врба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Dec 2021 13:21:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png врба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Седум нови трофеи за „Врба“ на Манчевски https://arhiva.vistina.com.mk/sedum-novi-trofei-za-vrba-na-manchevski/ Tue, 07 Dec 2021 13:21:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230378

Врба“ на Милчо Манчевски изминатава недела освои вкупно 7 трофеи – три награди и четири почесни признанија, а имаше и грчка и француска премиера на Маратонскиот филмски фестивал во Атина и на „Европа околу Европа“ (L’Europe Autour de l’Europe) во Париз. „Врба“ беше прогласен за најдобар филм на Маратонскиот филмски фестивал во Атина, a aктерката Наталија Теодосиева беше наградена за најдобра споредна женска улога. Филмот во Атина доби и уште четири почесни признанија – за Милчо Манчевски како најдобар режисер, за најдобра споредна улога на актерката Сара Климоска, за најдобар кинематографер за Тамаш Добош и за најдобар филм во избор на публиката. Теодосиева, исто така изминатата недела, е добитничка и на наградата за најдобра главна женска улога во „Врба“ на фестивалот на независен филм „Околу глобусот“ (Across the Globe Film Festival) во Њујорк. Филмот „Врба“ има интензивен фестивалски живот дури и две години после светската премиера, во октомври 2019 на Римскиот филмски фестивал. Досега, освои вкупно тринаесет трофеи, меѓу кои и најдобра режија на Реинденс во Лондон, најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија… „Врба“ собори рекорди во кино и тв прикажувањето дома, забележа извонредни критики во светските медиуми („Суптилен и длабок“ – Варајати), се прикажа на четириесетина фестивали на четири континенти, беше вброен и во потесниот избор за наградите на Европската филмска академија и е еден од малкуте европски филмови со редовна дистрибуција во САД. Манчевски цела есен го монтира неговиот седми филм „Кајмак“, „безобразна комедија“. Продуцентската куќа „Банана филм“ го најавува „Кајмак“ како безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината, црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. „Кајмак“ е европска копродукција во која 54 проценти од буџетот го финансираат филмските фондови на Данска, Холандија, Хрватска и европскиот фонд Еуроимаж, а 46 проценти се од Македонија, од Агенцијата за филм и Македонската радио телевизија (МРТВ), која е копродуцент. Се снимаше летово во Скопје и околината, а во меѓународната екипа беа вклучени филмски работници од Македонија, Англија, Италија, Данска, Холандија, Србија, Бугарија и Хрватска. Копродуценти се Иан Прајор, Мета Луиз Фолдагер, Мете Борч, Елс Вандеворст, Изабел Депевиг и Синиша Јуричиќ. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, дизајнер на шминка Марио Микисанти, музика Дениш стринг квартет, монтажа Емил Нунинга, а костимограф Жаклина Крстевска. Во главните улоги се Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска и Филип Трајковиќ. ]]>

Филмот „Врба“ награден во Њујорк https://arhiva.vistina.com.mk/filmot-vrba-nagraden-vo-njujork/ Tue, 03 Aug 2021 11:41:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213622

Филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски ја доби наградата од жирито за најдобар филм на фестивалот „Стони Брук“ во Њујорк. Фестивалот напиша: „Жирито беше трогнато од артистичката длабочина на филмот, кој предизвика бурни емоции кај публиката“. „Стони Брук“ фестивалот за независни филмови годинава се одржа по 26 пат. Прикажани се 35 американски и странски филмови на независни режисери. „Врба“ на Манчевски ја имаше светската премиера на Римскиот фестивал 2019 година, а потоа беше прикажан на уште 30 меѓународни фестивали и освои пет награди (Најдобра режија на Рејнденс во Лондон, Најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, Сребрена палма во Валенсија, итн), Европската филмска академија го вброи во потесниот избор на филмови за награда во 2020, а „Врба“ беше и македонски кандидат за Оскар. Филмот собори рекорди на гледаност во Македонија, и од неодамна е продаден за дистрибуција во САД, каде наскоро ќе има и ДВД издание. Тој се прикажува и на Синемакс и на Ејч-Би-О. Деновиве, Манчевски привршува со снимањето на неговиот најнов филм „Кајмак“ на локации низ Скопје, во населбите Козле, Автокоманда, Водно, Лисиче… „Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства, кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот на филмот. Филмот е безмилосна критика на лицемерието и малограѓанштината. ]]>

Моќна, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски, пишува „Варајати“ за „Врба“ https://arhiva.vistina.com.mk/mokjna-evokativna-i-prekrasno-odglumena-drama-na-milcho-manchevski-pishuva-varajati-za-vrba/ Mon, 24 Aug 2020 11:40:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164548

