема пари за да им приушти на децата што сакаат! Не... К.р му е - двор му е,  ја да ви кажам! Увек опкружен со убави жени, убава храна, вино, море, шетање, тинтрање... Едноставно, роден под среќна ѕвезда! Не моеш да го споредиш Бред Пит и Јовче од некое село, зашо не се „држи“!  За што да се држи, за паризер и кришка вчерашен леб? Ајде ќе ве молам... Што? Благодарам!“ - споделил Спасе на својот Фејсбук... Чисто онака, на останатите да не им е мака... Барем за утеха на оние што наместо како Бред Пит, изгледаат како... кит! Фото: Твитер/Brad Pitt Online/Фејсбук/Rolla Do Bolla]]>

Беше презентерка на временска прогноза: Вака изгледаше Сања Кужет пред славата во „Ѕвездите на Гранд“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/beshe-prezenterka-na-vremenska-prognoza-vaka-izgledashe-sana-kuzhet-pred-slavata-vo-zvezdite-na-grand-foto/ Mon, 13 Feb 2023 12:08:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288620

Сања Кужет е едно од најпрепознатливите ТВ-личности, може да се каже заштитен знак на најгледаното музичко шоу „Ѕвезде Гранда“, а иако на малите екрани е веќе две децении, малкумина знаат како започна нејзината кариера. За време на долгогодишното работење се испробала во различни телевизиски формати, меѓу кои и како водителка на играта на среќа Бинго, но нејзините почетоци се поврзани со временската прогноза на ТВ Пинк, пишува „Нова.рс“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Sanja Kuzet (@sanja_kuzet)

Една од најубавите и најатрактивни српски водителки, таа и тогаш пленеше со својата неверојатна убавина, а дали и колку се менувал изгледот на Сања Кужет низ годините сведочат фотографиите кои привлекоа големо внимание. Кариерата на Сања Кужет денес е на врвот, а пред седумнаесет години, поточно во 2006 година, во утринската програма на гореспоменатата телевизија на гледачите им известуваше за времето, а изгледот на Сања Кужет често беше мета на коментари, се разбира. во суперлативна смисла. Забележливо е дека Сања воопшто не се променила, останала верна на својата долга кафена коса која е препознатлива за неа, а се уште ги има витката линија и младешкиот изглед, како и неодоливиот шарм со кој ја освои публиката. фото:Инстаграм принтскрин/Сања Кужет/ ТВ Пинк]]>

Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител се пофали дека е најдобриот на сите времиња, ама брзо го „приземјиа“: Кој му го „спушти“ на Спасе – Рола… „до бола“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-tv-sitel-e-pofali-deka-e-najdobriot-na-site-vreminja-ama-go-prizemjia-koj-mu-go-spushti-na-spase-rola-do-bola-foto/ Sat, 14 Jan 2023 08:32:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145492

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар... Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“. Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител. Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска, момчето кое многу често и дома и на патувањата ја придружува, и и' придржува - од чантата, до наметката или чадорот, и прави друштво, и помага, и служи како рамо за плачење или потпирање... Некои безобразно тоа го нарекуваат „потрчко“ или на македонски: момок, измеќар и слично, иако блиските нему и на водителката тврдат дека Спасе со уметнички прекар „Рола до бола“ и Лила се само најдобри другари. Нејсе, кој во што сака може да верува, ама Спасе -„Рола“ е вистински шмеќер на ТВ екранот. Така барем самиот си се пофали на социјалните мрежи, споделувајќи колаж фотографии од пред екранот каде ја презентира временската прогноза и кажува какво било денес и какво ќе биде времето утре и во наредните денови. Арно ама, Спасе како да заборавил дека ниту Сител не е единствена телевизија, ниту пак тој е единствениот презентер на времето што се појавил на неа. Покрај него сега тука се уште и неговите колеги Анкица Јосифовска - Ангелковска и Љубиша Ристески, но нив Спасе по се изгледа и не ги есапи за сериозна конкуренција, па се самопрогласи за „најшмеќер“ на сите времиња. Сепак, дека и пред самопрогласениот „папа имало папа“, го потсетија некои од неговите пријател(к)и на Фејсбук. Имено, во еден од коментарите на неговото „самобендисано крунисување“, се најде некој што на „шмеќарот му го спушти“ или поточно, „го спушти на земја“. Една фотографија од легендарниот „дедо Трајко“ односно  (без)временскиот, за жал сега веќе покоен презентер Трајче Андонов, го замолкна најмладиот меѓу актуелните на ТВ Сител. Покрај истата беше напишано: „Грешка си Спасе“, што беше доволно пријателката да му го... „спушти“ на Спасе - Рола... онака елегантно - „до бола“!    ]]>

Какво ќе биде времето во првиот ден од годината? https://arhiva.vistina.com.mk/kakvo-kje-bide-vremeto-vo-prviot-den-od-godinata/ Sun, 01 Jan 2023 10:07:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282415

Во најголем дел од земјава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени. Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Во среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла. извор:курир.мк]]>

Антониа Гиговска пати од несоница, Спасе – Рола тргна да и го реши проблемот, па и презентерот на временската прогноза на „Сител“ заврши буден! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-pati-od-nesonica-spase-rola-trgna-da-i-go-reshi-problemot-pa-i-prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-sitel-zavrshi-buden-video/ Wed, 26 Oct 2022 07:24:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272820

