вредности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 23 Feb 2021 09:11:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png вредности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатиот музичар и диригент Љупчо Мирковски со отворено писмо до Заев: „Ако не реагирате, музичката историја на оваа земја ќе згасне!“ https://arhiva.vistina.com.mk/poznatiot-muzichar-i-dirigent-ljupcho-mirkovski-so-otvoreno-pismo-do-zaev-ako-ne-reagirate-muzichkata-istorija-na-ovaa-zemja-kje-zgasne/ Tue, 23 Feb 2021 08:49:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190914

Познатиот музичар, автор и диригент Љупчо Мирковски, кој е  и поранешен директор на Музичката продукција на МРТ и шеф и диригент на Танцовиот оркестар на МРТ , во  отворено писмо му се обрати на премиерот на република Македонија  Зоран Заев, барајќи средба со него. Во статусот на Фејсбук, Мирковски побара да се превземат итни чекори за она што останало како музичка историја која е несомнено дел од македонскиот идентитет, но и она што е иднина, сосема да не згасне. А почетоците на гаснењето се случија уште во 2002 година кога на парламентарните избори одржани на 15-ти септември, победа извојува опозициската коалиција „За Македонија заедно“ предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски, по што по четиригодишна пауза на власт се врати Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, поставувајќи ја тогаш за генерален директор на МРТВ, Гордана Стошиќ. Токму новата директорска гарнитура предводена од Гордана Стошиќ, Горица Попова, Иван С. Мирчевски...  грубо и бескруполозно ќе ја пресече „папочната врвца“ на она што е македонско музичко  културно наследство, создавано со години токму во студијата на МРТ и оставено во изданијата на тогашната Музичко-касетна продукција на МРТ. Со необјасниви и небулозни одлуки кои се граничат со „самоубиство“ на сопственото културно и национално битисување, беше направена таканаречена реорганизација, која всушност беше своевиден „колеж“ во третиот сектор - Музичките оркестри и хорови, музичката продукција во студијата и издавачката дејност, сите сплотени во Музичко-касетната продукција на МРТ, како трет столб на националниот сервис заедно со другите два: телевизијата и радиото на МРТВ. Под изговор дека „не се способни да прават пари“,  што всушност не беше ниту нивна цел ниту нивна намена, туку беа формирани да создаваат вредности и да ги реобновуваат, одржуваат и зачуваат старите, раководството куќата реши повеќе да „не ги храни“, па преку ноќ со години тешко создаваните оркестри беа брутално распуштени, а музичарите буквално растерани. https://www.youtube.com/watch?v=6bGPYBJoHpE Така, Танцовиот оркестар (Биг Бендот), Народниот оркестар, Оркестарот на народни инструменти,  Чалгиите како и Хорот на МРТ, детскиот хор и Камерниот оркестар на МРТ, заедно со издавачката дејност на производство, дистрибуција и продажба на аудио и видео носачи на звук и слика беа преку ноќ едноставно укинати, издаваштвото запрено,  со што дојде и до целосен застој во работата на музичките продуценти во празните студија чија музичка опрема подоцна технолошки ќе застаре и изгуби секаква вредност. Егзодусот и катастрофата што тогаш споменатата раководна гарнитура ја предизвика, направи непоправлива и трајна штета, по која Музичката продукција на МРТ, нејзините оркестри и издаваштво, повеќе никогаш не заживејаа. Со тоа беше откинат, насила  и (бе)смислено откорнат музичкиот дел од македонскиот идентитет, збришан и оставен да го изеде времето на заборавот. Секако со повремени обиди и блесоци да се врати старата состојба, старата слава на оркестрите, студијата и Продукцијата кои се огледаа во повремените фестивалски собирања, но вистинска рехабилитација и ревитализација, вандалски уништената Музичка продукција на МРТ никогаш не ја доживеа, а тој важен сектор, тој трет столб на националниот сервис никогаш одново вистински не заживеа. Веројатно во немоќ нешто да се стори одвнатре Љупчо Мирковски, кој целиот свој работен век и кариера и ги посвети на музиката, а ги мина токму во Музичката продукција на МРТ, отворено го повикам Зоран Заев да ја „поправи грешката“ која токму неговите претходници ја направија, а сегниште соработници ветија дека ќе санираат, за ионака