Американскиот магазин „Варајати“ објави реценција за филмот на македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Врба“. Во рецензијата филмот се опишува како „три приказни за македонско мајчинство кои одекнуваат низ вековите во моќната, евокативна и прекрасно одглумена драма на Милчо Манчевски.“ Според филмската критичарка Џесика Кианг, Манчевски носи филигрански опсервирани хумор и трогателност и во значајни и во прозаични случки. Во текстот во „Варајати“ за „Врба“ се вели дека жените во овој филм не се стари баби, но нивните приказни имаат чувство на нешто народно – дури и оние две од трите што се случуваат во денешно време. -Користејќи трипартитна структура која го привлекуваше режисерот и во минатото, особено во неговото деби од 1994 „Пред дождот“, филм кој беше номиниран за Оскар и победи во Венеција, Манчевски извлекува три извонредни женски актерски остварувања од неговите главни актерки, од кои секоја ја тера својата сопствена приказна за маките, кривиците и огромните жртви на мајчинството. Често трагична, често сурова, „Врба“, видена низ милозливата, озарена камера на директорот на фотографија Тамаш Добош, сепак задржува леснотија и енергија која на крајот успева да биде оптимистичка – не толку приказна за жалоста на врбата колку за нејзината способност да се извиткува со небаре бескрајна флексибилност без да се скрши, се наведува во рецензијата на „Варајати“. Во рецензијата се дополнува дека „Врба“ не е филм на линеарна логика, туку на алузии и асонанци, на еха и одгласи. -Но, „Врба“ не е филм на линеарна логика, туку на алузии и асонанци, на еха и одгласи. Можеби приказната на Донка е коренот, на Родна стеблото, а на Катерина гранката, а елегантното, надежно огледување на почетокот и крајот – едно дете се губи, друго дете е пронајдено – е едноставно виткањето на ова особено дрво кое несвесно му се поклонува на своето потекло закопано длабоко во земјата на некое дамнешно минато, се вели во рецензијата на „Варајати“. По минатонеделното прикажување на Сараевскиот филмски фестивал, нареднава недела „Врба“ ќе ја има и кинеската премиера, во престижната конкуренција за награди на Филмскиот фестивал во Пекинг, а организаторите велат дека сите проекции на филмот се однапред распродадени. Во октомври следи шпанската премиера на фестивалот во Валенсија.]]>

„Врба“ во Пекинг, по успехот во Истанбул https://arhiva.vistina.com.mk/vrba-vo-peking-po-uspehot-vo-istanbul/ Tue, 09 Jun 2020 12:05:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153045

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски е селектиран во официјалната натпреварувачка програма на 10. Филмски фестивал во Пекинг, каде ќе присуствува и режисерот. Фестивалот ќе се одржи кон крајот на август годинава, а заедно со Шангај, Бусан, Хонгконг и Токио е во петорката најголеми во Азија. „Врба“ беше прикажан и на 39. Филмски фестивал во Истанбул, кој, поради светската пандемија предизвикана од коронавирусот се одржа онлајн. Петнаесетте одбрани филмови на фестивалот, меѓу кои и „Врба“, фестивалската публика можеше да ги види со купен билет за онлајн прикажување. Турската критика го нарече „Врба“ „Веројатно најдобар филм на фестивалот“. Ердоган Митани, критичарот на најстариот реномиран весник во Турција, „Џумхуријет“ во освртот под наслов „Фестивалски допинг во денови на рестрикција“ вели „Без преувеличувања, еден контролиран сензибилитет со извонредна природност нѐ води од минатото кон денешницата; филм со три засебни приказни на три жени, кои иако се од различни времиња и во различни состојби, низ јадовите што ги преживуваат си ги надополнуваат судбините небаре станува збор за една личност.“ Сите досегашни филмски остварувања на Манчевски, низ годиниве, беа селектирани и прикажани на овој фестивал со долгогодишна традиција и еден од најголемите во Европа. Неговите филмови се изучуваат на универзитетите и во Турција и во Кина. Во 2017 Манчевски беше и првиот македонски уметник со ретроспективно претставување во Азија, во Шангај имаше циклус филмови, изложба, книга и предавање. По светската премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше поздравен со шестминутни овации, и по македонската премиера и киноприкажување од два и пол месеци кога ги сруши рекордите на гледаност, „Врба“ беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, и Синеквест во Калифорнија. „Врба“ ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд. Во Македонија филмот беше прикажан на Македонската Радио-Телевизија, како и на два домашни фестивали, „Златна рамка“ и „Фестивал на современи ирански и македонски филмови“. „Врба“ беше поканет и на низа други фестивали, меѓу кои и Хамбург, Софија и Шангај, но поради светската пандемија тие беа откажани или одложени, па проекциите во Истанбул и Пекинг се всушност враќање на филмот во фестивалски живот. Во главните улоги настапуваат Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев, Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ. Филмот е македонско-унгарско-белгиско-албанска копродукција и беше поддржан од Агенцијата за филм како филм од посебен интерес.]]>