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на вниманието на јавноста и тоа не заради песните и музиката, туку заради сето она што и се случува на приватен план. А кога температурата се крева околу тебе и тебе ти станува жешко, па пејачката за да не „прокува“, реши лефтерно да се облече како да сме среде јули или август, а не на прагот на ноември. „Инаку секогаш го грешам времето, така што лето ми е денес... Барем така се чувствувам“ - споделила Гиговска додека се возела во својот автомобил, слушајќи една позната песна од српската турбо естрада во чии стихови и нашата пејачка веројатно се пронашла себе си и моменталната состојаба заради која тема број еден и во чаршијата и во естрадните кругови и во медиумите: „Што уште треба да се случи“? И се случи... Времето е рака на срце, прилично сончево и топло за доцна есен, ама на Антониа веројатно и било повеќе од „жешко“ и заради сите споменати нешта. Несоница, инсомнија, што ли да е, ама пејачката никако да заспие, па јавно се пожали: „Не иде сон, еј...“! Арно ама како речиси за се' има лек така и за „оваа нејзина болка“  лекот го имаше оној кој нема проблем со времето, зашто тој е тој што го предвидува или поточно прогнозира и презентира. Спасе - Рола Јовановски, презентерот на временската прогноза на „Сител“, познат уште и како близок пријател на Лила Филиповска, а отсега галиба и на Антониа Гиговска. Токму тој беше човекот што тргна на пејачката да и го реши проблемот, па „временскиот понуди временско решение“ како да ја фати сон: Со пуштање на музика со звуците на дождот! Не Сара Мејс со „Врне, врне“, туку со саунд од вистински капки дожд наместо приспивна песна, обидувајќи се да и „открие нови хоризонти на пејачката“! Арно ама, како секој лек на секого не делува и секоја магија секого не фаќа, така и оваа на Спасе -Рола, наместо да ја заспијат уште повеќе ја расонија Антониа! Дали после крахот на љубовта и долгата врска, „грижата на совест“ и толкава што сон не ја фаќа, или едноставно зарадаи природата на работата се навлече на тоа да биде „ноќна птица“, знае само таа самата. Ама затоа „откривачот на нови хоризонти“ не знаеше дека наместо да и го реши проблемот на пејачката и тој ќе стане дел од него. Па наместо во пижами и презентерот на временската на “Сител“ влета во панталони и јакна и појде на ноќно возење да и прави друштво на Антониа во ноќната обиколка на градот ... Правдајќи се со зборовите: „Ме собра од спиење, џумбус да париме“! Така ти е тоа обично кога сакаш да делиш совети за несоница и да се правиш умен, наместо во мирен и спокоен сон и ти ќе завршиш буден... И тоа со Антониа до сабајле и ти како дел од нејзиното гајле! ]]>

Лила разголена пред дождот: Водителката „му го украде шоуто“ на својот пријател и колега од ТВ Сител (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-razgolena-pred-dozdot-voditelkata-mu-go-ukrade-shouto-na-svojot-prijatel-i-kolega-od-tv-sitel-foto/ Fri, 22 Apr 2022 08:44:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244999

Една од најдолговечните македонски ТВ водителки Лила Филиповска едвај чека летото да дојде... Ама никако да дочека. Затоа Лила решила да оди на „се или ништо“, па се расоблекла по костим за капење за да направи генерална проба. Или можеби во прашање била уште една нејзина инфлуенсерска фотосеанса, каде од фотосесијата останала само фотографијата, на Лила „пред дождот“?! Временските (не)прилики непогодни за реклама на бикини, ама затоа погодна за временска најава. До душа како бомбастично изгледа  во жолтите гаќички за капење и нивниот горен дел од кој големите силиконски гради се прелеваат како „бранови на бура“, Лила личи како да е подготвена за нова водителска авантура. Или подобро речено, презентерска, зашто вака стокмена, дефинитивно може да им ја зема работата на многу од нејзините колешки-презентерки на временската прогноза по националните телевизии. Сепак најзагрозен, нејзината „десна рака“, нејзиниот пријател и колега, презентерот на временската прогноза на ТВ Сител , Спасе Јовановски, попознат како Спасе - „Рола... до бола“! Вака расоблечена со сиот сво телесен раскош на тацна, водителката на „Се ' или нешто“ дефинитивно  „му го украде шоуто“ на својот пријател и колега од ТВ Сител. Настрана тоа што многумина се' би дале да се стиснат под чадорчето покрај новата македонска „ Umbrella girl“... За да не останат покиснати се разбира, откако Лила јавно праша:  „Се спремивте ли за дожд“? Иако повеќето само што ја видоа фотографијата, веќе се „влажни“... во погледите, секако! А колегата „Рола“? Тој се фати за телефонот... Да го праша „банкарот“ има ли место за некаква улога за него во „Се' или нешто“, за да не остане „без ништо“! Или сепак не, зашто колешката е не само добра водителка, туку Лила е и „добра вила“ која онака испружена пред дождот како сирена на брегот, сепак нема намера да му го земе лебот! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/rolladobolla]]>