огромната штета да не се претвори во трајна неповратна катасрофа. „Музичката Продукција на МРТ одамна згасна заедно со Биг Бендот , Народниот оркестар , Оркестарот на народни инструменти и Оркестарот Чалгии како и Хорот , детскиот хор и Камерниот оркестар и целосен застој во работата на музичките продуценти во празните студија без музичка опрема. Мене лично тоа многу ме боли со оглед на тоа што сум дел од Музичката Продукција од 1978 година. И никогаш не сум бил вработен на друго место како вљубеник во својата работа и целосно музичко производство што е и основна дејност на Музичката Продукција. Се обидувам веќе 15 години да ја обновам , но не ми успева. Не заради себе, јас имам усте една година до пензионирање , туку за државата и за младите генерации, извонредни музичари инструменталисти , композитори , аранжери кои се спремни да се вработат во МРТ , во Музичката Продукција да ја продолжат работата на Драган Ѓаконовски Шпато, на Кире Костов, Илија Пејовски, Александар Џамбазов , Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски, Љупчо Константинов, Славе Димитров , Благој Чешларов , Благоја Дескоски, и уште многу други великани на македонската музичка историја. Јас се' уште верувам дека премиерот, Владата и Раководството на МРТ ќе имаат доблест да го прочитаат ова отворено писмо и дека позитивно ќе реагираат. Затоа решив да му напишам јавно на Г-нот Зоран Заев и да го замолам за средба во врска со обновувањето на музичката продукција на МРТ. Однапред се извинувам за должината на мојот напис . Почитуван Г-не Заев, како член на работната група која беше формирана на Ваша и иницијатива на Владата за обновување на Музичката Продукција и оркестрите на МРТ, би сакал да Ве известам за тоа дека ја завршивме целата постапка уште во 2018 година, во траење од 6 месечна работа и со целосен елаборат за тоа како треба да изгледа Музичката Продукција и колку тоа би чинело. Од за нас неразбирливи причини, целата постапка заврши со последната седница во јуни во 2018 година без ниедно известување и без ни една постапка за реализација на планот. Вие тогаш ме упативте кај  Роберт Поповски кој не покажа никаков интерес за обнова на оркестрите на МРТ. На 14 Октомври 2020 бев на состанок со заменикот Министер за информатичко општество и администрација во чиј ресор е и МРТ, но и тој до ден денешен нема никаква реакција. Во меѓувреме , на 133 седница на Програмскиот Совет на МРТ се инсистира на итно вработување во МРТ во неколку сектори , но нигде не се спомнува Музичка продукција и оркестрите на МРТ. Верувам дека не е потребно да пишувам за тоа од каков интерес за нашата држава се оркестрите, кои за жал, оддамна не постојат, како и целата Музичка Продукција која ФИКТИВНО стои во Систематизацијата на МРТ , но ФАКТИЧКИ не постои. Ве молам за еден состанок на кој би сакал да Ви го изнесам проблемот и да ви ги предочам сите работи околу Музичката продукција на МРТ. Со почит, Љупчо Мирковски, композитор, аранжер и поранешен Директор на Музичката Продукција на МРТ“, стои во објавата на Мирковски кој е и автор и аранжер.   Фото: Фејсбук/Љупчо Мирковски]]>

Научете го детето на добри вредности https://arhiva.vistina.com.mk/nauchete-go-deteto-na-dobri-vrednosti/ Wed, 10 Oct 2018 14:16:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52308

Создадете основа за Вашето дете полесно да ги научи и цени добрите вредности.
Во продолжение ви претставуваме неколку чекори како тоа да го постигнете:
  1. Бидете добар пример
Третирајте ги Вашите деца на начин како што треба тие да ги третираат другите. Научете ги да почитуваат и сакаат.
  1. Учете ги на одговорности
Учете го Вашето дете на одговорности со тоа што ќе му дадете одредени задачи кои ќе треба да ги изврши, а воедно ќе му помогнете сето тоа да биде што поуспешно.
  1. Наградете ги Вашите деца
Наградете ги Вашите деца за добро одработената работа.
  1. Вклучете се
Вклучете се во животот на Вашето дете. Запознајте ги неговите другарчиња, родителите на нивните другарчиња и учители.
  1. Набљудувајте ги нивните активности
Следете ја нивната заинтересираност  за музика, видео игри, телевизија и интернет.
  1. Ценете го времето
Поминувајте квалитетно време со Вашето дете. Вашето учество има позитивна улога врз неговиот живот.
]]>