Светската ТВ-премиера на „Врба” на Милчо Манчевски на 29 март на МТВ1 https://arhiva.vistina.com.mk/svetskata-tv-premiera-na-vrba-na-milcho-manchevski-na-29-mart-na-mtv1/ Wed, 25 Mar 2020 13:42:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=141473

Светската ТВ-премиера на најновиот игран филм „Врба” на Милчо Манчевски ќе биде емитувана на 29 март со почеток од 22 часот на јавниот сервис МТВ1. Со прикажувањето на „Врба” ќе биде заокружен циклусот #Седидома со Милчо на филмови од целокупниот опус на Манчевски што изминатиов период се емитуваа на јавниот сервис, со цел да се помогне акцијата на Владата и да им се доближи квалитетна филмска програма на гледачите, во време на вонредната состојба поради коронавирусот. Во рамките на циклусот, ден претходно, на 28 март во 22 часот на МТВ1 ќе биде прикажан филмот „Прашина”.  ]]>

Кирил Џајковски го претопи „Тешкото“ во „Врбина зора“ или „Willow Dawn“ (Саундртак – „Врба“) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-go-pretopi-teshkoto-vo-vrbina-zora-ili-willow-dawn-saundrtak-za-vrba/ Wed, 04 Dec 2019 12:28:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=122336

По првиот сингл „Ред Сафари“ од саундракот за филмот “Врба“, кој неодамна беше промовиран, промовирана е уште една музичка тема која ја потпишува композиторот Кирил Џајковски. Филмот на Милчо Манчевски во Македонија продолжува да ги урива рекордите на гледаност со над 26.000 гледачи за еден месец од кинопремиерата. Инаку, идејата за музичката тема „Willow Dawn“ (Врбина зора) на Џајковски е еден вид претопување на „Тешкото“ во еден модерен ритам. Така се претопуваат и кадрите специјално избрани за видеото во кои всушност се претопуваат сенките од минатото со духот на времето и сегашноста, проклетството на страста и искушението,  желбата по секоја цена да се има она што најмногу се сака и цената која мора за тоа да се плати со подготвеноста сето тоа да се издржи и во сето тоа да се истрае до крај! „Идејата за „Willow Dawn“ тргна од Милчо, кој предложи да се проба некоја модерна верзија на „Тешкото“. Јас имав една идеја во амбиентален трип-хоп манир, па се обидов да ги поврзам двете теми. Од таа комбинација ми се чини излезе интересен спој, каде што интензивниот звук на зурлата, електронската и ритмична подлога на некој начин интимно, а сугестивно доловуваат момент на страсна и важна пресвртница во приказната на главните ликови на филмот“ - се сеќава Џајковски. Наскоро излегува икомплетниот  саундтрак за филмот, а дотогаш погледнете го видеото за „Willow Dawn“  со извадоци од филмот. ]]>

Кирил Џајковски и Лион Д. на – „Ред Сафари” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kiril-dzajkovski-i-lion-d-na-red-safari-video/ Wed, 06 Nov 2019 08:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116789

По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Инаку, синглот „Ред Сафари” е дел од саундтракот за филмот „Врба” на режисерот Милчо Манчевски. Синглот и видео спотот излегуваат истовремено со успешната светската премиера на филмот на 14. Филмски фестивал во Рим. По филмовите „Прашина” и „Сенки”, Џајковски повторно соработува со Манчевски со кого во минатото соработуваше и во култната македонска техно-поп фанки група „Бастион”, каде Џајковски беше зад синтисајзерите, а манчевски ги осмисли и режираше нивните арт видеа. По успешната летна сезона, исполнета со настапи на повеќе фестивали, Кирил Џајковски се враќа на сцената со серија од нови музички изданија. Првото од нив, синглот „Ред Сафари” е уште една соработка со пејачот и рапер Лион Д. Песната е експлозивна мешавина од реге и драменбејс и одлично ја доловува фуриозната атмосфера од живите настапи на Џајковски. Преслушајте ја темата „Ред Сафари” визуелизирана со инсерти од филмот „Врба“ на Манчевски. https://www.youtube.com/watch?time_continue=59&v=aE7XKbeulVI]]>

Стилски погодок на црвениот килим: Катарина Ивановска „блесна“ со партнерот на премиерата на филмот „Врба“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/stilski-pogodok-na-crveniot-kilim-katarina-ivanovska-blesna-so-partnerot-na-premierata-na-filmot-vrba-foto/ Mon, 04 Nov 2019 07:51:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116136

Меѓу публиката на премиерата на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски, која во Скопје се случи на 1-ви Ноември во салата на Македонска Филхармонија, се најдоа голем број познати личности од јавниот живот. На црвениот килим позираше и манекенката Катарина Ивановска која беше во друштво на партнерот Цобе. Ова е една од ретките прилики каде Катарина на јавен настан се појави со саканиот и позираше пред присутните фотографи. За оваа прилика таа се одлучила за минималистичка стилска варијанта сочинета од црни панталони и црна кошула, надополнети со парчето кое го даде главниот печат – црвено палто од богата сјајна текстура и впечатлив цветен принт во долниот дел. Нејзината шминка беше едноставна, сосема природана со истакнати очи, кои дополнително ја нагласија убавината на нашата најпозната манекенка со интернационална кариера. Иако помина релативно кус период откако стана мајка по вторпат, мора да се призне дека Катарина изгледа феменоменално и е една од ретките мајки кои немаат проблем во вишокот килограми во постпородилниот период.]]>

Премиера на „Врба“ во „Синеплекс“ на 1-ви ноември 2019 https://arhiva.vistina.com.mk/premiera-na-vrba-vo-cineplexx-na-1-vi-noemvri-2019/ Tue, 29 Oct 2019 13:54:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=115147

Шестиот филм на режисерот Милчо Манчевски насловен „Врба“ ја следи приказната за три македонски жени кои не го менуваат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави хероини во филмот. Трите приказни, една средновековна, две современи, се огледуваат една во друга и се надополнуваат, истражувајќи теми на љубов, доверба и мајчинство. ]]>

Почна снимањето на „Врба“, новиот филм на Манчевски https://arhiva.vistina.com.mk/pochna-snimanjeto-na-vrba-noviot-film-na-manchevski/ Thu, 25 Oct 2018 11:15:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=54608

Љубовен, за денешни и дамнешни души е шестиот долгометражен игран филм „Врба” на Милчо Манчевски чие снимање почна денеска во близина на прилепското село Крушевица. Манчевски е автор и на сценариото, а по девет години, ова е прв филм што го работи во Македонија. -„Врба“ раскажува три испреплетени приказни за љубов и доверба, едната од македонското средновековие, другите современи, но се огледуваат и се во контраст една со друга. Иако ги раздвојуваат векови, ликовите во „Врба” имаат слични грижи, радости и соништа. Не е важно која е темата или пораката на едно уметничко дело, важно е тоа да те допре, расплаче, насмее или налути, вели режисерот Манчевски. Главните улоги им се доверини на младите актери: Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и на веќе искусната Камка Тоциновски. Покрај нив во филмот играат и Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова Периќ,… Снимањето на филмот ќе трае до првата половина од декември и ќе се снима на локации во живописните мариовски села Штавица, Дуње и Зович, на Трескавец, во Преспанскиот регион и на различни локации низ Скопје. Во Крушевица за потребите на снимањето се изградени два филмски сета со автентични сценографски решенија во духот на времето, кое режисерот сака да го долови во филмот, а во Штавица ќе се користат веќе постоечки ресурси со дополнително преуредување. Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош (Támas Dobos), дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс (David Munns), за костимите се задолжени Жаклина Крстевска и Ѓерѓи Сакач (Györgui Szakács) од Унгарија, асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија, а кастинг директорка е Милка Анчевска.  Продуцент е Јане Ќортошев, а извршен продуцент е Ник Пауел (Nik Powell) од Велика Британија, легендарниот коосновач на „Вирџин рекордс“ заедно со Ричард Брансон. „Врба“ е во продукција на „Банана филм“ и е македонско – унгарско – белгиска копродукција, со учество и на Албанија. Пред девет години Манчевски го сними неговиот последен македонски филм, наградуваниот „Мајки“. Во меѓувреме работеше во Њујорк на „Бикини Мун“, неговиот последен филм (кој во март годинава ја имаше македонската премиера, а овој месец и њујоршката), е американско-германска копродукција без учество на Македонија. Манчевски е добитник на над 40 меѓународни награди и признанија, меѓу кои и почесен докторат од универзитетот ВГИК во Москва, Златен лав во Венеција, номинација за Оскар, Индепендент спирит, Давид ди Донатело, ФИПРЕСЦИ, УНЕСКО, Сребрен кондор, ЕМ-ТИ-ВИ и други. „Њујорк тајмс“ го вброи „Пред дождот“ меѓу најдобрите илјада филмови на сите времиња. Неговите филмови се предаваат на бројни универзитети на сите пет континенти, а влезени се и во наставната програма на средните училишта во Италија и Турција. Користени се и во наставата во Јужна Кореја. За неговите филмови се одржани две академски конференции, во Фиренца и во Лајпциг.  МИА]]>